Контакт

Свет

Шангај ги прекина односите со Прага поради Тајпеј

Објавено пред

Шангај ги прекина сите официјални односи со градот Прага откако чешката престолнина избра партнерство со Тајпеј наместо со Пекинг.

Канцеларијата за надворешни работи на шангајската градска влада соопшти дека најостро ја осудува одлуката на Прага и протестира против неа, пренесе АП.

Шангај веднаш ќе ги прекине односите и сите официјални контакти со Прага, се вели во известувањето на шангајската градска влада.

Овој потег доаѓа еден ден откако градот Прага потпиша договор за соработка со главниот град на Тајван, кого Кина го смета за одметната провинција.

Минатата година Прага одби да потпише договор со Пекинг во кој е содржана клаузула во која се наведува дека градот го поддржува принципот на една Кина.

Чешката влада го признава принципот на една Кина, но прашката власт се спротивставува на тоа.

Свет

Кинезите предупредуваат дека коронавирусот може да се пренесе дури и од 2 метри оддалеченост

Објавено пред

Новиот коронавирус може да се пренесе на оддалеченост од 2 метри, предупредува Националната здравствена комисија на Кина.

Експертите објаснуваат дека вирусот може да се пренесе преку контакт ако стигне до човечките очи или слузокожата.

„Секој треба да носи заштитни маски и да го намали бројот на блиски контакти што е можно повеќе. Под ова подразбираме растојание од најмалку два метра. Ако е помало, може да дојде до контаминација“, објасни д-р Ли Ксингванг од пекиншката болница Дитан.

Прикажи повеќе...

Регион

Трговски центар во Сараево евакуиран поради дојава за бомба

Објавено пред

Трговскиот центар ФИС во Халиловиќи, населба во Сараево, денеска бил евакуиран поради предупредување за поставена експлозивна направа.

Од сараевската полиција соопштиле дека информацијата за дојавата била добиена околу 12 часот, а потоа биле испратени екипи на местото на настанот, јави порталот „Кликс“.

По дојавата, зградата на трговскиот центар биле евакуирана, а полицијата врши претерс.

Прикажи повеќе...

Свет

Украински националистчки лидер бара отштета од Русија за „окупацијата во 20 век“

Објавено пред

Олег Тјагнибок, лидер на украинската екстремно десничарска партија Свобода, побара од властите во Киев да го следат примерот на Полска и на алтичките држави и да побараат обештетување од Русија за низа историски поплаки, пренесува РТ.

Радикалниот политичар, познат по антисемитските и ксенофобични ставови, очекува Москва да плати за штетата предизвикана за време на Втората светска војна кога Советска Украина беше нападната од нацистичка Германија. Тој сака повеќе пари за „окупацијата“ во текот на минатиот век, за запленувањето и колективизацијата од страна на болшевиците, како и отштета за трите бранови глад и десетиците милиони убиени Украинци.

Тјагнибок исто така бара исплата на побарувањата на Украина на дел од рускиот „Дијамантски фонд“, вредна колекција скапоцени камења и накит, пандан на британскиот кралски накит, што се чува во ооружарницата „Кремљ“ во Москва.

Списокот не застанува тука: тој дополнително сака дел од девизните резерви на стариот СССР. Сепак, лидерот на партијата Свобода не зема предвид дека Русија, по распадот на Советскиот Сојуз, ги презеде долговите на сите свои конститутивни републики, вклучувајќи ја и Украина. Товар што предизвика значителни финансиски главоболки во 90-тите години во Москва, деценија која кулминираше цо економската криза и банкрот во 1998 година.

Пишувајќи на каналот на „Телеграм“ во понеделникот, тој посочи дека „Московјаните ни должат како никој“ и се пожали дека „украинските власти не си трошат ни здив за тоа“. Тјагнибок ги обвини лидерите во Киев дека флертуваат со непријателот и дека работат на одржување на трговските партнерства.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Вештак во судењето за Ласкарци: Човечкиот фактор пресуден за несреќата

Првата реакција и обидот за кочење кај возачот настанала во првата секунда, кога ја кренал ногата за гас и ја...

Македонија2 часа

(Видео) Чулев: Спасовски последниот ден делел решенија и во 12 навечер

Само во последните две години МВР потрошило над 4 милиони евра за судски постапки од вработени кои тужеле главно за...

Македонија2 часа

Филипче: Состојбата е под контрола, нема причина за паника за коронавирус во нашата држава

Состојбата е целосно под контрола, во овој момент нема ниту една причина за некаков ризик или паника за коронавирус во...

Македонија3 часа

Рустеми: Јанева бараше да се утврди штетата во „Поштенска банка“ и да се затвори истрагата

Обвинителот Бурим Рустеми од поранешното СЈО сведочеше денеска пред судот за случајот „Рекет“ каде обвинети се Бојан Јовановски и ексшефицата...

Топ4 часа

Се судрија автобус и автомобил на автопатот Куманово-Табановце, дваесетина луѓе повредени

Дваесет и едно лице се тешко повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на автопатот Куманово-Граничен премин Табановце, помеѓу...

Култура4 часа

Тимот на „Медена земја“ на настан пред „оскарите“ во друштво со големите холивудски ѕвезди

Тимот на „Медена земја“ беше дел од настан во театарот „Долби“ во Холивуд организиран од американската Академија за филмски уметности и...

Свет5 часа

Откриено што се случувало во хеликоптерот на Брајант во последните моменти пред несреќата

Кошаркарската легенда Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа во неделата наутро по локално време откако леталото во кое беше ѕвездата...

Свет6 часа

Трамп денеска ќе го објави мировниот план за Блискиот Исток

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека денеска ќе го претстави мировниот план за Блискиот Исток, кој претходно го најави како...

Свет6 часа

Во Германија потврден прв случај на коронавирусот

Во Германија е потврден прв случај на смртоносниот коронавирус, кој се појави во Кина и се прошири и во други...

Свет6 часа

Бројот на жртви од коронавирусот во Кина надмина 100

Бројката на починати од коронавирусот во Кина надмина 100. Според најновите податоци, се работи за 106 смртни случаи, а во...

Македонија20 часа

(Видео) Поранешни вработени во ОХИС: Во фабриката има остатоци од опасна жива

Поранешни вработени во фабриката ОХИС тврдат дека во кругот на фабриката има опасна жива како остаток од работењето на некогашниот...

Топ22 часа

Тело на 60-годишна жена извлечено од водите на Вардар

Телото на 60-годишна жена било извлечено од реката Вардар во Скопје. „Вчера, во СВР Скопје било пријавено дека во водите...

Македонија22 часа

Град Скопје објави итни мерки и препораки поради загадувањето

Бесплатен јавен превоз, запирање на градежните работи и поскапен паркинг се дел од итните мерки од надлежност на Град Скопје,...

Македонија24 часа

Во Скопје и Тетово надминат прагот на загадување, стапуваат на сила препораките на Владата

Според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи,...

Македонија1 ден

(Видео) Стефанова: Дејствијата на Јанева нанесоа огромна штета на СЈО

Дали Катица Јанева е виновна за кривичното дело што се суди, ќе си одлучи судечкиот совет што ја води оваа...

Економија1 ден

Горивата поевтинуваат

Од ноќеска на полноќ горивата ќе поевтинат за половина, односно за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни...

Македонија1 ден

Јанева отстранета од судница, на Стефанова ѝ се обрати со зборовите: „Гомнарке, ороспијо“

Судијката на рочиштето за „Рекет“ нареди да се отстрани поранешната шефица на СЈО Катица Јанева од судницата, откако таа почна...

Македонија1 ден

Вработен во ФЗОМ: Мајката на Тамара не сакаше да го подигне одобрението за лекување

Бранко Хаџигогов, вработен во Фондот за здравство, кој денеска  сведочеше за лекувањето на малата Тамара, потенцираше дека решение за лекување...

Македонија1 ден

Сведочење за „Рекет“: Чифлиганец и Савова се обидувале да влијаат врз истрагата за Камчев и Мијалков

Ванчо Чифлиганец, сопственикот на градежната компанија Адора инжинеринг, бил кај обвинителката Лиле Стефанова за да се интересира за предметот „Империја”,...

Свет1 ден

Објавена аудиоснимка од последниот разговор на пилотот на Коби Брајант и контролата на летање

На интернет е објавена аудиоснимка од последниот разговор меѓу пилотот на хеликоптерот со кој загинаа кошаркарот Коби Брајант, неговата 13-годишна...

Досие