Свет
Швајцарија ќе им даде 1,2 милијарда евра на сиромашните земји на ЕУ

Швајцарија деблокира вкупно 1,3 милијарда франци (1,2 милијарда евра) финансиска помош за посиромашните земји членки на ЕУ во обид да ги поправи затегнатите односи со најголемиот трговски партнер во моментот.
Горниот дом на швајцарскиот парламент ја одобри таа сума за плаќања во следните неколку години. Станува збор за пари за плаќања за кохезија замрзнати во 2019 година по спорот за меѓусебното признавање на правилата на берзата.
Така, Швајцарија покажува добра волја по години неуспешни преговори за посилна врска помеѓу земјата и единствениот пазар на Европската Унија, а Берн исто така се надева дека повторно ќе може да учествува во истражувачката програма на Унијата – „Хоризонт“.
Швајцарија не е членка на Унијата, туку учествува во нејзините програми и внатрешниот пазар на блокот преку билатерални договори. За возврат, пред неколку години договорени се плаќања за поддршка на посиромашните земји на Европската Унија, а сличен аранжман беше договорен и со Норвешка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Земјотресот во Турција и Сирија низ фотографии

Светот во неверување, Турција и Сирија завеани во црнила и тага.
Земјотресите што во понеделникот ги погодија овие земји однесоа над 12.000 животи. Илјадници се затрупани под урнатините на срушените згради, се води трка со времето за спасување на животите на преживеаните.
Фотографиите во прилог говорат за катастрофата, спасените и загубените животи, човечките судбини.
Татко ја држи раката на својата почината ќерка
Куче спасено од урнатините во Турција
„Каде е мајка ми?“: зборовите на девојче извлечено по 20 часа од урнатините
Погреб наместо свадба – маж ја оплакува својата вереница која загина во земјотресот
(Видео) Емотивна средба меѓу татко и бебе спасено од урнатините во Турција
Свет
Куче спасено од урнатините во Турција

Спасувачите во Турција извлекоа куче од под урнатините на зграда во градот Хатај, 55 часа по разорните земјотреси што во понеделникот ги погодија јужните региони на Турција.
Бројни спасувачки тимови продолжуваат со операциите за пребарување и спасување во регионите погодени од разорните земјотреси. Тим волонтери денеска успеа да спаси куче кое 55 часа било заглавено под урнатините.
Медицинскиот тим потоа го покри кучето со ќебе за да се стопли.
Медиумите од Турција, претходно јавија и за спасен папагал. Повеќе за спасувањето на птицата прочитајте ТУКА.
Свет
Бројот на загинатите во земјотресите се искачи над 12.000 лица

Вкупниот број на загинати во Турција и Сирија вечерва се искачи на 12.049 лица.
Најмалку 1.730 луѓе во Сирија загинале на територијата под контрола на опозицијата во северозападниот дел на земјата, додека 1.262 лица загинале во областите во земјата контролирани од владата.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претходно изјави дека бројот на загинати во Турција се искачи на 9.057.