Контакт

Свет

Швајцарски државјанин ја тужи Швајцарија за расно профилирање пред судот во Стразбур

Објавено пред

Швајцарецот Мохамед Ва Бајле од Цирих тврди дека бил жртва на расно профилирање во 2015 година. Швајцарските судови не се согласуваат. Сега тој го однесе својот случај пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, пренесува „Локал“.

Едно утро во февруари 2015 година, Ва Бајле, кој потекнува од Кенија, но една деценија има швајцарско државјанство, бил запрен од двајца полицајци на главната железничка станица во Цирих, кои побарале да се легитимира. Ва Бајле, библиотекар во Институтот за технологија ЕТХ во Цирих, прашал дали полицајците бараат црнец, а кога тие одговориле негативно, Ва Бајле одбил да се легитимира. Полицајците потоа подложиле на претрес, но го ослободиле кога утврдиле дека има картичка за пензиско осигурување.

Ва Бајле бил и казнет со 100 швајцарски франци затоа тоа што не ги почитувал полициските наредби. Сепак, тој ја оспорил казната и го однел предметот на суд. Случајот на крајот стасал до Сојузниот врховен суд во Швајцарија кога и Окружниот суд во Цирих и Апелациониот суд пресудиле дека нема докази оти полицијата го издвоила Ва Бајле по неговата боја на кожата.

Врховниот суд пресудил дека случајот премногу се темели на изјавата на едниот од полицајците, кој изјавил дека Ва Бајле бил запрен бидејќи го свртел погледот. Судот соопшти дека се присутни и ситуациски фактори: Цирих е транспортен центар за долги релации и како таков е изложен на повисоко ниво на криминал. Според швајцарскиот закон, полицијата може да побара лична карта само ако има разумна основа за тоа. Ва Бајле верува дека со него не бил таков случајот и сега поднел барање предметот да биде разгледан од Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Пресудата во овој случај може да постави преседан за прашањето на расно профилирање, а швајцарската Алијанса против расна дискриминација тврди дека швајцарските судови се виновни за неспроведување на правдата и за непридржување кон меѓународните принципи за недискриминација. Судот во Стразбур треба да ѝ објасни на полицијата во Цирих дека таквото профилирање не е прифатливо, изјави Ва Бајле за швајцарски „Блик“.

„Сакам да бидам дел од отпорот против расното профилирање и да ги мотивирам луѓето да бидат похрабри и да се спротивстават на расистичките полициски проверки“, рече тој.

 

 

Свет

САД воведоа нови санкции поради испoраки на нафта во Сирија

Објавено пред

САД воведоа нови санкции за шест поединци и три компании поради тоа што испорачувале нафта во Сирија, соопшти Министерството за финансии на САД.

Според соопштението, станува збор за двајца Иранци и по едно лице од Русија, Сирија, Ирак и Либија, пренесе „Ројтерс“.

Компаниите кои се санкционирани се наоѓаат во Русија и Иран.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп: Можно е принцот да знаел за убиството на Кашоги

Објавено пред

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД ќе останат покрај Саудиска Арабија и покрај тоа што е веројатно принцот Мохамед бин Салман да знаел за убиството на новинарот Џамал Кашоги.

„Нашите разузнавачки служби ќе продолжат да ги анализираат информациите. Сепак, постои можноста дека престолонаследникот, принцот Бин Салман, бил запознаен со овој трагичен настан. Можеби знаел, можеби не“, рече Трамп.

Тој додаде дека злосторството против Кашоги е ужасно и Америка не го одобрува, но не планира да ги откаже договорите со Ријад бидејќи од тоа корист би имале само Русија и Кина.

Прикажи повеќе...

Свет

Авион прегази човек на аеродром во Москва

Објавено пред

Патнички авион кој слета на писта на аеродромот Шереметјево во Москва прегази маж кој починал на лице место, соопшти претставничката за медиуми на аеродромот, Ана Захаренкова.

„Патничкиот авион од Атина слетал на пистата. Додека движел, екипажот пријавил судар со неидентификуван објект. Набрзо потоа е пронајдено тело на човек“, соопшти Захаренкова, пренесе руската новинска агенција ТАС.

Мажот е идентификуван, а полицијата е информирана за инцидентот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Адвокатот на Мијалков: Недозволиво е што тој не беше известен за притворот

Недозволиво е судија на претходна постапка или кривичен совет да не ја извести странката, во случајов Сашо Мијалков, дека за...

Македонија4 часа

(Видео) Мијалков спроведен во затворот во Шуто Оризари

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, вечерва е спроведен во истражниот затвор во Шуто Оризари поради опасност од бегство, велат...

Македонија5 часа

Владата го одби предлог-законот за амнестија предложен од ВМРО-ДПМНЕ

Владата на денешната владина седница донесе негативно мислење за предлог-законот за амнестија за настаните од 27 април. „Владата донесе негативно...

Uncategorized8 часа

Амнестија во текот на судскиот процес, прекин на постапката за тие што не тепале на 27 април?

Кој ќе се спаси од кривична одговорност за инцидентите од 27 април, најверојатно ќе се утврдува според обвинителниот акт, односно...

Македонија8 часа

Влада: Очекуваме Будимпешта да го предаде Груевски во Македонија

Владата соопшти дека официјално покрај протестната нота доставена вчера за улогата на амбасадите на Унгарија во бегството на Груевски од земјата,...

Бегството на Груевски9 часа

Груевски: Добив азил во Унгарија, продолжувам да ја барам правдата

Поранешниот премиер Никола Груевски, на неговиот „Фејсбук“ профил, ги потврди информациите дека добил политички азил во Унгарија. Тој себе си...

Македонија9 часа

Кривична за директор на јавно претпријатие кој незаконски си зел аванси од над 2 милиона денари

Гевгелиската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишен директор од Дојран поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Како...

Бегството на Груевски9 часа

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски до Министерството за правда на Република Унгарија. „Барањето за...

Македонија12 часа

Сведокот ги препозна двајцата напаѓачи што го претепаа Никола Саздовски

На денешното рочиште за убиството на 20-годишниот навивач на групата „Комити“ повеќе од два часа сведочи сведокот Миле Алексовски, кој...

Свет13 часа

(Видео) Девојка со српско потекло меѓу убиените во Чикаго

Една од трите жртви на пукањето во болницата „Мерси“ во Чикаго е 25-годишна девојка со српско потекло, пишуваат српските медиуми....

Македонија13 часа

При апсењето на Бошкоски пронајдени се пиштол и хрватски пасош

Денешното рочиште за случајот „Тортура“, кој се однесува на апсењето на претседателот на партијата ОМ, Љубе Бошкоски, продолжи со репродуцирање...

Афера „Банки“13 часа

(Видео) Афера „Банки“ – како банката му ја одзеде болницата на доктор Адил Мустафа!?

Приватната болница „Шендети“ во Мала Речица, Тетово, неколку години по отфрлената кривична пријава од Обвинителството, остана со катанец на вратата....

Бегството на Груевски14 часа

(Видео) Дескоска: Ќе бараме екстрадиција на Груевски и да му е доделен азил

Македонија, денеска, или најдоцна утре ќе го достави барањето за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски. Министерката за правда, Рената...

Бегството на Груевски14 часа

Груевски добил азил во Унгарија?

Канцеларијата за имиграција и азил во Унгарија донела одлука за барањето на бегалецот Никола Груевски, но оттаму, нема детали дали...

Европа15 часа

(Видео) Избоден полицаец во напад во Брисел, напаѓачот повреден

Во историскиот центар во Брисел утрово непознат напаѓач со нож нападна еден полицаец кој се збоди со повреди. По нападот...

Македонија16 часа

Дисциплинска за полицаец кој употребил сила врз актерката Ирена Ристиќ

Одделот за внатрешна контрола при МВР поведе постапка за дисциплинска одговорност на полицаец од полициската станица Центар, кој пред два...

Македонија16 часа

Вучиќ: Груевски во Србија влезе со важечки документи, прашање е како ја напуштил Македoнија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави синоќа дека поранешниот премиер Никола Груевски со регуларни документи влегол во Србија, дека во...

Македонија1 ден

ДЗС: Спасени четири лица завеани на Пелистер

Подрачното одделение Битола при Дирекцијата за заштита и спасување од СВР Битола доцна синоќа, во 00:30 часот, добило известување дека...

Свет1 ден

Путин: Повлекувањето на САД од договорот не може да остане без наш одговор

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека Кремељ ќе има одговор доколку САД се повлечат од договорот за нуклеарните сили со...

Македонија1 ден

„Груевски е ВИП-мигрант на Орбан“ – унгарската опозиција постави транспарент на зградата на парламентот

Унгарската опозиција ги критикуваше потезите на владата на премиерот Виктор Орбан во врска со барањето  азил на поранешниот македонски премиер...

Досие