Контакт

Свет

Швајцарците пушат легален канабис во рекордни количини

Објавено пред

Швајцарскиот бум во легалниот канабис со ниско ниво на ТХЦ не покажува знаци на намалување и носи многу даночен профит за владата, покажуваат новите податоци, пренесува „Локал“.

Од 2011 година продажбата на производи од канабис што содржат до 1 отсто тетрахидроканабиол (TХЦ) е легална во Швајцарија. Овие легални производи нема да ве напушат, но се покажаа многу популарни, особено последниве години.

Даночните приходи од легалниот канабис како алтернатива на тутунот минатата година достигнаа 15,1 милиони франци (13,5 милиони евра) од само 400.000 три години претходно, соопшти Федералниот завод за јавно здравство (ФОПХ) за швајцарскиот неделник  „Зонтангс цајтунг“.

Повеќето корисници на производите се млади, покажува истражувањето на „Адикшн Свицерланд“. Испитаниците ги навеле придобивките од нивната активна компонента канабидиол (ЦБД) велејќи дека таа им помага со проблеми со спиењето и стресот, истовремено промовирајќи благосостојба.

Поборниците исто така велат дека ЦБД е антидепресивна и антивоспалителна, покрај тоа што е добра за борба против болката. Но, критичарите предупредуваат дека кога овие производи со ниско ниво на ТХЦ се мешаат со тутунот, може да доведат до зависност од никотин и да резултираат со здравствени ризици вклучувајќи го и ракот.

Во 2013 година Швајцарија го декриминализира поседувањето мали количини канабис. Наместо да се соочуваат со кривични постапки, возрасните лица што поседуваат 10 грама или помалку марихуана може да добијат глоба од 100 франци.

Во меѓувреме, иднината на законот за канабис останува нејасна. Во февруари швајцарската влада излезе со поддршка за научните испитувања за влијанието на употребата на канабисот врз здравјето и безбедноста на луѓето. Според плановите, илјадници луѓе би можеле легално да примаат мала количина канабис секој месец вклучувајќи ги производите што се јадат, а се содржат во тие испитувања.

Европа

Штрајк на 2.000 вработени во „Амазон“ во Германија

Објавено пред

Повеќе од 2.000 работници во седум центри за дистрибуција на „Амазон“ во Германија започнаа штрајк во кој бараат зголемување на платите, објави синдикатот Верди, најавувајќи дека штрајкот ќе трае најмалку два дена.

Штрајкот, под мотото „Нема повеќе попусти на нашата заработка”, започна во ноќта помеѓу неделата и понеделникот и се совпадна со „Прајм деј” на Амазон, кога овој американски онлајн гигант за малопродажба им нуди попусти на своите претплатници на програмата „Прајм“, објави „Ројтерс“.

Во „Амазон“ не го наведоа точниот број на вработени кои се во штрајк, но беше кажано дека тој немал влијание врз испораката на клиентите.

Прикажи повеќе...

Европа

Ликот на прогонетиот хомосексуалец и воен херој на банкнота од 50 фунти

Објавено пред

Алан Турнинг, основачот на концептот на модерен компјутер и математичар познат по разбивањето на воениот код Енигма, ќе се појави на новата британска банкнота од 50 фунти, според „Гардијан“.

Тој бил избран меѓу речиси 1.000 научници поради неговата улога во Втората светска војна, но и поради повоеното прогонство што го доживеал бидејќи бил хомосексуалец.

Британската централна банка, Банката на Англија, го пофали Туринг и како научник и како личност која имаше огромно влијание врз општеството. И покрај заслугите добиени за време на Втората светска војна, тој беше уапсен во 1952 година поради кршење на јавниот морал и беше осуден на задолжителна хормонална терапија. Две години подоцна, тој извршил самоубиство, се отрул со цијанид.

Банкнотите со ликот на Туринг ќе стапат во промет во 2021 година.

Прикажи повеќе...

Свет

Деца во Австралија го украле автомобилот на родителите и се возеле 900 километри

Објавено пред

Четири деца спакувале опрема за риболов и пари и одзеле автомобил пред да започнат со нелегално возење долго дури 900 километри, објави Би-би-си.

Тројца момчиња и едно девојче на возраст меѓу 10 и 14 години го напуштиле Грејсмер во Квинсленд за време на викендот. Еднo од момчињата кои учествувавле во ова бегство, преку порака ги известилo своите родители за заминувањето. Децата не биле од исто семејство, а автомобилот го украле од еден од нивните родители.

Рано во неделата, по 140 километри патување, групата застанала на бензинска пумпа во градот Банана, каде што, наводно, укралe бензин. На видеoснимка од нивното пристигнување на бензиската пумпа се гледа како автомобилот нормално влегува меѓу пумпите за бензин.

Подоцна истиот ден полицијата го забележала нивниот автомобил во Глен Енес, град во близина на Графтон и почнала да ги следи. Потерата набрзо била запрена поради грижа за децата и нивната безбедност. Полицијата потоа повторно ги забележала децата кога застанале во Графтон. Децата се заклучиле во автомобилот, а полицијата морала да примени сила за да влезе во возилото, по што ги привела малолетниците.

Еден од инспекторите на овој случај изјавил дека децата најверојатно се менувале зад воланот бидејќи патувањето од Грејсмер до Графтон обично трае околу 10 часа.

Полицијата објави дека ќе ги испрашува децата во присуство на нивните родители како и дека планира против нив да поднесе обвинение.

За да добијат возачка дозвола во Квинсленд и Нов Јужен Велс, кндидатите мора да бидат постари од 17 години.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

Заев повика на лидерска средба во петок

Премиерот, Зоран Заев, на прес-конференција повика на лидерска средба во петок во 14 часот во Клубот на пратениците. На средбата...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија53 минути

Кривичен го одби барањето на Кочан, в среда треба да се појави во затворот

Кривичниот суд во Скопје ја одби жалбата на Сеад Кочан за одложување на затворската казна од четири години и осум...

Економија2 часа

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат 1,5, односно 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините „евросупер...

Македонија4 часа

Када на дното на Охридското Езеро

Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави фотографии на кои се гледа када на дното на Охридското Езеро помеѓу Срјшче и Мостот на...

Забава5 часа

На Гренланд откриени повеќе од 50 нови езера, досега се знаеше само за четири

Под мразот на Гренланд научниците откриле повеќе од 50 нови езера, а досега се знаело за само четири. Антарктикот под...

Свет5 часа

Трамп ги навреди обоените жени демократи во Конгресот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, критикува група обоени демократски претставнички во Конгресот нарекувајќи ги предизвикувачи на нереди родени во странство...

Свет6 часа

Нетанјаху им се закани на Либан и Хезболах: Ќе ве уништиме

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, се закани дека ќе ги уништи Либан и Хезболах ако ова либанско движење ги реализира сите...

Регион6 часа

Макрон во посета на Србија

Францускиот претседател, Емануел Mакрон, денеска ќе пристигне во дводневна посета на Србија со намера да покаже дека Париз сè уште...

Спорт15 часа

(Видео) По триумфот во Вимблдон, Ѓоковиќ ексклузивно за Макфакс: Ја прифаќам поканата од премиерот да ја посетам Македонија

По епското финале во Вимблдон, во кое славеше старо-новиот шампион, Новак Ѓоковиќ на победничката прес-конференцијата одговори и на две прашања...

Европа17 часа

(Видео) Приведени повеќе од 150 лица по воената парада во Париз 

Вкупно 152 лица се приведени денеска во Париз, на маргините на воената парада која се одржа по повод националниот празник...

Спорт18 часа

Федерер: Незаборавно финале, ќе се обидам што е можно побргу да го заборавам

Роџер Федерер беше премногу блиску до својата 21. гренд слем титула, но не успеа да го доведе мечот до крај,...

Свет18 часа

(Видео) Авион успева да избегне катастрофален пад врз населено место

На видео снимка направена од автомобил овековечен е драматичен момент кога тајландски воен пилот го насочува својот авион далеку од...

Спорт18 часа

Трилер на Вимблдон! Ѓоковиќ по пет часа тенис го „собори“ Федерер

Новак Ѓоковиќ по петти пат ја освои титулата од Вимблдон, откако во едно историско финале со 7:6(5)/1:6/7:6(4)/4:6/12:12(3) го совлада освојувачот...

Регион19 часа

Ердоган: Испораката на С-400 системите ќе заврши в година

Испораката на руските ракетни системи С-400, Турција би можела да ја заврши до април следната година, изјави денеска турскиот претседател,...

Регион19 часа

Јулски снег во Бугарија

На планината Рила во Бугарија, падна снег, објави Метео Балканс. Лошите временски услови ја зафатија Бугарија, а метеоролозите најавуваат обилни...

Македонија22 часа

Лидерската средба е неизвесна, власта и опозицијата не можат да ги усогласат темите

Неизвесно е дали ќе има лидерска средба помеѓу првите луѓе на најголемите политички партии, а несогласувања постојат во оснос на...

Култура23 часа

(Видео) Огнен и Марина ја крунисаа љубовта на 46-тата Галичка свадба

Во Галичник денеска се одржа 46-то издание на традиционалната културно-сценска манифестација „Галичка свадба“, која повеќе од 4 децении ги негува...

Европа23 часа

На парадата во Париз се појави „летачки војник“

По повод францускиот национален празник Ден на падот на Бастиља во Париз, вниманието го привлече поранешниот џет-ски шампион Фреки Запата...

Македонија23 часа

Два земјотреси ја стресоа Грција, почувствувани и во делови од земјава

Македонската телеметриска сеизмолошка мрежа денескa регистрира два земјотреса чиишто епицентри се наоѓаат на 220 километри јужно од Скопје во соседна...

Македонија1 ден

,,Како не ти е срам” му порача Милчин на Адеми поради дивоградбите во Охрид

,,Како не ти е срам” му порача професорот, Владимир Милчин  статус на Фејсбук на министерот без ресор, Едмонд Адеми, по...

Досие