Контакт

Свет

Шведска: Исчезнале илјадници мигранти од кризата во 2015 година

Објавено пред

Околу 24.000 мигранти кои пристигнале во екот на мигрантската криза во 2015 година живеат во Шведска без дозвола или исчезнале, велат од Одборот за миграција, пренесува шведскиот радиодифузер СВТ.

Од 163.000 мигранти кои пристигнале во Шведска пред пет години, на огромното мнозинство, 98.500, им бил одобрен некаков вид престој. Сепак, само 31.000 од оние без дозвола ја напуштиле Шведска од 2015 година, а на илјадници мигранти им нема трага.

Десет илјади мигранти остануваат во земјата без дозвола за престој. Други 14.000 исчезнале, а шведските власти не знаат каде се. За други 8.000 се вели дека се во процес на решавање на барањето за азил; многу од нив аплицирале за азил повеќе од еднаш.

Претходно годинава беше објавено дека најмалку 18.420 од оние кои добија престој во 2015 година сега добиле шведско државјанство, овозможувајќи им слободно движење низ земјите членки на ЕУ.

Огромното мнозинство од оние кои добиле државјанство се малолетни мигранти бидејќи Шведска им дозволува на малолетните мигранти да чекаат само три години за да добијат државјанство или две години ако детето е апатрид. Возрасните мора да чекаат најмалку пет години пред да аплицираат за државјанство или четири ако се апатриди или имаат статус на бегалец.

Во последната деценија Шведска додели 1,2 милиони дозволи за престој. Масовната миграција е главниот двигател зад растот на населението во земјата во последниве години.

Сепак, мигрантите имаат многу поголема стапка на невработеност отколку родените Швеѓани. Извештајот од 2019 година тврди дека дури 90 отсто од мигрантите кои дошле во 2015 година и добиле дозволи за престој не биле во можност да се издржуваат самостојно преку работа.

Во 2020 година, главно поради ограничувањата на патувањата за запирање на ширењето на Ковид-19, Шведска забележа најнизок раст на населението во последните 15 години. Коронавирусот исто така доведе до највисока стапка на смртност во земјата од големиот глад во 1869 година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Џо Бајден потрошил најмногу пари за рекламирање на телевизија од сите досегашни претседателски кандидати

Објавено пред

Кандидатот на демократите на претседателските избори во САД, Џо Бајден, потрошил повеќе пари за рекламирање на телевизија и дигитални платформи отколку кој било кандидат во историјата.

Една недела пред изборите, сметката за рекламирање на Бајден достигна 582 милиони долари, а последните десет дена од кампањата, неговиот изборен штаб резервираше простор на телевизиските мрежи во вредност од уште 57 милиони долари.

Неговиот противник, американскиот претседател Доналд Трамп потрошил 342 милиони долари за рекламирање во последните две години, но издвоил уште 50 милиони долари за „спринтот“ пред изборите.

Трамп потроши 14 милиони долари за рекламирање на Фејсбук во последната недела, во споредба со 12,7 долари издвоени од седиштето на неговиот ривал.

Двете кампањи, вклучително и групите што ги поддржуваат, се очекува да чинат вкупно 11 милијарди долари или скоро 50 проценти повеќе отколку на изборите пред четири години.

Прикажи повеќе...

Европа

Рекорден број новозаразени во Италија од почетокот на пандемијата

Објавено пред

Рекордни 19.644 случаи на коронавирус се потврдени во Италија во последните 24 часа, така што вкупно 504.509 лица се заразени во таа земја од почетокот на пандемијата.

За еден ден починаа 151 лице, а досега вкупно 37.210 лица.

Премиерот Џузепе Конте рече дека сака да избегне повторно воведување на целосно затворање на земјата, што помогна да се намали ширењето на епидемијата минатата пролет, пренесува „Ројтерс“.

Прикажи повеќе...

Европа

Шпанските региони бараат од владата да воведе полициски час

Објавено пред

Регионите на Шпанија денеска ја повикаа шпанската влада да воведе вонредна состојба, што ќе ја постави правната основа за воведување полициски час во борбата против пандемијата на коронавирус.

Десет шпански региони ја повикаа владата да прогласи вонредна состојба, што ќе им овозможи да воведат ограничувања на движењето на луѓето.

Регионите очекуваат владата да свика вонреден министерски совет во недела за да ја одобри мерката, објавија шпанските медиуми, вклучително и весникот Ел Паис.

Регионот Мадрид се противи на воведувањето полициски час

Додека многу региони се склони да воведат некаква форма на полициски час, регионот Мадрид се противи на тоа, што досега спречуваше одлуката да биде иницирана на национално ниво.

Шпанија има најголем број на зараза со коронавирус меѓу западноевропските земји. Вкупниот број на заразени се искачи на 1.046.132 во петокот, додека починаа речиси 28.000 лица кои биле заразени со коронавирус.

Каталонија во петокот вечерта објави дека ќе воведе полициски час во целиот регион

Каталонија во петокот вечерта објави дека ќе воведе полициски час во целиот регион, вклучително и Барселона, веднаш штом централната влада преземе чекори. Потпретседателот Пере Арагонес рече дека е потребно да се воведе децентрализирана вонредна состојба во која каталонската влада ќе го задржи целиот капацитет за управување, притоа предупредувајќи дека развојот на ситуацијата во пандемијата е загрижувачки, и покрај сите напори.

Некои региони размислуваат за воведување вонредна состојба на други начини, преку одлуки донесени во регионалните судови, доколку централната влада не одговори на нивните барања.

Премиерот Педро Санчез веројатно ќе има доволно гласови во парламентот за да воведе вонредна состојба доколку владата одлучи да го стори тоа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Починаа 14 лица, регистрирани 404 новозаразени

Денеска се регистрирани 404 нови случаи на Ковид 19, оздравени се 182 пациенти, а починаа 14 лица. Министерството за здравство...

Регион3 часа

На Балакнот денеска рекордни бројки на заразени со коронавирус

Дел од државите на Балканот денеска регистрираа рекордни бројки на заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата. Во Србија рекордни...

Свет3 часа

(Видео) Трамп гласаше на претседателските избори во САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп гласаше на претседателските избори во САД. „Само што гласав! Голема чест“, напиша Трамп на социјалните...

Свет5 часа

Американските компании продолжуваат со тестирање на вакцината против Ковид-19

Фармацевтската компанија „Астра Зенека“ ќе продолжи со клиничките испитувања на својата експериментална вакцина против Ковид-19 во САД, откако доби одобрение...

Македонија6 часа

Филипче најави проширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот

Прширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот најави министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска ги посети болниците во...

Македонија7 часа

Почина Амди Бајрам

Поради кардиоваскуларни проблеми, почина Амди Бајрам, експратеникот и претседател на Сојуз на Ромите. Тој починал на приватна клиника во Скопје....

Економија8 часа

(Видео) Компаниите кои се потешко погодени од кризата ќе добијат поголема финансиска поддршка

Со измените на Законот за поддршка на исплата на плати, компаниите кои се потешко погодени од кризата, ќе добијат поголема финансиска...

Регион9 часа

Грција воведе дополнителни мерки, вклучително и полициски час во Атина и Солун

Поради зголемувањето на ширењето на Ковид-19, Грција воведе дополнителни мерки, вклучително и полициски час во Атина и Солун. Мерките стапуваат...

Македонија10 часа

Георгиевски во Софија: Историската комисија има направено големо поместување

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски при својата посета во соседна Бугарија оствари средби со министерката за надворешни работи, Екатерина...

Свет10 часа

СЗО работи на насоки за употреба на Ремдесивир

Светската здравствена организација објави дека работи на развој на упатства за употребата на лекот Ремдесивир за третман на пациенти со...

Македонија11 час

Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата

Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени...

Македонија11 час

Ноќва почнува зимското сметање на времето

Со поместување на часовникот за еден час наназад, од ноќва почнува зимското сметање на времето, со што времето во 3...

Македонија24 часа

Филипче: Лабораториите за тестирање работат во три смени

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче информира дека силниот есенски бран ги оптерети лабораториите за тестирање, но се работи...

Македонија1 ден

518 нови случаи на Ковид-19 во земјава, починаа девет лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2367 тестирања, а регистрирани се 518 нови случаи на...

Регион1 ден

Бугарскиот премиер во самоизолација

Бугарскиот премиер Бојко Борисов е во самоизолација по контактот со заменик министерот за градежништво, Николај Нанков, кој беше позитивен на...

Македонија1 ден

(Видео) Северна Македонија и САД потпишаа меморандум за безбедност на 5G технологии

Премиерот Зоран Заев и потсекретарот за економски раст, енергија и животна средина во Владата на САД, Кеит Крач, потпишаа меморандум...

Македонија1 ден

(Видео) Заев – Хоти: Ако има потреба повторно ќе се воведат ПЦР тестови на граница

Северна Македонија и Косово традиционално позитивниот политички дијалог наскоро ќе го потврдат со прва заедничка седница меѓу Владите на двете...

Македонија1 ден

Мицкоски: Ако Заев се откаже од Гоце Делчев и јазикот, идната влада на ВМРО ќе ја поништи одлуката

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски, на денешниот протест, како што наведуваат, против „мафијата, за правда и слобода“, нагласи дека доколу...

Топ1 ден

Тепачка со ножеви и пиштоли меѓу две семејства во Кондово, двајца завршиле во болница

Две лица се повредени во тепачка меѓу две семејства во Кондово, во која биле употребени нож и пиштол. Како што...

Македонија1 ден

Свадба со 200 гости во Арачиново, полицијата најави пријави

Државниот пазарен инспекторат и полицијата растурија свадба во Арачиново со 200 гости и најавија кривични пријави за непочитување на мерките...

Досие