Свет
Шведска повторно ја отвори истрагата против Асанж
Шведскотo обвинителство донесе одлука повторно да ја отвори истрагата против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, по обвинувањата за силување против него од 2012 година.
Истрагата е повторно отворена на барање на адвокатот на наводната жртва, објави Би-би-си.
Асанж ги отфрла обвинувањата, а за да избегне екстрадиција во Шведска, тој од 2012 година престојуваше во Амбасадата на Еквадор во Лондон. Но, Еквадор минатиот месец му го укина азилот и Асанж беше уапсен и осуден на 50 недели затвор поради прекршување на условната слобода.
Негова екстрадиција бараат и САД каде е осомничен за објавување доверливи воени и дипломатски документи во 2010 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел објави фотографии од убиените војници во Либан
Армијата на Израел објави фотографии од своите осум војници кои беа убиени во јужен Либан.
Израел вчера потврди дека е убиен еден војник, а подоцна и веста за смртта на уште седуммина од нив.
Сега ги објавија своите фотографии и имиња.
Војниците беа идентификувани како Харел Етингер, Назар Иткин, Итаи Ариел Гиат, Ноам Барзилај, Алмкен Терефе, Идо Броер, Иџак Остер и Ор Манцур.
Свет
Снег падна во Словенија
Во Словенија почна да врне снег бидејќи, по навлегувањето на студениот воздух од северот на Европа, дождот се претвори во снег.
Kамерите ги снимија снежните сцени на Кредарица, словенечка планина висока 2.515 метри.
Во текот на денот и в петок се очекува згуснување на снежната покривка на словенечките планини.
Свет
Си-ен-ен: Русија го зазеде клучниот град Вугледар во источна Украина, војници мавтаа со руско знаме над урнатините
Русија го зазеде клучниот источноукраински град Вугледар ставајќи крај на повеќемесечниот отпор, а снимките потврдени од Си-ен-ен покажаа војници како мавтаат со руско знаме над урнатините на градското собрание во разурнатиот град, во кој неговото население се намали од 14.000 на помалку од 100.
Вугледар, град изграден околу рудник за јаглен (неговото име доаѓа од украинскиот збор за јаглен), се наоѓа на 50-ина километри јужно од Покровск, кој во последните месеци се смета за главен фокус на руските напади на исток.
Иако не е транспортен и логистички центар како Покровск, Вугледар беше силно утврден и се сметаше за клучен бастион на раскрсницата на источниот и јужниот фронт на Украина.