Контакт

Свет

Шведска се впушта во огромен експеримент со опуштениот пристап против коронавирусот

Објавено пред

Шведска се издвојува од остатокот во светот во справувањето со коронавирусот. Во оваа земја училиштата се отворени и нема ограничување на движењето со што скандинавската нација се впушта во она што еден здравствен експерт го нарече „огромен експеримент“, објави „Фајненшнл тајмс“.

Откако Велика Британија во понеделникот воведе низа забрани, Шведска е најголемата европска земја со најмалку ограничувања за тоа каде луѓето можат да одат и што можат да прават. Училиштата за деца до 16 години остануваат отворени, многу луѓе продолжуваат да одат на работа, а јавниот превоз и понатаму функционира со огромен метеж.

Шведските власти забранија јавни собири на повеќе од 500 лица, ги затворија универзитетите и колеџите за високо образование и ги советуваа работниците да останат дома доколку е можно. Рестораните и баровите се отворени.

Локалните медиуми се полни со приказни за илјадници луѓе кои се собираат во шведските ски-центри, кои до саботата го одржуваа својот ноќен живот отворен. Вирусот претходно лесно се прошири во планинските одморалишта во Австрија и Италија.

Јохан Карлсон, шеф на Шведската агенција за јавно здравје, минатата недела го бранеше пристапот на Шведска, велејќи дека земјата „не може да преземе драконски мерки кои имаат ограничено влијание врз епидемијата, а кои ќе ги нокаутираат функциите на општеството“.

Но, тој призна дека бројката од 90.000 луѓе што умираат годишно во Шведска „би се зголемила значително“ доколку здравствениот систем стане преоптоварен.

Во Шведска досега се пријавени 2.300 случаи на Ковид-19, 40 смртни случаи и 16 излекувани. Тоа се споредува со повеќе од 6.000 смртни случаи во Италија, најтешко погодената земја во Европа.

„Иднината сè уште изгледа дека може да се контролира“, рече Андерс Тегнел, државен епидемиолог во Шведска.

Властите велат дека не ја спроведуваат стратегијата „имунитет на стадото“, според која голем дел од населението треба да се инфицира со вирусот со цел општеството да изгради имунитет.

Наместо тоа, Шведска се обидува да го забави ширењето на инфекциите и да осигури дека нејзиниот здравствен систем нема да биде преоптоварен.

Медиумите пренесуваат дека ситуацијата на улиците на Стокхолм се променила „драматично“ во последните неколку недели и покрај отсуството на законски ограничувања, при што многу помалку луѓе излегуваат надвор.

Јоаким Роклов, епидемиолог од универзитетот Умеа, рекол дека шведските власти преземаат огромни ризици со јавното здравство кога толку многу работи се непознати за коронавирусот.

„Не гледам зошто Шведска би се разликувала од другите земји. Тоа е огромен експеримент“, изјави тој за „Фајненшл тајмс“.

„Постои голем ризик Шведска да мора да премине во карантин кога здравствениот систем ќе западне во криза“, додаде тој.

Опуштениот пристап на Шведска е во контраст со нејзините нордиски соседи. Данска, Норвешка и Финска ги затворија училиштата, ги затворија своите граници и наметнаа други ограничувања.

Премиерот на Шведска, Штефан Лофвен, во видеообраќање ги повика сите да преземат улога во спречувањето на ширење на вирусот, на пример, да не ги посетуваат постарите роднини, да работат од дома и социјално да се дистанцираат.

Тој во неделата го искористи телевизиското обраќање до нацијата за да предупреди дека може да дојде до порестриктивни мерки, бидејќи призна дека следните неколку месеци ќе биде тешко. Лофвен ги повика луѓето да преземат одговорност и да ги следат препораките на владата.

Во понеделникот поранешниот државен епидемиолог од Шведска и сегашен советник во Светската здравствена организација (СЗО), Јохан Гисеке, ги охрабри Швеѓаните да излезат и да уживаат во пролетното сонце.

„Земете пријател и прошетајте на еден метар оддалеченост еден од друг. Не прегрнувајте го соседот. Земете термос и седете на клупа во парк. Лошо е и за здравјето да се седи дома“, рече Гисеке.

Погрешен или правилен пристап, се чини дека Шведска е во подобра состојба од соседите, според бројот на пријавени случаи.

Во вторникот, Шведска објави 2.272 потврдени случаи на нов коронавирус, додека Норвешка и Данска – во кои има околу половина од населението на Шведска – пријавиле 2.566 и 1.577 случаи, соодветно.

Сепак, во сите скандинавски земји се верува дека има голем број непознати случаи, бидејќи тестирањето се прави само на пациенти со сериозни симптоми.

Регион

Вo Хрватска 57 новозаразени со коронавирус

Објавено пред

Во изминатите 24 часа се регистрирани 57 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2 во Хрватска, а вкупната бројка на заболени е 842, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита на Република Хрватска.

Меѓу активните пациенти, 93 пациенти се во болница, од кои четворица се на респиратор.Во последните 24 часа нема смртни случаи, а во моментот има 4.801 лица во самоизолација.

Од првиот регистриран случај на инфекција со коронавирус во Хрватска, на 25 февруари, евидентирани се вкупно 3.151 заразени лица, од кои 113 починале, а 2.196 се опоравиле.До денес, тестирани се вкупно 85.410 лица, од кои 1.244 во последните 24 часа.

Прикажи повеќе...

Регион

На изборите во Хрватска гласале 107.000 гласачи помалку од 2016 година

Објавено пред

До попладне, околу 107.000 помалку гласачи излегоа на гласање за хрватскиот парламент отколку во 2016 година, покажуваат податоците на Државната изборна комисија (ДИК).

Еден милион и 150.000 гласачи (34,04 проценти) гласале до 16.30 часот, за разлика од пред четири години кога гласале 37,2 проценти. Во однос на бројот на избирачи, сè уште води 1-та изборна единица во Загреб, во која гласаа 37,67 проценти, додека 5-та, славонска изборна единица (30,88 проценти) сè уште има најлош одѕив.

Без оглед на одѕивот, дијаспората, т.е. хрватските гласачи без престој во Хрватска низ целиот свет, избираат само тројца од 151 пратеник.

Потпретседателот на ДИК, Дамир Контрец, вели дека ДИК досега немала сериозни забелешки или приговори од теренот за спроведување на изборите.

„Верувам дека ќе остане така до крајот на денот на изборите“, рече тој за Хрватското радио и потврди дека проблемите со недоволниот број на гласачки ливчиња на Брач и Водице биле успешно решени.

ДИК нема информации дека на некој од заразените со коронавирус (околу 50) или гласачи во самоизолација (околу 500 регистрирани) биле одбиени да гласаат.

Потпретседателот на ДИК изрази задоволство што сите учесници во изборниот процес се придржуваат кон пропишаните мерки за заштита од коронавирус.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Србија во изминатите 24 часа од Ковид-19 починале пет лица

Објавено пред

Во изминатите 24 часа, пет пациенти починале од Ковид-19 во Србија, а 302 нови случаи биле регистрирани меѓу 5.030 тестирани лица, објавено е на веб-страницата covid19.rs.

На болничко лекување има 2.553 пациенти, од кои 81 се на респиратор. Од почетокот на епидемијата на коронавирус на 6 март, во Србија се регистрирани 16.131 случаи на Ковид-19, починале 311 пациенти, а вкупно се тестирани 439.445 лица. Стапката на смртност е 1,93 проценти.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион39 минути

На изборите во Хрватска гласале 107.000 гласачи помалку од 2016 година

До попладне, околу 107.000 помалку гласачи излегоа на гласање за хрватскиот парламент отколку во 2016 година, покажуваат податоците на Државната...

Забава2 часа

Индиец со златна маска се штити од коронавирус

Индискиот бизнисмен Шанкар Курхаде рече дека платил околу 3.550 евра за златна маска направена по мерка којашто треба да го...

Свет2 часа

Во поплавите во Јапонија настрадаа 16 лица, а 20 се тешко повредени

Најмалку 16 лица загинаа, а 20 се повредени и се во сериозна состојба во западниот дел на Јапонија каде обилните...

Спорт3 часа

Руски голман заврши во болница откако го удрил гром на тренинг

Иван Заборовски, голман на рускиот третолигаш Знамја Труда завршил во болница, откако го погодил гром на тренинг на тимот. Иако...

Македонија4 часа

Регистрирани 115 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на...

Топ4 часа

Од куќа во Скопје украдени речиси милион евра

Скопјанец на возраст од 58 години во вечерните часови на 4 јули пријавил тешка кражба во неговиот дом. Според пријавеното,...

Македонија6 часа

Битолчаните кои претрпеле штети од поројниот дожд ќе може да аплицираат за помош од општината

По обилните врнежи од дожд, кои синоќа ја зафатија Битола и по целоноќните интервенции на терен од страна на екипите,...

Македонија7 часа

Уролог од Тетово е прв починат доктор со Ковид-19 во земјава

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека во градската болница ,,8 Септември” во Скопје, на 64 годишна...

Топ8 часа

Еден загинат и тројца ранети во пресметка со ножеви и пиштол во Батинци

Во вечерните часови на 4 јули во скопската полиција било пријавено дека во градската болница „Св. Наум Охридски“ со повреди...

Европа9 часа

Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново затворање на земјата, поради што е важно брзо да се...

Свет10 часа

Раперот Канје Вест најави дека влегува во претседателската трка, доби поддршка од Илон Маск

Американскиот рапер Канје Вест во саботата на „Твитер“ објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе...

Свет22 часа

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Македонија1 ден

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Европа1 ден

Рација во 15 италијански региони поради снимање и споделување на детска порнографија

Три лица се уапсени во Италија, а 50 се под истрага поради порнографска злоупотреба на деца, вклучително и новороденчиња. Сликите...

Македонија1 ден

Сафет Бишевац позитивен на коронавирус

Сафет Бишевац, кандидат за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирус. Тој вели дека...

Регион1 ден

Расте бројот на заразени туристи во Грција, на Скијатос слетала Србинка позитивна на коронавирус

По случајот со семејство од Белград кое било „депортирано“ од Грција, откако било утврдено дека мажот е позитивен на коронавирус,...

Македонија1 ден

Болницата „8 Септември“ тврди: Ова е ковид болница, нема листа на чекање за итни операции

Болницата „8 Септември“ во Скопје соопшти дека не постои листа на чекање за итни хируршки интервенции. „ЈЗУ ГОБ „8 Септември“...

Европа1 ден

Истрага против поранешниот француски премиер и министри поради Ковид-19

Францускиот специјален суд нареди да започне истрага против поранешниот премиер Едуард Филип и двајца министри за здравство во врска со...

Спорт1 ден

Поддршка за Ѓоковиќ од центарот на Загреб (Фото)

Голем транспарент со поддршка за Новак Ѓоковиќ се појави во центарот на хрватската престолнина Загреб. „Имаме право да дишеме. Стоп...

Регион1 ден

На Косово 114 новозаболени од коронавирус – жариште има на подножјето на Шар Планина

Националниот институт за јавно здравје во Приштина објави дека во Косово се регистрирани 114 нови случаи на Ковид 19, пишува...

Досие