Контакт

Свет

Шведските демократи сакаат да ги затворат џамиите кои поддржуваат тероризам

Објавено пред

Среде бранот исламски тероризам што ја зафати Европа, лидерот на националконзервативните шведски демократи, Јиме Акесон, повика на повлекување на парите за грантови, затворање на џамиите кои го поддржуваат теророт и на одземање на шведското државјанство на инволвираните секогаш кога е тоа можно, пренесува „Спутник“.

По исламистичкиот терористички напад во Виена, Акесон побара остри мерки против исламистите кои изразуваат екстремни ставови во Шведска.

Во видео што го објави на социјалните мрежи тој изрази жалење за неодамнешниот терористички акт, но повика на присилна акција против исламизмот. Акесон истакна дека неговата партија уште пред една деценија предупреди дека исламот е најголема закана за демократијата.

„За жал, реалноста покажува дека бевме во право. Уште еден исламистички терористички напад во Европа. Уште повеќе невини луѓе ги загубија своите животи“, рече тој.

Долгогодишниот лидер на Шведските демократи тврди дека не станува збор за неколку луди луѓе, туку за добро организирани екстремисти.

„Тоа е војна со низок интензитет против нашата демократија, против нашата слобода на изразување. Војна против сè што сме и сè за што се залагаме во нашиот дел од светот“, истакна Акесон.

„Ова не е време за тага и прошка. Време е да се биде одлучен. Да се ​​покаже акција. Ако исламистите не можат да ја прифатат нашата демократија, тогаш и нашата демократија не смее да ги прифати исламистите. Во тој момент, не можеме да отстапиме ниту еден сантиметар “.

Акeсон упати остри критики кон оние кои се обидуваат со разбирање да пристапат кон исламизмот или да избегнат конфликт.

„Тоа е обично соучесништво“, посочи тој.

За да се спротивстави на овој неповолен развој, Акесон побара да се изврши притисок врз организациите и поединците кои го поддржуваат тероризмот, повторувајќи го барањето на Шведските демократи  за повлекување на државјанството.

„На поединци или организации, како што се училишта или џамии, кои дури и им даваат поддршка на овие исламисти, треба да им се ограничат државните субвенции, тие треба веднаш да бидат затворени. Оние што нè напаѓаат и ни се закануваат мора да бидат затворени. И треба да бидат вратени назад од каде што дошле. Ако не сакаат да бидат дел од нашата шведска демократија и нашето цивилизирано општество, не треба да имаат ниту шведски пасош“, заклучи Акесон.

Предводени од Јиме Акесон од 2005 година, националконзервативните Шведски демократи се најголемата опозициска партија во земјата. Тие го отфрлаат мултикултурализмот, се залагаат за поостри имиграциски политики и се против понатамошно отстапувањето на суверенитетот на ЕУ.

Европа

Од 19 декември до 10 јануари нови ограничувачки мерки на австриската граница

Објавено пред

Новите ограничувања за влез во Австрија по престојот во една од таканаречените корона ризични земји ќе стапат на сила на 19 декември, соопшти МВР.

Мерката според која сите оние што се враќаат од земји со голем број на заразени лица, односно со двонеделен број на заразени лица над 100 на 100.000 жители, мора да биде во десетдневен карантин, ќе важи до 10 јануари.

Прекинувањето на десетдневниот карантин, според одлуката на Владата, е можно само по пет дена со негативен ПЦР-тест.

Министерството посочува дека задолжителниот карантин важи само за лице кое се вратило од патувањето, но не и за другите членови на семејството, иако тие живеат во исто домаќинство.

Со оваа мерка, австриската влада сака да ги спречи граѓаните од Западен Балкан и Турција да патуваат во нивните земји на потекло за време на божикните празници.

Острите мерки се однесуваат на сите, без оглед дали се австриски државјани или странци, велат од Министерството.

Само прекуграничните работници, како и лицата кои морале да патуваат поради работа, се ослободени од мерката задолжителен карантин, бидејќи сите соседни земји на Австрија се сметаат за корона ризични земји.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) На жителите на Лос Анџелес им е наредено да останат во своите домови

Објавено пред

Градоначалникот на Лос Анџелес, Ерик Гарсети, објави итна наредба со која им се наложува на сите жители на градот да останат во своите домови поради зголемениот број случаи со коронавирус.

Наредбата стапува на сила веднаш.

Гарсети привремено ја повлече претходната наредба побезбеден дома и издаде нова неопходна за заштита на животот и имотот во градот, јавува „Ројтерс“, пренесе „Танјуг“.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Руската вакцина „Спутник 5“ на проверка во Србија

Објавено пред

Русија денеска ќе достави 20 дози од својата вакцина против коронавирус „Спутник 5“ до Српската агенција за лекови и медицински помагала (АЛИМС) за лабораториско тестирање, пишува „Новости“ и потсетува дека е предадена документација за регистрација и на вакцината што ја развија „Фајзер“ и „Бионтек“.

АЛИМС соопшти дека сите постапки во врска со контролата и регистрацијата на потенцијалната вакцина ќе се спроведат што е можно поскоро, бидејќи сите подготовки за тоа се веќе завршени.

Отворена е и можноста за заедничко руско-српско производство на „Спутник 5“, за што премиерката Ана Брнабиќ разговарала со рускиот министер за индустрија и трговија, пренесува „Новости“.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претходно најави дека можно е вакцинацијата да почне пред Нова година, а први што ќе ја примат вакцината ќе бидат здравствените работници.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион23 минути

Руската вакцина „Спутник 5“ на проверка во Србија

Русија денеска ќе достави 20 дози од својата вакцина против коронавирус „Спутник 5“ до Српската агенција за лекови и медицински...

Европа1 час

Германски експерти: Вакцинацијата може да потрае некое време

Експертите од германскиот државен епидемиолошки институт „Роберт Кох“ предупредија на прекумерна еуфорија поради вакцината за коронавирус, наведувајќи дека поради различни...

Свет2 часа

Пандемијата ќе има негативно влијание на фертилитетот во Европа, предупредуваат експертите

„Време е да станете мајка“, гласи пораката што стотици Португалки ја добија на своите мобилни телефони минатиот месец. Пораката испратена...

Свет2 часа

Франција ќе проверува џамии поради екстремизам

Француската влада во борбата против верскиот екстремизам ќе преземе низа акции, масовни и без преседан, меѓу кои и проверка на...

Регион2 часа

Силен земјотрес ја погоди Турција

Силен земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер утрово го погоди југоистокот на Турција. Управата за катастрофи и вонредни...

Европа13 часа

Белгија планира да почне со вакцинација од 5 јануари

Белгија планира да почне со вакцинација на 5 јануари доколку се одобри вакцина развиена против коронавирусот. Премиерот Александер де Кро...

Свет14 часа

Убиецот на словачкиот новинар осуден на 25 години затвор

Словачкиот Врховен суд го осуди убиецот на истражувачкиот новинар Јан Куцијак на 25 години затвор. Оваа пресуда на апелацискиот суд...

Спорт15 часа

Синот на Марадона бара Меси да се откаже од „десетката“ во чест на татко му

Диего Синагра, попознат како Диего Јуниор, синот на Диего Марадона, вели дека бил потресен од гестот на Лионел Меси со...

Македонија15 часа

946 нови случаи на Ковид-19 во земјата, починаа 33 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.564 тестирања, а регистрирани се 946 нови случаи на...

Македонија16 часа

Лингвистите апелираат: Не прифаќајте разговори за јазик, нација и историја

„Прифаќањето договори за добрососедство, анекси и слично, во кои македонскиот јазик ќе биде заменет со синтагми од типот – официјален...

Македонија19 часа

Сеизмолошка опсерваторија: Земјотресот во Скопје со јачина од 3,5 степени

Телеметриската сеизмолошка мрежа во Македонија објави дека денешниот земјотрес бил со јачина од 3,5 степени според Рихеровата скала. Епицентарот на...

Свет19 часа

Во Виена развиен најбрз тест за Ковид-19 во светот

На Виенскиот универзитет за технологија (ТУ Виен) е развиен нов метод на тестирање за коронавирус, кој е исклучително чувствителен и...

Македонија21 час

Пратениците да покажат бојадисано јајце за Велигден, бара опозицијата во еден од амандманите

Во еден од амандманите на опозицијата се вели дека за време на велигденските празници, пратениците кои ќе учествуваат во работата...

Македонија21 час

ИЈЗ: Се намалува бројот на новозаболени, расте бројот на оздравени пациенти

Бројот на новозаболени со коронавирус во периодот од 23 до 29 ноември се намалува, додека расте бројот на оздравени пациенти,...

Македонија21 час

Филипче: Го подготвуваме здравствениот систем за вакцинација за Ковид-19

Здравствениот систем го подготвуваме за вакцинација за Ковид-19. Ова ќе биде една од најголемите логистички операции која ќе треба да...

Македонија22 часа

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ не ги исплатила долговите за 270 уметнички слики со позлатени рамки

ВМРО-ДПМНЕ е партија во стечај со блокирани сметки и замрзнати недвижности, меѓу кои и мегаломанското квази барокно здание, седиште на...

Економија22 часа

Групацијата АРИКОМА ја купува компанијата „Сеавус“

Претставниците на Групацијата АРИКОМА (ARICOMA), која е дел од чешката Групација ККЦГ(KKCG) на Карел Комарек, најавуваат значаен чекор поврзан со...

Свет22 часа

Русија почна со вакцинација на војниците против коронавирус

Во Централниот воен округ на Русија почна вакцинација на војниците со вакцината против коронавирус „Спутник V“ и прво ќе се...

Регион23 часа

„Коха“: Тачи ќе го бранат пет адвокати во Хаг

Поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, ќе го бранат пет адвокати пред Специјалниот суд во Хаг, пишува „Коха“. Специјализираниот совет...

Свет23 часа

Интерпол предупредува на опасноста од лажни вакцини

Интерпол предупредува дека меѓународната мрежа на организиран криминал може да се насочи кон новите вакцини против Ковид-19. Како што е...

Досие