Контакт

Свет

Шведски весник ја нарече Русија историски непријател на Европа

Објавено пред

Новинарите на шведскиот дневен весник „Дагенс Нихетер” ја нарекоа русија историски непријател на Европа и ја повикаа ЕУ да се обединат против Москва.

Според авторот на статијата, американскиот претседател Доналд Трамп ги предал сојузниците од НАТО донесувајќи одлука да ги повлече трупите од Сирија, што на крај се претвори во триумф на Русија.

„САД, ‘рбетот на aлијансата, тукушто дезертираа од Сирија, оставајќи ги своите курдски сојузници во рацете на друга држава членка на НАТО, Турција. Главниот победник во оваа драма, Русија на Владимир Путин, е историски непријател“, се наведува во статијата.

Во текстот се вели дека европските чланки на НАТО немале „план Б” во случај на таков развој на настаните. Според шведските новинари, ЕУ сега треба да се обедини против рускиот сосед кој се зголемува на сметка на Блискиот Исток.

„Државите од ЕУ треба да се држат заедно и да ја користат својата економска сила. Тие треба да им се спротивстават на авторитарните сили и во Русија и во другите региони“, заклучува весникот.

Европа

Сведоштво на единствениот преживеан од украинскиот воен авион: „Беше како во компјутерска игра“

Објавено пред

Единствениот кадет кој го преживеа падот на украинскиот воен авион во близина на Харков, во разговор со претставниците на локалната администрација објаснил што се случувало во моментот на несреќата.

„Сè беше како во компјутерска игра“, рекол тој.

„Не се сеќава на сè. Во еден момент, тој ја изгубил свеста, а потоа кога се повратил, излегол од остатоците на авионот и започнал да го гасне пламенот од еден од неговите колеги”, изјавил шефот на администрацијата во Харков, Алексеј Кучер.

Воено-транспортниот авион „ан-26“ се урна во петокот вечерта во близина на градот Чугујев во областа на Харков за време на тренинг лет. Во авионот имало 27 лица: седум члена на екипажот и 20 кадети. Загинале 26.

Двајца кадети успеале да извлечат од авионот по паѓањето, но еден од нив починал во болница.

Вчера медиумите објавија дека најверојатна причина за падот на авионот бил проблем со моторот, а мајката на еден од загинатите пилоти ја потврди оваа теза, изјавувајќи дека нејзиниот син ден пред несреќата ѝ рекол дека авионот не е во добра состојба и дека моторите откажуваат.

Прикажи повеќе...

Регион

Италија: Голема акција против шверц на дрога, се бараат 117 Албанци

Објавено пред

Италијанското обвинителство заврши со прелиминарната истрага против голема мрежа на шверцери на дрога од дури десет држави, а осомничени се вкупно 237 лица.

Меѓу нив има 117 Албанци.

За време на т.н. „Операција Крабурун“, италијанската полиција открила како функционира мрежа на шверцери на кокаин, хероин и марихуана, кои дрога во Италија доставувале од Албанија, Турција, Холандија, Шпанија, Белгија, Македонија, Хрватска, Франција и Германија.

Лидерите на оваа организација, според италијанските власти, се Франческо Абрузезе, Масимо Албанезе и Албанците Едмонд и Алфред Беќири, Ндуе Сокољи и Арбен Вељико.

Сите 237 наводни шверцери на дрога се осомничени и за производство на супстанци, кои пред продажбата ги мешале со хероин.

Прикажи повеќе...

Европа

Руски научник: Две недели по примањето на вакцината се создаваат антитела во организмот

Објавено пред

Ринат Максјутов, генералниот директор на државниот Институт за вирусологија и биотехнологија „Вектор“, кој ја развива втората вакцина против коронавирусот во Русија, вели дека под одредени услови можно е да се стекне доживотен имунитет против Ковид-19.

Во интервју за руската државна телевизија Русија 1, Максјутов ијави дека пациентот може да добие доживотен имунитет на инфекцијата доколку прележи потешка форма на болеста.

„Со одредени карактеристики на имунолошкиот систем, ако некое лице имало тешка форма на Ковид-19, тоа може да развие доживотен имунитет на инфекцијта“, смета Максјутов.

Давајќи информации за вакцината изработена од институтот „Вектор“, тој истакнал дека антителата против Ковид-19 почнуваат да се развиваат 14 дена по првата вакцина, но заштитниот титар се развива по втората вакцина. Интервалот помеѓу двете вакцини бил 21 ден.

Наведувајќи дека институтот „Вектор“ планира да лансира две вакцини кои спречуваат корона, генералниот директор додал дека овие две вакцини, кои ќе ги користат цивили, се избрани од шест претходно развиени платформи.

Постапката за регистрација на првата вакцина против вирусот, што ја разви центарот „Вектор“, треба да заврши до 15 октомври.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа2 часа

(Видео) Лондон: Илјадници луѓе протестираа против рестриктивните мерки, полицијата принудена да интервенира

Британската полиција денеска ги растури демонстрациите во центарот на Лондон против рестрикциите наметнати поради коронавирусот. Полицијата интервенираше откако насобраните ги...

Македонија4 часа

141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.559 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на...

Македонија4 часа

(Видео) Протест против полициската бруталност во Битола: „Сакаме правда, и Ромите се граѓани“

Со извикување на паролите „И Ромите се граѓани“, „Нема правда, нема мир“, „Правда за Ромите“, „Роми полицајци“ денеска во Битола...

Свет5 часа

Астронаутка ќе гласа од вселената на изборите во САД

Астронаутката на НАСА, Кејт Рубинс, рече дека ќе гласа од вселената, на повеќе од 300 километри над Земјата, на претстојните...

Македонија6 часа

(Видео) Пендаровски и Пахор во Кампот за обука на вода во Охрид

Претседателот и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски и претседателот на Република Словенија, Борут Пахор денеска во Охрид го...

Свет6 часа

Украинскиот претседател бара објективна истрага за падот на авионот

Украинскиот претседател Володомир Зеленски изјави дека ќе се испитаат брзо и непристрасно причините за падот на воениот авион во кој...

Топ7 часа

Приведени 10 лица поради нападот на полицајци во Прилеп

ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против 10 лица, и тоа: Е.Е.(28), Е.И.(30), Ф.Ќ.(37), С.А.(40), Ф.Ќ.(43),...

Топ8 часа

Приведени двајца скопјани – удриле во полицаец додека мерел со радар

Двајца скопјани се приведени откако удриле во сообраќаен полицаец во Скопје. Како што информира МВР, приведени се А.Д.(19) и К.М.(21)...

Македонија9 часа

МОН: Националната платформа достапна за учениците и родителите

Веб-страницата на Единствената национална платформа за онлајн учење од полноќ е веќе достапна за корисниците преку адресата www.schools.mk. Со цел...

Свет9 часа

По терористичкиот напад во Париз – уапсен главниот осомничен, приведени уште 6 лица

Седум лица се приведени за нападот пред поранешните канцеларии на сатиричниот неделник „Шарли Ебдо“, соопштија официјалните лица. Маж вооружен со...

Свет11 час

(Видео) Се урна воен авион во Украина – загинаа 25 лица

Воен авион АН-26 се урна во близина на градот Чугуев во регионот Харков, јавува агенцијата Депо Харков, повикувајќи се на...

Македонија11 час

Протест против полициската бруталност во Битола

Повеќе граѓански организации за денеска во Битола најавија протест против полициската бруталност, за кој повод е завчерашниот инцидент во кој...

Европа12 часа

Франција бара Брисел да ја принуди секоја членка на ЕУ да прими мигранти

Франција побара секоја земја членка на ЕУ да биде принудена да преземе дел од илегалните мигранти што пристигнуваат на европска...

Свет13 часа

Институт „Гамалеја“: Некои вакцинирани лица развиваат заштитни антитела по првата доза

Александар Гинтсбург, директор на рускиот институт „Гамалеја“, кој ја разви првата регистрирана вакцина против Ковид-19, изјави за „Спутник“ дека вакцинираните...

Топ21 час

Тројца осомничени за производство и продажба на марихуана, едниот фатен додека ги кастрел стеблата во Визбегово

Скопското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против тројца 38-годишници за неовластено производство и продажба на марихуана. За таа...

Економија22 часа

Четвртиот пакет мерки е во вредност од 350 милиони евра

Вкупната вредност на четвртиот пакет изнесува околу 350 милиони евра од кои 264 милиони се од Буџетот на државата и...

Европа23 часа

СЗО: Во Европа се зголемува заразата со коронавирусот

Брзината на пренесување на Ковид-19 и хоспитализацијата растат во Европа, предупреди директорот на Светската здравствена организација за вонредни ситуации, Мајкл...

Македонија1 ден

Пахор со поддршка за членството во ЕУ: „Не смее да има одложување на меѓувладината конференција“

Словенија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на патот кон полноправно членство во Европската Унија, истакна претседателот на Словенија,...

Македонија1 ден

Починаа 9 лица, регистрирани 143 новозаразени

Во последните 24 часа се направени 1.504 тестирања, а регистрирани се 143 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија1 ден

(Видео) Кривична пријава и суспензија за полицаецот кој претепа Ром во Битола

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички стандарди и професионални истраги во МВР поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење...

Досие