Контакт

Свет

Шведски мигрант претепан додека штител црква од опожарување

Објавено пред

Насилна толпа во шведската општина Ронеби брутално претепала момче кое се обидувало да спречи палење на црква за време на немирите, пренесува Шведското радио.

Наем Суфан, кој бил повреден заедно со полицаец, вели дека видел неколку млади луѓе кои протестирале во саботата вечерта и се обиделе да ја нападнат црквата.

„Бев во црквата во 21 часот и 50 минути и видов луѓе кои се обидоа да ја запалат. Имаше многу млади и возрасни. Затоа застанав пред вратата и реков: „Не можете да го направите тоа“. Потоа го изгаснав огнот со јакната, но тие почнаа да ме клоцаат и да ме тепаат. Се обидоа да влезат во црквата, но не можеа да ја отворат вратата “, вели Суфан.

Суфан објасни дека демонстрантите биле бесни што тој ја штити црквата.

„Ме прашаа: Ја браниш црквата? Потоа почнаа да ме клоцаат, да ме удираат сè додека моето рамо целосно не попушти. Воопшто не го чувствувам“, раскажува тој.

Суфан, кој и самиот е мигрант, вели дека не е задоволен од однесувањето на новодојденците во Шведска.

„Целосно сум разочаран кога гледам мигранти како го прават ова. Јас сум мигрант. Не разбирам, Шведска ни даде сè. Ни дадоа мир. Дојдовме од војна, ние не треба да создаваме војна тука “, рече тој.

Немирите и обидот за палење на црквата во општината доаѓаат само неколку дена откако седум дена по ред беше вандализирана црквата во Малме. Малме беше сведок и на масовни немири минатиот викенд откако активисти против исламот запалија копија од Куранот. Најмалку 300 луѓе се собраа, запалија возила и други предмети и фрлаа камења кон полицијата.

 

Европа

Две волонтерки претрпеле невролошки проблеми по примањето на оксфордската вакцина

Објавено пред

Две лица се разболеле за време на испитувањето на вакцината против коронавирусот на компанијата „АстраЗенека“ во Велика Британија, откриваат извештаите на компанијата, а извори велат дека и двете претрпеле сериозни невролошки проблеми.

Фирмата објави детали од истражувањето во саботата, откако се соочи со низа критики за недостаток на транспарентност кога станува збор за испитувањето.

„АстраЗенека“ вакцината ја развива во соработка со универзитетот Оксфорд, а претходно една од волонтерките се разболе откако во јули примила доза од потенцијалната вакцина.

Подоцна на една жена и беше дијагностицирана ретка болест која влијае на ‘рбетниот мозок, предизвикувајќи слабост, сензорни промени и дисфункција на автономниот нервен систем.
Портпаролката на компанијата за медиумите изјавила дека волонтерката имала недијагностицирана мултиплекс склероза, па испитувањето продолжило.

Другка волонтерка имала компликации откако прими доза од вакцината во септември. „АстраЗенека“ не ја потврди нејзината дијагноза, но извор за „Њујорк Тајмс“ рекол дека станува збор за истото невролошко заболување како волонтерката од првиот случај.

Истражувањето било запрено на 6 септември, откако се разболела и втората жена, но во Велика Британија, Бразил, Индија и Јужна Африка, продолжило само по една недела. САД, сепак, сè уште не даваат зелено светло за да продолжи тестирањето.

„АстраЗенека“, својата потенцијална вакцина ја примени врз околу 18.000 луѓе ширум светот, во внатрешните документи вели дека двата случаи на заболување „веројатно не биле поврзани со вакцината односно дека нема доволно докази и не може со сигурност да се каже дали болеста е поврзана со вакцината или не“.

Станува збор за сериозна и ретка болест, а нејзината појава меѓу волонтерите во истражувањето може да доведе до тоа компанијата да ја загуби трката за развој на вакцина.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Бугарија 44 новозаболени и шестмина починати од коронавирус

Објавено пред

Во последните 24 часа во Бугарија се потврдени 44 нови случаи со коронавирус, врз основа на 1.249 тестирани примероци.

Уште шест лица починаа, објавено е на официјалната веб-страница за следење на епидемијата.

Најголем број на новоинфицирани има во Софија, девет.

Во моментов во Бугарија има 4.522 активни случаи, пренесува БТА.

Од почетокот на епидемијата во Бугарија се регистрирани 18.863 случаи на коронавирус, а починале 761 лице.

Прикажи повеќе...

Свет

Во Кина 12 новозаболени, властите не ги бројат асимптоматичните случаи

Објавено пред

Во последните 24 часа во Кина се регистрирани 12 нови случаи на коронавирус и 25 асимптоматични случаи, кои кинеските власти не ги внесуваат во официјалната статистика.

Како што објави Националната здравствена комисија, во истиот период не биле евидентирани смртни случаи, пренесува TАСС.

Додадено е дека се увезени сите нови случаи на вирусот Ковид-19.

Од почетокот на пандемијата во Кина се заразени 85.291 лица со коронавирус, од кои 2.742 се увезени, односно се евидентирани меѓу патници од странство.

4.634 лица починаа, а моментално се активни 173 случаи, од кои два се во критична состојба.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа4 минути

Две волонтерки претрпеле невролошки проблеми по примањето на оксфордската вакцина

Две лица се разболеле за време на испитувањето на вакцината против коронавирусот на компанијата „АстраЗенека“ во Велика Британија, откриваат извештаите...

Економија14 минути

Сојузот на стопански комори предложи 25 мерки за економски спас

Сојузот на стопански комори на Македонија, минатата недела достави 25 мерки за економски спас, кои очекува Владата, да ги усвои...

Македонија22 минути

Приведено лицето што нападна лекар на Токсикологија, Филипче го осуди инцидентот

Приведено е лицето кое вчера го нападна дежурниот лекар на Клиниката за токсикологија, бидејќи го препратил неговото малолетно дете на...

Свет2 часа

Гутереш: Ширете го мирот за да се борите против коронавирусот

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во своето годишно обраќање во Генералното собрание на светската организација истакна дека повторно ќе...

Свет2 часа

Се урна зграда во Мумбај, загинаа најмалку осум луѓе

Најмалку осум луѓе загинаа во Индија, во уривање на станбена зграда, што се случило рано утрово, пренесуваат локалните медиуми. Според...

Македонија2 часа

Денеска ќе се одлучува дали ќе има дневен престој во училиштата

Комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе расправа за воведување целодневен престој во училиштата. Директорот на Здравствен дом Скопје,...

Свет15 часа

САД постигнаа нов рекорд со повеќе од еден милион тестови дневно

САД поставија нов рекорд со повеќе од милион тестови за коронавирус за еден ден, но експертите велат дека им требаат...

Македонија17 часа

Четири лица починаа од коронавирус, потврдени се 178 нови случаи

Во последните 24 часа од коронавирус во Македонија починаа четири лица, а потврдени се 178 нови случаи од 1.368 тестови,...

Македонија19 часа

Родилка и нејзиното бебе починаа на Клиниката за гинекологија, внатрешна контрола го испитува случајот

Родилката која заедно со нејзиното бебе вчера попладне починаа на Клиниката за гинекологија не знаела во која недела е од...

Регион22 часа

(Видео) Пронајдена трета жртва по ураганот во Грција, маж загинал кога врз него паднал покрив

Ураганот Јанош, кој ја погоди Грција, ја однесе и третата жртва во Тесалија во централниот дел на земјата, објавија денеска...

Македонија23 часа

Холштајн: Во интерес на Бугарија е да не го блокира проширувањето на ЕУ во овој регион

Билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка за проширување на ЕУ, изјави германската амбасадорка во земјава, Анке...

Македонија1 ден

Пендаровски до Вартоломеј: Нашите православни христијани да бидат еднакви со другите во светот

Претседателот Стево Пендаровски, по повод почетокот на Новата црковна година, упати писмо до Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов...

Македонија1 ден

Комисијата одлучува за целодневна настава

Комисијата за заразни болести вчера и денеска ја разгледува можноста за воведување целодневна настава во основните училишта од 1 октомври....

Култура1 ден

Лауреатот на Златна камера 300, Камински со порака на „Браќа Манаки“: Едвај чекам да се видиме во Македонија

На синоќешниот настан за одбележување на 41. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој се одржа во...

Економија1 ден

СДСМ: Владата помага со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки

Владата им помага на граѓаните и стопанството со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки, велат од СДСМ преку...

Свет2 дена

Пакет со отров испратен до Доналд Трамп

Пакетот, кој содржи отровен рицин, е испратен до претседателот Доналд Трамп, пренесува „Си-ен-ен“.Двајца полицајци го пријавиле случајот. Извршени се два...

Свет2 дена

Борис Џонсон: Доаѓа вториот бран на епидемијата

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека вториот бран на епидемија на коронавирус пристигнува во Велика Британија. Говорејќи во центарот за...

Култура2 дена

„Браќа Манаки“ во Битола – годинава без црвен тепих, но традицијата продолжува

Претседателот Стево Пендаровски вечерва, во Пациото на НУ Завод и музеј Битола, присуствуваше и се обрати на 41. Издание на...

Свет2 дена

Хаос во Лондон поради рестриктивните мерки: судири меѓу полицијата и демонстрантите

Полицијата во Лондон се судри со демонстрантите против рестриктивните мерки насочени кон спречување на ширењето на коронавирусот. Повеќе од 1.000...

Топ2 дена

Едно лице загина во возило кое излета на патот Неготино – Кавадарци, повредени уште тројца од семејството

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со ОВР Неготино, изврши увид на лице место, каде денеска во...

Досие