Контакт

Европа

Шведски фирми преговараат со Русија за производство на вакцината „спутник В“

Објавено пред

Координаторот за вакцинациј,а Ричард Бергстром, потврди дека неколку шведски компании разговараат со Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ) за можноста за почнување на производството на руската вакцина „спутник В“, пренесува ТАСС.

„Во тек се сериозни преговори помеѓу РДИФ и некои производители во Шведска. Не можам да кажам ништо повеќе од тоа“, изјави Бергстром за шведскиот дневен весник „Дагенс нехтер“.

ТАСС известува дека шведскиот официјален претставник објаснил дека тоа не значи автоматски дека руската вакцина ќе се купува за потребите на Швеѓаните и нагласи дека земјата ќе може да ја купи „спутник В“ само откога вакцината ќе биде одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА).

РДИФ веќе постигна договор со компании во Италија, Шпанија, Франција и во Германија за почнување на производството на „спутник В“.

ТАСС наведува дека ЕМА на 4 март објавила дека повела постапка за детален преглед на „спутник В“ и дека руската вакцина досега ја регистрирале 50 земји со вкупно 1,3 милијарда жители.

Европа

Меркел: Ќе стојам настрана во врска со кандидатот за канцелар

Објавено пред

По веста во светот дека Армин Лашет е новиот кандидат на Демохристијанската партија за нов канцелар на Германија, сите очекуваа Ангела Меркел да се огласи по повод неговата кандидатура.

Како дел од денешното обраќање на Меркел за моментната состојба во врска со коронавирусот во земјата, многумина очекуваа коментар за кандидатурата за претстојните избори, но таа на медиумите им даде само кус коментар – дека не сака да се меша во прашањето кој ќе биде кандидат на ЦДУ/ЦСУ за иден канцелар.

„Сакав, сакам и ќе останам настрана“, рече таа.

Една од причините зошто јавноста сакаше да го коментира изборот на кандидат на нејзината партија е неодамнешниот конфликт што го имаше со Лашет.

Тој се судри со Меркел за антиепидемиските ограничувања, а популарноста што ја уживаше како премиер на Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, беше компромитирана од хаотичното управување со пандемиската криза.

Многу конзервативци се нервозни за изборите во септември бидејќи Ангела Меркел ги предводеше во четири изборни победи. Таа не поддржа експлицитно ниеден од кандидатите, но навести дека ќе му ја даде својата поддршка на лидерот на ЦДУ.

Прикажи повеќе...

Европа

Германската влада ќе побара привремени овластувања од Бундестагот

Објавено пред

Откога неколку германски покраини не ги спроведоа договорените мерки против ширењето на третиот бран на коронавирусот, владата во Берлин ќе побара од Бундестагот да ѝ даде привремени овластувања за да може да спроведува мерки на блокада во целата земја.

Кабинетот на канцеларката Ангела Меркел се залага за итни измени на законот за заштита од зараза, со цел на федералната влада да ѝ се дадат поголеми овластувања за воведување мерки во одредени ситуации, пренесува „Ројтерс“.

Новиот закон, кој ќе овозможи поголеми федерални овластувања, вклучително и воведување полициски час од 21 до 5 часот наутро, ќе се применува во ситуации кога бројот на заразени на 100.000 жители три дена по ред надминува 100.

Прикажи повеќе...

Европа

Русија ги предупреди САД: Избегнувајте го Крим за сопствено добро

Објавено пред

Русија ги предупреди САД американските воени бродови да го избегнуваат Крим за нивно добро, а другите земји добија предупредување да не ја снабдуваат Украина со оружје.

Два американски воени брода треба да пристигнат во Црното Море неделава во контекст на ескалацијата на конфликтот во источна Украина, каде што владините сили се борат против проруските сепаратисти. Во конфликтот досега загинаа 14.000 лица.

Москва го анексира Крим од Украина во 2014 година.

Западот предупредува дека Русија во последно време трупа воени сили во близина на источната граница со Украина и на Крим. Кремљ на тоа одговара дека има право да ги преместува своите сили како што мисли дека е потребно, особено за одбранбени цели.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, ги предупреди американските воени бродови во Црното Море да се држат на дистанца истакнувајќи дека ризикот од инциденти е многу висок, пренесоа руските новински агенции.

„Американските бродови немаат апсолутно ништо да бараат на нашите брегови, тоа е чиста провокација. Провокација во буквална смисла на зборот: тие ја тестираат нашата сила, си играат со нашите нерви. Тоа нема да успее“, рече тој.

„Ги предупредуваме САД дека ќе им биде подобро да се држат далеку од Крим и од нашиот брег на Црното Море. Тоа е за нивно сопствено добро“.

Од Пентагон не сакале да го коментираат испраќањето бродови велејќи само дека американската војска рутински испраќа бродови во регионот.

Руската Црноморска флота е со седиште во Крим, каде што има моќни ракети и радари. Русија исто така предупреди да не се продава оружје на Киев.

„Ги повикуваме сите одговорни земји со кои комуницираме, а Турција е една од нив, дека силно препорачуваме да ја анализираат ситуацијата и постојаните воинствени изјави на Киев и исто така ги предупредуваме да не ги разгоруваат овие милитаристички аспирации“, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во понеделникот.

Турција испорача воени дронови во Киев за кои беше потпишан договор во 2019 година.

Шест од нив се веќе доставени, пренесуваат медиумите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Државните функционери ќе имаат ограничување на трошоците за угостителски услуги

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои oдлуката за начинот на користење и висината на финансиските средства за угостителски...

Македонија2 часа

Нови 1.129 заболени и 27 починати од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 4.045 тестирања, а регистрирани се 1.129 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 458,...

Македонија5 часа

Мијалков останува во притвор поради опасност од бегство

Кривичниот суд му определи притвор на Сашо Мијалков, кој му е одреден сѐ до почнување со издржување на казната затвор....

Македонија6 часа

(Видео) Пресуди за „Трезор“: Мијалков осуден на 8 години затвор, а бегалецот Грујевски на 15 години

Првообвинетиот и ексдиректор на УБК, Сашо Мијалков, е осуден на осум години казна затвор во случајот „Трезор“. Во отсуство поради...

Европа7 часа

ЕУ: Ковид-пасошите ќе важат за сите вакцини, а и за граѓаните од трети земји

Дигиталните т.н. зелени сертификати, кои треба да станат оперативни во ЕУ до почетокот на летото, ќе бидат издавани за сите...

Македонија8 часа

Цените за лекување од Ковид-19 во приватните болници ќе се ограничат на 5.000 евра

Министерот за здравство, Венко Филипче, преку социјалните мрежи најави дека на денешната владина седница на дневен ред ќе бидат измените...

Топ8 часа

Во „хамер“ на тетовски дилер пронајдени 100 пакувања кокаин

Во вечерните часови на 12 април, на паркинг од фирма во тетовското село Порој, полицијата го уапсила 31-годишниот дилер А....

Европа9 часа

(Видео) Славење на британските улици, земјата излезе од четиримесечна блокада

Граѓаните на Велика Британија уживаа во своето прво ноќно излегување по неколку месеци. Со оглед на успешниот процес на имунизација,...

Свет10 часа

СЗО: Ова не е ситуација во која сакаме да бидеме

Светската здравствена организација предупредува дека пандемијата на коронавирусот расте експоненцијално. Светската организација претходно објави дека се очекува зголемување на бројот...

Македонија10 часа

Денеска се очекува пресуда за предметот „Трезор“

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за предметот „Трезор“, кој се однесува на злоупотреба...

Свет10 часа

(Видео) Во САД убиен млад црнец – полицајката мислела дека користи пиштол за електрошокови, а не вистински

Фатално пукање во Минеаполис во кое 20-годишен црнец го загуби животот се чини дека се случило откако пиштолот случајно пукнал...

Регион11 час

Фајон: Неодговорното однесување на премиерот на Словенија може да доведе до нова војна на Балканот

Коментирајќи го наводното постоење нон-пејпер на словенечкиот премиер Јанез Јанша, европратеничката Тања Фајон рече дека неодговорното однесување во врска со...

Европа11 час

Словенија загрижена: Луѓето намерно се заразуваат со коронавирус за да може полесно да патуваат

Словенија е загрижена поради опасен тренд што се шири меѓу луѓето со намерно инфицирање со коронавирусот со цел да стекнат...

Свет12 часа

(Видео) Пукање во американско училиште, едно лице убиено, а еден полицаец е ранет

Ученик, кој отворил оган во средно училиште во Ноксвил, Тенеси, беше убиен, а неколку лица, вклучувајќи и полицаец, беа повредени...

Регион23 часа

(Видео) Суспендирани двајца полицајци кои во Мостар претепаа момче поради кршење на мерките

Главна тема во БиХ деновиве е видеото снимено во Мостар на кое се гледа како двајца полицајци брутално тепаат момче....

Свет1 ден

Директорот на СЗО: Контрола над пандемијата е можна за неколку месеци, ако се почитуваат мерките

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, денес изјави дека проблемот со пандемијата на Ковид-19 сè уште не...

Топ1 ден

Од автомобил паркиран зад полициска станица украл службени легитимации и картичка за влез во МВР

Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвинение против 47-годишник, кој на 28 март извршил тешка кражба во близина на полициската станица...

Македонија1 ден

34 починати и 193 нови случаи на Ковид-19

Од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа се направени 1.192 тестирања, а регистрирани се 193 нови случаи...

Свет1 ден

Експертите посочуваат дека ни доаѓа нов супер коронавирус, комбинација од 18 мутации

Нов супер сој на коронавирусот во Бразил е комбинација од 18 мутации вклучувајќи ги таканаречените соеви на Бразил, Велика Британија...

Македонија1 ден

Нови 30 дена притвор за Камчев

Основниот кривичен суд Скопје му го продолжи притворот за дополнителни 30 дена на бизнисменот Јордан Камчев. „Кривичниот совет при Основниот...

Досие