Контакт

Свет

Шест муслимани уапсени во Индија, принудувале жена хиндуист да премине во ислам

Објавено пред

Шест муслимани се уапсени во индиската држава Утар Прадеш во случајот поднесен врз основа на новообјавената уредба против незаконските преобратувања, пренесува НДТВ.

Полицијата во областа Етах во Утар Прадеш соопшти дека случајот е поведен кога 21-годишна жена исчезнала, а нејзиниот татко поднел тужба во која се тврди дека неговата ќерка била киднапирана од муслиман и од неговите роднини. Тој тврди дека станува збор за принудно преобратување во ислам и брак.

Жената хиндуист и нејзиниот муслимански сопруг засега не се пронајдени, но полицијата објави награда од 25.000 индиски рупии (околу 338 американски долари) за петмина други обвинети во случајот.

Иако извештајот за исчезнатата девојка бил регистриран на 25 ноември, Првиот информативен извештај (ФИР) според Законот против незаконското преобратување бил поднесен речиси еден месец подоцна, а полицијата не го објасни доцнењето.

Новиот Закон против незаконското преобратување, кој стапи во сила на 28 ноември, досега поттикна шест полициски жалби (ФИР), 29 лица беа осудени за прекршоци. 15-ина лица, сите муслимани, се уапсени во државата Утар Прадеш.

Законот против незаконското преобратување се најде на удар од разни страни во Индија, а многумина го критикуваа за кршење на основните права на граѓаните. Од многумина, како поранешни судии, е оценет како неуставен.

Регион

Курти свика седница на Советот за национална безбедност на Косово

Објавено пред

Косовскиот премиер, Албин Курти, ги повика на состанок членовите на Советот за безбедност на земјата по случувањата на северот од Косово, објавуваат косовските медиуми.

На состанокот ќе се разговара за тензиите по одлуката на владата на Курти за примена на реципроцитет со Србија за регистерските таблички на возилата.

Кризата се продлабочи во текот на минатото деноноќие, откако непознати сторители запалија центар за регистрација на возила во рамки на општинскиот објект во Зубин Поток и фрлија експлозивни направи во таков центар во Звечане.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Хаос на бензинските пумпи во Велика Британија поради недостаток на гориво

Објавено пред

Во Велика Британија владее паника поради недостаток на гориво, што создаде големи редици на бензинските пумпи.

Полицијата беше приморана да интервенира и да воведе ред.

Владата ги повика возачите „да продолжат со вообичаеното полнење на горива“. Стотици бензински пумпи сега планираат да воведат ограничување од 30 фунти за полнење гориво по возач, за да се осигура дека секој има „фер шанса да наполни гориво“.

Тука нема да спаѓаат возачите на камиони и итните служби поради нивната витална улога.

Голем број возачи вчера ги блокираа патиштата во страв поради недостаток на гориво.

Британскиот премиер, Борис Џонсон, се согласи привремено да ги олесни правилата за имиграција, така што странските возачи на камиони ќе можат да работат во Британија за да помогнат во оваа криза.

Обединетото Кралство во петокот соопшти дека ќе го реши проблемот со недостатокот на возачи на камиони-цистерни за испорака на нафта и бензин, што предизвикува растечки проблеми во синџирите на снабдување со гориво.

Се проценува дека Велика Британија треба да увезе околу 100.000 возачи за нормализирање на ситуацијата, откако 25.000 се вратија во Европа пред Брегзит, а пандемијата го запре процесот на пристигнување на нови возачи, околу 40.000 од нив.

Прикажи повеќе...

Свет

Норвешка ги укина сите ковид мерки

Објавено пред

Во Норвешка од денеска се укинати сите рестриктивни мерки воведени поради пандемијата на коронавирус, објави владата.

„Поминаа 561 ден откако ги воведовме најстрогите мерки во Норвешка во период на мир. Сега е време да се вратиме на нормалниот живот“, рече премиерката Ерна Солберг.

Напуштањето на мерките за физичко растојание ќе им овозможи на спортските и културните институции да се вратат во полн капацитет, а рестораните и ноќните клубови ќе работат како претходно.

Најмалку една доза од вакцината против Ковид-19 примиле 76 проценти од сите Норвежани, а 67 проценти се целосно вакцинирани, според податоците на Норвешкиот институт за јавно здравје.

Во регионот, Данска ги укина сите рестриктивни мерки на 10 септември и оттогаш бројот на заразени во таа земја постојано опаѓа – на денот на укинувањето пред две недели имаше 557, а во четвртокот 341 случај. Данска, исто така, има високо ниво на вакцинација на населението. Вакцинирани се 86 проценти од оние над 12 години, односно 95 проценти од оние над 50 години.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Регистрирани 392 нови случаи на коронавирус, починаа 20 лица

Во последните 24 часа направени се 4.633 тестирања, а регистрирани се 392 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 180, Куманово...

Македонија6 часа

Заев за виенски „Стандард“: ЕУ треба да го забрза процесот на донесување одлуки

„Понекогаш членките на ЕУ ја забораваат причината зошто работиме заедно, а тоа е затоа што сме заемно корисни. ЕУ е...

Европа7 часа

(Видео) Ерупцијата на вулканот на шпанскиот остров влезе во најинтензивната фаза

Реки лава течеа низ вулканот на шпанскиот остров Ла Палма ноќта помеѓу петокот и саботата, поради што локалниот аеродром беше...

Регион11 час

Татко си ги задавил трите деца во Загреб, oставил писмо на „Фејсбук“

Три малолетни деца биле задавени од страна на нивниот татко во стан во Загреб, во населбата Млинови. Полицијата на местото...

Европа11 час

Кој ќе ја наследи Меркел: Изборите се неизвесни, постизборните сојузи се уште понеизвесни

Околу 60,4 милиони Германци в недела, 26 септември на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот,...

Македонија12 часа

Заклучен избирачкиот список, кампањата почнува в понеделник

Државната изборна комисија го заклучи избирачкиот список, со што од понеделник почнува кампањата за локалните избори закажани на 17 октомври....

Македонија12 часа

Досега се попишани околу 1,4 милион граѓани, пописот ќе заврши во четврток

Заклучно до вчера до 12 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435.000 домаќинства и над 600.000 станови, а се...

Македонија1 ден

Нови 525 случаи на коронавирус, починаа 12 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 525 нови случаи на коронавирус, 449 оздравеа, а 12 лица починаа, информира...

Македонија1 ден

Осумдесет oтсто од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани од позитивни случаи на Ковид-19 во периодот од 6 август заклучно со...

Македонија1 ден

Еврејската заедница во Македонија смета дека со бришењето на терминот „бугарски“ се искривува историската вистина

Eврејската верска заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија велат дека не се согласуваат со намерата за бришење...

Европа1 ден

Норвешка од утре ги укинува сите ковид-мерки

Норвешка ќе ги укине сите рестриктивни мерки воведени поради пандемијата на коронавирус, објави владата. „Поминаа 561 ден откако ги воведовме...

Европа1 ден

„Епл“ реагира на одлуката дека во ЕУ ќе мора да има универзален полнач за сите мобилни телефони

Европската Унија денеска објави дека ќе нареди воведување на универзални полначи за мобилните телефони. Овој потег го налути „Епл“, кој...

Топ1 ден

Работник од Скопје почина при пад од зграда во изградба

Градежен работник паднал и починал додека работел на зграда во изградба во Гази Баба. Според информациите, се работи за М.Ц....

Македонија1 ден

Јавни обвинители ќе следат дали има нерегуларности на локалните избори, формирана е привремена комисија

Јавниот обвинител донесе одлука за формирање привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со локалните избори закажани за 17...

Македонија1 ден

Притвор за кумановската докторка која барала поткуп од 200 евра од пациенти за да ги оперира

Кумановското обвинителство поведе постапка против кумановска докторка на возраст од 51 година, вработена во „Општа болница Куманово“- очно одделение, поради злоупотреба...

Свет2 дена

Поранешниот каталонски лидер уапсен на Сардинија

Водачот на каталонските сепаратисти Карлес Пучдемон беше уапсен од италијанската полиција на Сардинија, пренесува „Ројтерс“. Шпанија го обвини Пучдемон за...

Македонија2 дена

Гутереш и Пендаровски разговараа за преспанскиот договор и бугарското вето

Средба на претседателот Пендаровски со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на...

Свет2 дена

Напад во САД, еден загинат и 14 повредени во маркет

Едно лице загина, а 14 се повредени во напад што се случи во градот Колиервил, недалеку од Мемфис во американската...

Македонија2 дена

Регистрирани 526 нови случаи на коронавирус, починаа 28 лица

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.632 тестирања, а регистрирани се...

Свет2 дена

Гутереш предупреди на потенцијална нова студена војна помеѓу Кина и САД: „Мора да ја избегнеме“

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди на потенцијална нова студена војна помеѓу Кина и Соединетите Американски Држави и...

Досие