Контакт

Вести

Шест хуманитарци убиени во Јужен Судан

Објавено пред

Шест хуманитарни работници се убиени во Јужен Судан, објавија во неделата Обединетите нации оценувајќи дека станува збор за најтешкиот напад врз уманитарците во повеќе од три години бруталната граѓанска војна која предизвика глад во земјата.

„Ужаснат и гневени сум поради ова срамно убиство на шесте хуманитарни работници во саботата во Јужен Судан“, наведе во писмената изјава Јуџин Овусу, од Бирото за координација на хуманитарните активности на ОН, објавена од јужносуданската престолнина Џуба, и додаде дека „целосно е неприфатливо во моментот кога хуманитарните потреби достигнаа незабележано ниво, да бидат нападнати и убиени оние коишто се обидуваат да помогнат“.

Хуманитарците, тројца Кенијци и тројца државјани на Јужен Судан, се убиени додека патувале од главниот град Џуба кон Прибор, во сојузната држава Бома, на истокот од земјата, додека патувале со колона транспортни возила, пренесува AFP. Нивното возило било запрено од засега непознати напаѓачи кои ги извлекле надвор и ги застрелале од огнено оружје, додава агенцијата повикувајќи се на неименуван извор.

Обединетите нации оценија дека ова е најкрвавиот напад врз хуманитарните работници од почетокот на конфликтот во Јужен Судан во 2013 година.

Севкупно, во оваа африканска земја за повеќе од три години убиени се најмалку 79 активисти и работници на меѓународните и локалните хуманитарни организации, кои му укажуваат помош на локалното население. Седумнаесет од нив се убиени во последните три месеца, истакнуваат од ОН. Покрај тоа, од почетокот на годинава во Јужен Судан се извршени осум напади врз хуманитарните конвои. Светската организација потсетува дека нападите врз хуманитарниот персонал може да се смета за воено злосторство.

Се проценува дека во моментов околу 100.000 луѓе гладуваат во Јужен Судан, а гладот им се заканува на околу милион жители. Според процените на ОН, на 6,2 милиони жители на оваа земја им е потребна помош во храна, односно на околу половината од вкупното население.

Властите се обвинети дека им попречуваат на хуманитарните организации пристап во некои области, повеќето кои се под контрола на бунтовниците. ОН на 20-ти февруари годинава прогласи глад во некои северни делови ја Јужен Судан.

Конфликтот во Јужен Судан започна кон средината на декември 2013 година, меѓу припадниците на племето Динка, од кое потекнува претседателот Салва Кир, и племето Нуер, од коешто потекнува неговиот поранешен заменик Риек Машар, кој го предводеше бунтот.

И покрај мировниот договор потпишан во август 2015 година, во јули минатата година во главниот град Џуба беа обновени жестоките судири. Според податоците на ОН, во текот на конфликтот во земјата, којашто се здоби со независност во 2011 година, загинале најмалку 10.000 луѓе.

На 23-ти март Советот за безбедност при ОН побара итен прекин на огнот и создавање на услови за непречено и безбедно доставување на хуманитарна помош за населението, заканувајќи со воведување санкции против завојуваните страни./крај/мф/сн

Најново

Култура7 секунди

„Самец во бракот“ од Мир-Јам објавена на македонски јазик

„Матица македонска“, во превод на македонски јазик го објави романот „Самец во бракот“ од Мир-Јам, едно од најпрепознатливите имиња на...

Македонија3 минути

СДС, ДУИ и Левица се разобличени, не им поминува лошиот политички театар со кој свесно го блокираат Изборниот законик, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ е разобличен, се докажа дека немаат никаква намера да се договорат за нов...

Македонија8 минути

Сали во Украина ќе го сподели искуството на Македонија во процесот на европската интеграција

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денес пристигна во Киев за учество на Самитот Украина...

Македонија13 минути

СДСМ: Мицкоски јавно да објасни според кои критериуми Стоилковиќ заслужува да остане во Владата

По реконструкцијата на Владата, Иван Стоилковиќ е преместен од позицијата вицепремиер и министер за односи помеѓу заедниците, на место министер...

Топ21 минута

Уапсен Александар Лазаров кој избега од полициска станица во Кочани

Полицијата го уапси Александар Лазаров, осомничен за трговија со дрога, кој минатата недела избега од полициската станица во Кочани. По...

Забава25 минути

Гладувањето не доаѓа предвид: Диета што ја прави Пенелопе Круз да изгледа двојно помлада

Таа верува дека умереноста е клучна, но за да не „талка“ премногу, се држи до медитеранската диета, иако малку построга....

Спорт26 минути

Дешан: Дали овој судија има квалитет за полуфиналето на СП!?

Селекторот на Франција, Дидие Дешан, не го криеше своето разочарување по поразот од Шпанија (0:2) во полуфиналето на Светското првенство,...

Забава31 минута

Можност што ретко доаѓа двапати: Невидено чудо ги чека овие три знака

Проверете дали сте меѓу нив и подгответе се за пресврт што сè менува. Средината на летото носи малку повеќе од...

Спорт37 минути

„Го ставивме Олисе на маса со Зидан и Платини, а тој сè уште не е ни во кујната“

Шпанија е првиот финалист на Светското првенство откако ја победи Франција со 2:0 во полуфиналето во Далас. Во натпревар во...