Свет
Шефот на ОН пред да ги посети Москва и Киев ќе оди во Турција

Генералниот секретар на ОН ќе ја посети Турција пред да замине за Москва и Киев.
Според соопштението на ОН, Антонио Гутереш утре ќе ја посети Анкара, каде ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Тој потоа во вторник ќе отпатува за Москва, каде ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и ќе има работен ручек со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.
Неговата последна станица ќе биде в четврток во Киев, каде ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски и министерот за надворешни работи Дмитриј Кулеба.
Турција се постави како посредник меѓу Украина и Русија за време на војната и беше домаќин на мировните преговори меѓу двете страни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Евакуацијата од Азовстал продолжува

Повеќе украински борци беа евакуирани од Азовстал во средата ечерта. Неколку автобуси придружувани од руската армија го напуштија просторот на челичарницата.
Не е јасно колку борци се’ уште се наоѓаат во фабриката за челик.
Вчера Русија соопшти дека околу 1.000 украински борци од Азовстал се предале.
Регион
„Киев Индипендент“: Хрватска ќе го блокира влезот на Шведска и Финска во НАТО

„Киев Индипендент“, еден од главните медиуми во Украина, на „Твитер“ напиша дека Хрватска ќе ги блокира Шведска и Финска да влезат во НАТО.
„Хрватска ќе го блокира влезот на Шведска и Финска во НАТО. Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ рече дека ќе му нареди на постојаниот претставник на земјата во НАТО да гласа против потегот“, напишаа киевските медиуми на Твитер.
⚡️Croatia to block Finland, Sweden from NATO membership.
Croatian President Zoran Milanovic said he would instruct the country’s permanent representative to NATO to vote against the move.
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) May 18, 2022
Според медиумот, членството на двете нордиски земји ќе зависи од тоа дали ќе се промени изборниот закон во БиХ.
Свет
ОН: Светот би можел да се соочи со глад кој ќе трае со години

Руската инвазија на Украина може да предизвика глобален недостиг на храна во наредните месеци, предупредија Обединетите Нации.
Генералниот секретар Антонио Гутереш рече дека војната ја влошила несигурноста на храната во посиромашните земји поради зголемените цени и предупреди дека светот може да се соочи со глад кој ќе трае со години доколку украинскиот извоз не се врати на предвоените нивоа.
Конфликтот го прекина извозот од украинските пристаништа, кои порано извезуваа огромни количини сончогледово масло, како и житарки како пченка и пченица.
Ова ја намали глобалната понуда и предизвика пораст на цените. Според ОН, глобалните цени на храната се за речиси 30 отсто повисоки од истиот период минатата година.
Говорејќи во Њујорк во средата, Гутереш рече дека конфликтот „се заканува да одведе десетици милиони луѓе преку работ и да предизвика недостиг на храна придружен со неухранетост и масовно гладување“.