Контакт

Свет

Шефот на СЗО за коронавирусот: Имам едноставна порака за сите вас

Објавено пред

Тестирајте ги сите сомнителни случаи, изјави директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Адан Гебрејесус, криткувајќи ги државите дека не го тестираат доволно населението, туку се насочуваат само на мерките за избегнување контакти.

„Имаме едноставна порака за сите земји: тестирајте, тестирајте, тестирајте“, изјави првиот човек на СЗО.

И покрај тоа што се затвораат училишта и се откажуваат настани, не се вложува доволно напори во зголемување на тестирањата, изолацијата на нови случаи и пронаоѓање нови контакти, рекол Тедрос и ги опишал мерките како ‘рбет на одговорот на ковид-19.

Земјите нема да бидат во состојба да се борат против пандемијата ако не знаат кој е заразен, а кој не, предупреди Тедрос.

„Не можете да се борите против огнот со превез преку очите“, порача директорот на СЗО.

Европа

Жестоки реакции против новите мерки во Британија, можно е да се вмеша и војската

Објавено пред

Новите рестриктивни мерки што ги објави премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, против ширењето на коронавирусот, наидоа на жестоки реакции во јавноста и деловните кругови.

Опозициските лабуристи бараат појаснување на предлогот за користење на војската како поддршка на полицијата во рамките на новите ограничувања за борба против коронавирусот.

Џонсон синоќа, презентирајќи ги новите мерки што во земјата може да останат на сила дури шест месеци, предупреди дека Велика Британија дошла до опасна пресвртна точка во борбата против коронавирусот.

Тој најави и можен ангажман на армијата за поддршка во спроведувањето и контролата на мерките.

Ги повика граѓаните да работат од дома, доколку се во можност, а од четврток баровите и рестораните ќе мора да затвораат во 22 часот и да ги служат гостите само на маси.

Критичарите веднаш потсетија дека владата не толку одамна ги повика сите да се вратат на работа, за да се заживее економијата.

Лидерот на лабуристите Кир Стармер го искористи својот прв говор на партиската конференција за да го критикува Џонсон за неговата наводна неспособност во борбата против пандемијата.

Во меѓувреме, портпаролот на Џонсон објасни дека ангажманот на војската ќе значи дека армијата исполнува одредени задачи, како што е заштитата на некои објекти, со цел полицијата да може потемелно да се посвети на спроведувањето на мерките против Ковид-19, пренесува „Скај Њуз“.

По однос на ова прашање се огласи и лидерот на партијата „Брегзит“, Најџел Фараж, пренесе „Дејли мејл“.

„Премиерот вели дека ние сме земја што ја сака слободата, но ќе ве казнува со 10.000 фунти и ќе испраќа војска по негова волја. Тоа е авторитарно”, напиша Фараж на „Твитер“.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Хрватска 204 нови случаи на коронавирус

Објавено пред

Во последните 24 часа во Хрватска евидентирани се 204 нови случаи на коронавирус, две лица починале, а бројот на активни случаи е 1.268, соопшти денеска Националниот штаб за цивилна заштита.

Меѓу нив, 278 пациенти се наоѓаат во болница, од кои 27 се на апарати за дишење. Во последните 24 часа биле тестирани 6.387 примероци, а оздравеле 828 лица.

Во моментов има 3.314 лица во самоизолација.

Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај во Хрватска, регистрирани се 15.340 заболени, од кои 257 починале. Закрепнале 13.815 луѓе.

До денес се тестирани вкупно 273.684 лица.

Прикажи повеќе...

Свет

Jапонска компанија тврди дека има лек кој го скратува времето на закрепнување од Ковид-19

Објавено пред

Jапонската компанија „Фуџифилм“ објави дека нејзиниот лек „Авиган“, веќе одобрен за потешките групи, обезбедил статистички значајно намалување на времето за заздравување на пациентите со Ковид-19.

Од 156 пациенти вклучени во клиничкото испитување од третата фаза во Јапонија, просечното времетраење на заздравување било 11,9 дена за оние кои биле лекувани со „Авиган“, а 14,7 дена за оние третирани со плацебо, се вели во соопштението на компанијата.

Крајот на закрепнувањето бил одредуван кога коронавирусот веќе не бил детектиран со ПЦР-тестовите, а пациентите немале други симптоми како треска.

Клиничкото тестирање било насочено кон пациенти со лесна пневмонија поврзана со Ковид-19.

Испитувањето спроведено од март, сега е завршено, а не открило никакви нови опасности по здравјето на пациентите поврзани со земањето на „Авиган“, прецизира „Фуџифилм“.

Компанијата сега ќе спроведе детална анализа на податоците собрани за време на тестирањето и очекува во октомври да поднесе апликација за комерцијално одобрување на лекот за Ковид-19 во Јапонија.

Лекот „Авиган“ (фавипиравир) во Јапонија е дозволен од 2014 година, но само за третман на тешки случаи на грип кога стандардните лекови немаат ефикасност.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа8 минути

Жестоки реакции против новите мерки во Британија, можно е да се вмеша и војската

Новите рестриктивни мерки што ги објави премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, против ширењето на коронавирусот, наидоа на жестоки реакции...

Свет48 минути

Jапонска компанија тврди дека има лек кој го скратува времето на закрепнување од Ковид-19

Jапонската компанија „Фуџифилм“ објави дека нејзиниот лек „Авиган“, веќе одобрен за потешките групи, обезбедил статистички значајно намалување на времето за...

Македонија1 час

Анализа: Најголемо зголемување на вработените во полицијата, а најголемо намалување во одбраната

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на вработувањата во министерствата и општините во последните...

Македонија2 часа

Заев со писмо до Вартоломеј побара писмена одлука за автокефална Македонска православна црква

Премиерот Зоран Заев испратил писмо до патријархот Вартоломеј, поглавар на Цариградската патријаршија, во кое се навраќа на средбата во Истанбул...

Македонија15 часа

Во 169 основни и 4 средни училишта ќе се следи настава со физичко присуство

Во 169 основни и четири средни училишта ќе се одвива настава со физичко присуство. Ваквата одлука доаѓа откако попладнево Владата...

Македонија15 часа

Јанакиески ќе бара да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“

Миле Јанакиески ќе достави барање до Кривичниот суд за да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“ за...

Македонија16 часа

„Водовод“ не најде бактерии во градската мрежа во Скопје по паниката што се прошири на социјалните мрежи

Водата од градскиот водовод во скопски Бутел нема бактерии и исправна е за пиење, а веста што се прошири на...

Свет17 часа

Одложен самитот на ЕУ – претседателот на Европскиот совет ставен во карантин

Состанокот на ЕУ, кој требаше да се одржи на 24 и 25 септември, е одложен за 1 и 2 октомври,...

Македонија20 часа

Пет лица починаа од коронавирус, потврдени се 88 нови случаи во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на...

Македонија21 час

(Видео) Филипче: Состојбата со вирусот повторно се влошува, ако е потребно ќе има рестрикции

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека за есенва се размислува за воведување на повеќе мерки како...

Македонија23 часа

Мицкоски ги повика граѓаните утре да излезат на протест против неправдата и мафијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на нов протест што ќе се одржи утре во 18.30 часот. Како што порача...

Економија23 часа

(Видео) Бектеши: Субвенциите за етнички вработувања се дел од изгласаната владина програма

Вработувањата кои ќе поттикнат добри меѓуетнички односи се вметнати во Владината програма која е изгласана од Собранието, изјави министерот за...

Свет23 часа

Русија очекува до 15 октомври да регистрира втора вакцина против коронавирус

Русија очекува до 15 октомври да регистрира уште една, втора по ред, потенцијална вакцина против коронавирус, јави агенцијата ТАСС повикувајќи...

Европа1 ден

Шведска нема да ги вакцинира децата против коронавирусот

Шведската влада нема да препорача вакцина против коронавирусот за деца на возраст под 18 години. Според шведските експерти, децата го...

Спорт1 ден

Италијански судија убиен во својот дом

Италијанскиот фудбалски судија Даниеле Де Сантис (33) и неговата девојка Елеонора Манта (30) биле убиени во домот на судијата во...

Македонија1 ден

Училишниот час ќе трае пократко од 40 минути, постои можност и учебната година да заврши порано

Собранието вчера вечерта ги изгласа измените на Законите за основно и средно образование со кои се обезбедува непречено организирање на...

Македонија1 ден

Од почетокот на пандемијата во Македонија починаа 700 лица

Од почетокот на пандемијата досега починаа 700 лица, откако вчера беше потврдена смртта на уште 7 пациенти. Меѓу починатите вчера...

Свет1 ден

„Сите мораме да соработуваме“, порачаа светските лидери на годишнината на Обединетите нации

Светските лидери за време на специјалната сесија на ООН посветена на 75-годишнината од основањето на таа организација се согласија дека...

Македонија1 ден

Собраниска седница за избор на заменик-министри во Владата

Собранието денеска треба да ја одржи 13-тата седница на чиј дневен ред е предлогот за именување на заменик-министри во Владата....

Македонија1 ден

Пендаровски: Неопходни се силни Обединети нации, реформирани и прилагодени на новата реалност

Претседателот Стево Пендаровски преку видеопорака се обрати на настанот на високо ниво, што по повод 75-годишнината од формирањето на Организацијата...

Досие