Контакт

Свет

Шок во Германија: автомобили и куќи извалкани со човечка крв и кукасти крстови

Објавено пред

Германската јавност беше потресена од ужасен случај од градот Ханау, каде што во текот на ноќта речиси 50 автомобили, фасади на куќи и поштенски сандачиња беа извалкани со човечка крв, во некои случаи во форма на свастики.

Полицијата соопшти дека сè почнало кога еден маж пријавил дека видел црвеникава течност на хаубата на својот паркиран автомобил со нацртана свастика на неа доцна во средата вечерта. За време на претресот во областа, полицајците наишле на десетици слични случаи, објавува „Билд“.

Според првите резултати од посебен тест, станува збор за човечка крв, но нејзиното потекло засега е непознато. Полицијата истакнува дека нема траги од повредени лица во областа и дека мотивот и околностите на настанот се целосно нејасни. Поведена е истрага за оштетувањеимот и употреба на симболи на забранети организации.

Ханау, град во сојузната покраина Хесен, е познат по терористичкиот напад во 2020 година кога десничарскиот терорист Тобијас Ратјен уби девет лица во напад врз барови за наргиле по што ја уби својата мајка, но и себеси, потсетува медиумот.

Фото: принтскрин

Најново

Топ12 минути

14.440 евра без докажано потекло пронајдени во возило кај Бучим, 35-годишник заврши во притвор

Полицијата пронашла 14.440 евра во различни апоени при преглед на автомобил на магистралниот пат Радовиш–Штип, по што бил лишен од...

Свет16 минути

Силен земјотрес ја погоди Гранада: Туристи панично ги напуштаат хотелите, оштетени домови и автомобили

Силен земјотрес со магнитуда од 5 степени ја погоди туристички популарната област во јужниот дел на Шпанија, предизвикувајќи паника меѓу...

Македонија32 минути

Димитриеска-Кочоска: Поддршката на домашните компании преку унгарскиот заем е инвестиција во економскиот раст

Средствата по поволни услови кои беа обезбедени од унгарската Експорт-импорт банка, не ги гледаме како трошок за буџетот, туку како...

Македонија35 минути

Пуштена во употреба спортска сала во подрачното училиште „Крупе Кепески“ во Кисела Вода

Во населбата Припор во Кисела Вода денеска свечено е пуштена во употреба нова спортска сала во рамки на подрачното основно...

Свет1 час

Драгана исчезнала бегајќи од пожарот и влегла во огнената стапица, семејството дало ДНК-примероци

Драгана Антешевиќ (34) од Котор Варош, Република Српска, исчезнала за време на големиот пожар во областа на Омиш, каде што...

Македонија1 час

Николоски: Се решаваат сложени инженерски проблеми на автопатот Охрид – Кичево

Автопатот Охрид – Кичево се гради со предвидената динамика, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на Фејсбук. Тој...

Црна хроника2 часа

Палеле пожари среде ноќ: Двајца фатени на дело во Битола и Прилеп

Полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица кои биле затекнати при предизвикување пожари на отворен простор во...

Македонија2 часа

27 пожари на отворен простор за едно деноноќие, шест остануваат активни

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои шест...

Свет2 часа

Врховниот суд пресече: Родителите во САД можат да бараат изземање на децата од ЛГБТ-содржини

Одлуката на Врховниот суд на САД во предметот „Махмуд против Тејлор“ (Mahmoud v. Taylor), донесена на 27 јуни 2025 година,...