Свет
Шолц: Германија секогаш ќе ја поддржува Украина, но НАТО не смее да влезе во конфликтот

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави денеска дека Германија секогаш ќе биде на чело на поддршката на Украина во војната против Русија, но ќе се обиде да се погрижи конфликтот да не ескалира до точка каде што е вклучен НАТО.
Претходно денеска, Германија одобри испраќање тенкови „Леопард 2“ во Украина, како и нивен реекспорт од партнерските земји, пренесува „Ројтерс“.
„Германија секогаш ќе биде во првите редови кога е во прашање поддршката за Украина“, рече Шолц.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Дeвојче од Сирија спасено од под урнатините по 40 часа

Белите шлемови објавија видео од спасување на девојче од под урнатините.
Девојчето било спасено во сирискиот град Салкин, недалеку од Идлиб, а било заглавено под урнатините дури 40 часа.
Бројот на загинати во Турција и Сирија постојано расте и се менува. Според најновите податоци, досега загинати се 8400, а околу 38.000 се повредени.
Обединетите нации предупредија дека меѓу загинатите може да има илјадници деца.
Свет
Целосна катастрофа по земјотресот: Тела на улиците, се трага по преживеани, пристигнуваат спасувачки тимови од други земји

Повеќе од 8.400 луѓе загинаа во разорниот земјотрес што ги погоди јужните делови на Турција и Сирија.
Според последните податоци, повеќе од 38.000 се повредени. Илјадници згради се урнаа.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи тримесечна вонредна состојба во 10-те најпогодени провинции.
Телата на загинатите остануваат на улиците додека продолжува потрагата по преживеани. Обединетите нации предупредија дека меѓу загинатите може да има илјадници деца.
Многу земји и понудија помош на разурната од земјотресот Турција, а кинески спасувачки тим денеска слета на аеродромот во Адана, Турција, јави кинеската државна телевизија CCTV.
Тимот од 82 члена донесе 20 тони медицинска и друга помош и опрема во Турција, како и четири кучиња за потрага по преживеани. Кина претходно најави дека ќе испрати финансиска помош за Турција во износ од 5,49 милиони евра.
Регион
Граѓаните на Турција бесни на властите: „Никој не ни помага, сами копаме низ урнатините“

Во Турција граѓаните се сè полути поради, како што велат, бавната и неадекватна реакција на владата на разорниот земјотрес, во кој досега загинаа повеќе од 8.000 луѓе. Спасувачите ги пребаруваа урнатините во текот на ноќта, а беа попречени од студот, уништените патишта и лошата инфраструктура.
На снимките од воздух се гледа како тие ги пребаруваат урнатините на куќите во селото Салќин во провинцијата Идлиб, барајќи жртви и преживеани. Турскиот претседател Таип Ердоган прогласи вонредна состојба во 10 провинции. Но, некои жители на градовите погодени од земјотресот изразија гнев и очај поради бавниот одговор на властите на најсмртоносниот земјотрес што ја погоди Турција во последните децении.
„Овде нема ниту еден човек, никој не помага. Снег врне, бездомници сме, без ништо. Што да правам, каде да одам“, изјави за „Ројтерс“ Мурат Алинак, чиј дом се урна во Малатја.
Жителите на градот Газиантеп наведуваат дека 12 часа по земјотресот не пристигнала ниту една спасувачка екипа и дека морале сами да ги пребаруваат урнатините. Кога спасувачите конечно дошле во понеделникот вечерта, работеле само неколку часа, а потоа паднала ноќта, пишува „Гардијан“.
Многу Турци го изразија својот гнев на интернет поради, како што рекоа, невнимателниот одговор на итната состојба во најјужната провинција Хатај, при што многумина се жалат дека спасувачите не успеале да стигнат до областа. Во Хатај, земјотресот срамни со земја неколку владини згради, вклучително и локалниот огранок на турската агенција за помош при катастрофи, АФАД.