Свет
Шолц: За дипломатско решение потребно е Русија да си оди од Украина

Дипломатското решение меѓу Украина и Русија би барало итен прекин на непријателствата од руска страна, се согласија германскиот канцелар Олаф Шолц и украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на нивниот телефонски разговор.
Според Шолц, за дипломатско решение потребно е Русија да ја напушти Украина.
„ Тие се согласија дека дипломатското решение меѓу Украина и Русија ќе бара итен прекин на непријателствата од руска страна и повлекување на руската армија од Украина“, рече портпаролот во изјавата, пренесе „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Лолобриџида на 95 години ќе се кандидира на избори, сака да стане сенатор

Познатата италијанска актерка Џина Лолобриџида изјави дека ќе се кандидира на општите избори следниот месец затоа што „ѝ е доста од препирките на политичарите“.
Лолобриџида, кој наполни 95 години во јули, сака да стане сенатор во партијата Суверена и Народна Италија (ISP), нов политички сојуз на евроскептиците, сојуз кој се спротивставува на политиката на Марио Драги, испраќање оружје во Украина и „воинствениот атлантизам“.
Таа изјави за Corriere della Sera дека е инспирирана од Махатма Ганди, дека го цени неговиот „начин на работа, неговото ненасилство“ и дека е „голем пријател“ на првата жена премиер на Индија, Индира Ганди.
– Ја гледав секогаш кога доаѓаше во Рим. Беше извонредна жена – рече таа.
Лолобриџида беше меѓу најгламурозните актери во златното доба на Холивуд.
Таа минатиот месец изјави дека е „решена да остане креативна“ и дека сега сака да искористи дел од таа енергија „за важни работи, особено за мојата земја“.
Последен пат Лолобриџида се обиде да влезе во политиката во 1999 година, кога се кандидираше на изборите за Европскиот парламент како кандидат на Демократите на Романо Проди.
Свет
(Видео) Бик-ајкула нападнала 10-годишник на Флорида, морале да му ја ампутираат ногата

На 10-годишно момче му била ампутирана ногата под коленото откако го нападнала џиновска бик-ајкула на брегот на Флорида!
Малиот Џејмсон Ридер нуркал 12 километри од Флорида Кис во саботата кога почувствувал остар убод на ногата. Целото негово семејство го гледало хоророт од чамецот кога го нападнала бик-ајкула долга 2,5 метри. Го фатила за ногата и почнала да ја кине.
По кратка борба Џејмсон успеал да се врати во чамецот, но ногата настрадала. За среќа, на чамецот на неговото семејство имало медицинска сестра која веднаш ги презела сите мерки за да не искрвави момчето.
Околу раната била поставена обвивка за да се запре крвавењето, а момчето со хеликоптер било пренесено во детската болница „Никлаус“ во Мајами.
A 10-year-old boy was airlifted to a Miami hospital where he had part of his leg amputated after he was attacked by a shark in the Florida Keys over the weekend, family members said. https://t.co/I25js5tO5Y
— NECN (@NECN) August 16, 2022
Неговиот вујко Џошуа Ридер рече:
„Тие беа на брод нуркајќи покрај плиток гребен кога се случи многу трауматичен настан и мојот внук Џејмсон беше нападнат од, како што веруваат, бик-ајкула долга 2,5 метри. Тие мораа да му ја ампутираат ногата веднаш под коленото за да му го спасат животот“.
Свет
Салман Ружди во свесна состојба, разговарал со инспекторите за нападот

Писателот Салман Ружди е буден и комуницира со истражителите, но ќе треба да остане хоспитализиран поради сериозни повреди по нападот со нож во петокот во Западен Њујорк, јавува Си-Ен-Ен.
На 75-годишниот Ружди му беше извршена итна операција, откако маж го избоде неколку пати пред неговото закажано предавање во Њујорк.
Познатиот автор бил свесен и можел да одговара на прашања од истражителите. Не е јасно што им рекол Ружди на инспекторите по нападот, кој го потресе книжевниот свет и наиде на осуда од целиот свет.
Осомничениот за нападот е идентификуван како 24-годишниот Хади Матар. Тој скокнал на сцената во Њујорк и се фрлил на писателот, по што го избодел неколку пати. Осомничениот бил задржан од толпата додека полицијата не го приведе.
Писателот се здобил со три убодни рани во пределот на вратот, четири во пределот на стомакот, на десното око и градниот кош, како и рана на десната надколеница.
За време на сослушувањето, Матар се изјасни за невин за нападот врз познатиот писател. Обвинителот сепак оцени дека се работи за кривично дело со „умисла“ со умисла, поради што авторот на „Сатански стихови“ останал во болница со тешки повреди.
Судијата негираше кауција откако окружниот обвинител Џејсон Шмит и кажа дека Хади Матар презел однапред смислени чекори за намерно да му наштети на Ружди со тоа што однапред обезбедил пропусница за настан на кој познатиот автор зборувал и пристигнувал во Њујорк еден ден порано со лажна лична карта.
По нападот Ружди итно бил пренесен во болница, а извесно време бил приклучен на вентилатор бидејќи животот му бил во опасност. Лекарите сметаат дека е доволно стабилен за да биде изваден од вентилаторот, но се соочува со долг процес на закрепнување.
„Салман најверојатно ќе го изгуби едното око, нервите во раката му се отсечени, а црниот дроб му е пробиен и оштетен“, рече неговиот адвокат.