Свет
Шојгу: Контролираме голем дел од Донецк и Луганск

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, изјави дека Русите добиле контрола над градот Свјатогорск во Украина.
Тој додаде дека под нивна контрола се важни делови од Донецк и Луганск, левиот брег на реката Северски Донец, како и градовите Свјатогорск и Красни Лиман, како и уште 15 населени места, пренесува ТАСС.
Шојгу исто така рече дека мините се отстранети во украинските пристаништа Бердјанск и Мариупол и дека тие се подготвени да продолжат со испорака на жито, пренесе „Ројтерс“.
Рускиот министер додаде дека 6.489 припадници на украинската армија им се предале на руските сили од почетокот на специјалната воена операција, од кои 126 во последните пет дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Украина: Коза активирала експлозив во Запрожје, повредени најмалку 40 руски војници

Најмалку 40 руски војници се повредени откако коза активирала експлозив поставен околу болницата во Запорожје со своето хаотично движење, пренесува британски Телеграф.
Војниците поставувале мини кога коза, која побегнала од фарма во селото Кински Роздори, активирала експлозивна направа.
Шефот на украинската разузнавачка служба изјави дека руските војници поставиле мини околу локалната болница. Набргу по поставувањето на минската замка, кон областа дошла коза и активирала верижна експлозија во која се повредени десетици војници.
„Со своите хаотични движења, козата активираше неколку гранати. Како резултат на тоа, неколку Руси се здобија со повреди со различна тежина“, пишува разузнавачката служба.
Се проценува дека се ранети 40 војници. Животното го нарекоа „Козата на Киев“, а неговата судбина засега не е позната.
Свет
Белорусија од Русија ќе добие ракетен систем „Искандер-М“

Русија ќе испрати проектили способни да носат нуклеарни боеви глави во Белорусија во следните неколку месеци, изјави рускиот претседател Владимир Путин за време на средбата со белорускиот претседател Александар Лукашенко.
„Во следните месеци ќе пренесеме тактички ракетни системи Искандер-М во Белорусија, кои можат да користат балистички или крстаречки ракети во нивните конвенционални и нуклеарни верзии“, рече Путин.
Тој понуди и надградба на белоруски воени авиони.
„Многу Су-25 (авиони) се во служба на белоруската армија. Тие би можеле соодветно да се надградат“, рече Путин, додавајќи: „Оваа модернизација треба да се изврши во фабриките за авиони во Русија и соодветно да започне обуката на персоналот“, рече тој.
„Ќе се договориме како да го постигнеме тоа“, додаде Путин.
Лукашенко минатиот месец изјави дека неговата земја купила од Русија ракети Искандер со нуклеарни способни и противвоздушни ракетни системи С-400.
Европа
Лажен Кличко разговарал со градоначалниците на Берлин, Мадрид и Виена

Градоначалниците на Берлин, Виена и Мадрид разговарале во видео повик со личност која звучела и изгледала како градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, но биле измамени.
Европските градоначалници биле измамени при видео повици за кои се покажало дека се лажни, пишува Гардијан. Градоначалничката на Берлин, Франциска Гифеј во петокот учествуваше во закажаниот разговор на платформата за видео конференции Webex со личност за која рече дека изгледала и звучела како Кличко.
„Немаше знаци дека видеоповикот не бил одржан со вистинска личност“, се вели во соопштението од нејзината канцеларија.
Дури по околу 15 минути наводниот градоначалник на Киев почнал да зборува за проблемот со украинските бегалци. Лицето на видеото, кое се претставувало како Кличко, ги повикало бегалците да се вратат во Украина и да се приклучат на војската.
По таа изјава, на градоначалничката на Берлин и’ станало сомнително. Откако врската накратко била прекината, кабинетот на градоначалничката на Берлин контактирал со украинскиот амбасадор во Германија. Тој стапил во контакт со Киев и потврдил дека личноста во видеоповикот не е вистинскиот Кличко, објави Der Spiegel.
Deep fake снимките користат форма на вештачка интелигенција која создава слики од лажни настани или анимации на политичари кои држат лажни говори.
„За жал, реалноста е дека војната се води со сите средства, вклучувајќи го и Интернетот, со цел да се поткопа довербата со дигитални средства и да се дискредитираат партнерите и сојузниците на Украина“, рече Гифеј.
Ист видео повик имаа и градоначалниците на Виена и Мадрид.
Канцеларијата на градоначалникот на Мадрид, Хозе Луис Мартинез-Алмеида, исто така, поднесе пријава во полиција за некој што лажно се претставувал како Кличко во видео повик. Според неговиот портпарол, градоначалникот веднаш по почетокот на разговорот му се посомневал и го прекинал разговорот.
Градоначалникот на Виена, Мајкл Лудвиг, во средата објави на Твитер дека разговарал со Кличко преку видео повик. Твитот беше избришан во саботата. Набргу потоа, на официјалната страна на Виена беше објавено соопштение дека Лудвиг се чини дека бил жртва на „сериозен случај на сајбер криминал“.