Контакт

Свет

Шојгу: Летовите на бомбардерите беа планирани, целта не беше затрашување на САД

Објавено пред

Руските стратешки бомбардери „Тупољев 160“ минатата недела изведоа планирани летови до Чукотскиот автономен регион, изјави рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, кој нагласи дека целта не била застрашување на САД.

„Ние го правиме тоа што го правевме и претходно. Нашите стратешки бомбардери од долг досег почнаа да спроведуваат летови до областите до кои летаа и во минатото. Летовите беа изведени според однапред предвиден распоред“, рече Шојгу.

Тој, во интервју за телевизијата „Русија 24“, додаде дека САД биле свесни за летовите на руските авиони.

Руското Министерство за одбрана во средата соопшти дека, во рамки на своите тренажни активности, упатило два бомбардера „ТУ-160“ , што можат да носат нуклеарно оружје, на рускиот Далечен исток, наспроти Аљаска.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Борис Џонсон преместен на интензивна нега, му се влошила состојбата

Објавено пред

Британскиот премиер, Борис Џонсон, е преместен на интензивна нега бидејќи му се влошила состојбата, соопшти Даунинг стрит.

Тој синоќа беше сместен во болницата „Свети Томас“ во Лондон, десет дена по дијагностицирањето на коронавирусот.

„Во текот на ова попладне состојбата на премиерот се влоши и по совет на неговиот медицински тим, тој е пренесен во единицата за интензивна нега во болницата“, изјавил неговиот портпарол.

Според британските медиуми, Џонсон е сè уште свесен и дише со помош на маска за кислород.

Одлуката за да го преместат на интензивна нега била донесена вечерва околу 19 часот по локално време. Министерот за надворешни работи, Доминик Раб, ќе го заменува на функцијата.

55-годишниот Џонсон беше тестиран на 26 март и е позитивен на Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Свет

СЗО: Лоша е идејата да се укинат сите рестрикции истовремено

Објавено пред

Претставник на Светската здравтсвена организација рекол дека државите што планираат да ги прекинат своите мерки за изолација на населението треба да го прават тоа постепено.

Препораката од СЗО е тоа да се прави во фази, да не се укинуваат сите рестрикции истовремено.

Директорот на СЗО за вонредни ситуации, Мајк Рајан, рекол дека мерките за изолација воведени во многу земји ги опфаќаат училиштата, работните места, социјалните групи на јавно место и собирањата во паркови.

„Најверојатно, би била лоша идејата да се укинат сите рестрикции истовремено“, рекол Рајан.

Тој додал дека државите не треба да излезат од изолација, а претходно да немаат план како ќе го задржат ширењето на болеста на ниво што може да се контролира.

„Изолацијата го намалува ширењето на болеста. Кога ќе се укине изолацијата, мора да имате алтернативни методи да ја спречите инфекцијата“, рекол Рајан.

Според него, државите треба да имаат воведени системи да детектираат случаи на заразата, да следат контакти, да ги стават во карантин случаите што се сомнителни и широко да го тестираат населението за оваа болест.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Турција нови 75 луѓе починати од коронавирус, вкупно 649

Објавено пред

Во Турција бројот на смртните случаи од коронавирус денеска порасна за 75 и сега се вкупно 649, напиша на „Твитер“ министерот за здравство, Фахретин Коца.

Бројот на новозаразени е 3.148 или вкупно 30.217, пренесе „Ројтерс“.

Според податоците од Министерството за здравство, во последните 24 часа во Турција тестирани се 21.400 лица на коронавирус.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Уште две лица од Куманово починаа од коронавирус

Уште две лица од Куманово починале од коронавирус, од кои едниот полициски службеник. Како што соопшти на прес-конференција министерот за...

Свет2 часа

Борис Џонсон преместен на интензивна нега, му се влошила состојбата

Британскиот премиер, Борис Џонсон, е преместен на интензивна нега бидејќи му се влошила состојбата, соопшти Даунинг стрит. Тој синоќа беше...

Свет4 часа

Експертите ги повикуваат пушачите да ги остават цигарите поради коронавирусот

Здравствените експерти ги предупредуваат пушачите да ги остават цигарите и тутунските компании да престанат да произведуваат и продаваат производи од...

Македонија4 часа

На годишен одмор не мораат сите вработени во приватните компании, Инспекторатот за труд ја појасни уредбата

Неискористените годишни одмори од 2019 година, како и првиот дел од одморот за 2020 година, задолжително треба да ги користат...

Македонија8 часа

Тројца пациенти починале од коронавирус во последните 24 часа

Тројца пациенти починале од коронавирусот во последниве 24 часа, информира министерот за здравство, Венко Филипче. Еден од пациентите е од...

Свет9 часа

Во Русија создаден тест кој го открива коронавирусот за 40 минути

Руските научници создадоа експресен тест за откривање на коронавирусот кој дава резултати за 40 минути, соопшто руското Министерство за индустрија...

Македонија9 часа

Од среда полицискиот час ќе почнува во 16 часот, а за време на викендите 24 часовна забрана за движење

Владата на предлог на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство и Генералниот кризен штаб, донесе одлука...

Топ10 часа

Мајка и син пронајдени мртви во стан во Велес

Мајка и син се пронајдени мртви во стан во Велес. Во моментов се врши увид од страна на екипа на...

Македонија11 час

(Видео) Сијарто му ја предаде на Чулев унгарската донација од 100.000 маски и 5.000 заштитни одела

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, денеска во Министерството за внатрешни работи оствари работна средба со министерот за надворешни работи...

Македонија11 час

АХВ препорачува да се избегнува користење автомати за кафе и апарати за вода

Заради избегнување на опасноста од евентуално пренесување на вирусот Ковид-19, во услови на прогласена пандемија, Агенцијата за храна и ветеринарство...

Македонија12 часа

(Видео) Сијарто: Почеток на преговорите најдоцна во јуни

Унгарскиот шеф на дипломатијата, Петер Сијарто, упати честитки за започнувањето на преговорите со ЕУ и за членството во НАТО. На...

Регион12 часа

Брнабиќ: Србија за 10 дена почнува со лечење на заболените со крвна плазма

Во Србија за десетина дена ќе почне таканаречената плазна терапија за заболените со коронавирус, објави српската премиерка Ана Брнабиќ. Таа...

Македонија13 часа

Препораки за трудниците за време на пандемијата со коронавирус

Колкава е веројатноста за инфекција со коронавирус во текот на бременоста? Што доколку здрава трудница има позитивен тест? Дали ако...

Македонија13 часа

Мицкоски ѝ заблагодари на Унгарија за помошта: „Пријателите се познаваат во тешките моменти“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи упати благодарност до унгарската влада за помошта од 100.000 маски и 5.000...

Македонија14 часа

Унгарскиот шеф на дипломатијата во Македонија донесе 100.000 заштитни маски и 5.000 скафандери

Со специјален воен каргоавион, унгарскиот министер за надворешни работи, Петар Сијарто, допатува во земјава директно до Унгарија со пакети помош...

Регион14 часа

Хрватска се подготвува да воведе пократка работна недела

Хрватскиот министер за труд, Јосип Аладровиќ, не ја исклучува можноста земјата да воведе скратување на работната недела поради епидемијата на...

Македонија14 часа

Казни за 30 лица кои за време на полицискиот час се шетале низ Скопје

Скопското обвинителство  достави до Основниот кривичен суд Скопје 28 предлози за издавање казни со кои се опфатени вкупно 30 лица,...

Свет15 часа

Тигар од зоолошката градина во Њујорк е позитивен на коронавирус

Надија, четиригодишна женка тигар од зоолошката градина во Њујорк, е позитивна на коронавирусот. Ова е првиот потврден случај на заразено...

Свет15 часа

„Не ги следев советите што им ги давав на другите“ – главната советничка за здравство во Шкотска поднесе оставка

Главниот советник за здравство на шкотската влада, Кетрин Калдервуд, поднесе оставка откако беше откриено дека ги прекршила советите за ограничувања...

Македонија16 часа

Филипче: Одговарајте точно на прашањата на лекарите и епидемиолозите

Министерот за здравство, Венко Филипче, сподели фотографии на социјалните мрежа и порача дека треба да се одговара точно  на прашањата...

Досие