Европа
Шпанија три години ќе тестира четиридневна работна недела

Шпанија стана првата земја во светот што ќе тестира четиридневна работна недела на државно ниво. Владата се согласи да почне пилот-проект за тестирање четиридневна работна недела со компании заинтересирани за таков систем на работа.
Иако точните детали допрва ќе се дискутираат во владата, предложениот проект ќе трае три години и ќе вреди речиси 50 милиони евра, што ќе им овозможи на компаниите да го тестираат овој пристап со минимален ризик.
На пример, трошоците на компаниите што сакаат да учествуваат во проектот може да бидат покриени 100 проценти од првата година, 50 проценти од втората година и 33 проценти од третата година за полесно приспособување на четиридневната работа недела.
Идејата се соочи со противење во некои области, а еден од лидерите на најголемите деловни здруженија во земјата ја опиша како лудост во време на најголемата рецесија во земјата од граѓанската војна.
Од Нов Зеланд до Германија, идејата за четиридневна работна недела станува сè поверојатна.
Застапниците на идејата велат дека тоа може да помогне во зголемување на продуктивноста, подобрување на менталното здравје на работниците и борба против климатските промени, а предлогот сега доби ново значење бидејќи пандемијата иницира прашања за благосостојба и рамнотежа меѓу работата и животот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
ЕУ договори итна испорака на 50 милиони вакцини на „Фајзер“

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, во средата објави дека е постигнат договор со „Бионтек/Фајзер“ за испорака на 50 милиони дози вакцина во вториот квартал и најави почеток на преговори за трет договор за купување 1,8 милијарда дози од производителот во текот на следните две години.
„Задоволство ми е да објавам дека постигнавме договор со ‘Бионтек/Фајзер’ за забрзување на испораката на 50 милиони вакцини, кои ќе бидат доставени во вториот квартал наместо во четвртиот“, рече Фон дер Лаен.
Таа додаде дека испораката на тие 50 милиони дози вакцина ќе почне во текот на месецот. Со забрзувањето на испораката „Бионтек/Фајзер“ ќе испорача вкупно 250 милиони дози вакцина во вториот квартал. Овие 50 милиони дози ќе бидат дистрибуирани до земјите членки пропорционално на населението.
Фон дер Лаен потврди дека Комисијата во иднина ќе се потпре на вакцините засновани на информациската РНК, нова технологија, која ја докажа својата вредност.
„Сега влегуваме во преговори со ‘Бионтек/Фајзер’ за трет договор. Тој договор предвидува набавка на 1,8 милијарда дози за периодот 2021-2023 година“, рече претседателката на Комисијата.
Европа
Земјите од Е3 сериозно загрижени поради најавите на Иран

Велика Британија, Франција и Германија, кои ја сочинуваат безбедносната група на европски сили, позната како Е3, денес изразија загриженост поради последните најави на Иран дека ќе продолжи да го збогатува ураниумот до 60 проценти чистота.
„Владите на Франција, Германија и на Велика Британија (Е3) се сериозно загрижени поради најавата на Иран до Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) дека ќе почне со збогатување на ураниумот до 60 проценти“, се вели во официјалното соопштение на Е3.
Агенцијата наведува дека групата Е3 смета оти тоа претставува сериозен развој на настаните во безбедносна смисла бидејќи производството на високозбогатен ураниум е важен чекор во производството на нуклеарно оружје и дека Иран нема веродостојна цивилна потреба од збогатување ураниум на тоа ниво.
МААЕ на 13 април потврди дека добило известување од Иран за намерата да почне со збогатување ураниум до 60 проценти во фабриката во Натанц.
Европа
Данска трајно ја прекинува вакцинацијата со „aстра зенека“

Данска целосно ќе престане да ја користи вакцината на „Астра зенека“ против Ковид-19 поради можна причинско-последична поврзаност помеѓу таа вакцина и формирање згрутчување на крвта, пишуваат денес повеќе дански медиуми повикувајќи се на неименувани извори.
Таквиот потег ќе предизвика одложувања во кампањата за вакцинација во таа земја, пренесува „Ројтерс“.
Претходно, Европската комисија објави дека нема да ги обнови договорите за вакцини со компаниите „Астра зенека“ и „Џонсон и Џонсон“ за в година и дека официјален Брисел повеќе би сакал да се фокусира на вакцините што користат технологија mRNA, како што се „Фајзер“ и „Модерна“.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш