Контакт

Европа

Шпанскиот премиер во проблеми, Каталонија ќе гласа против буџетот

Објавено пред

Усвојувањето на буџетот за актуелниот шпански премиер, Педро Санчез, значи дека тој ќе може да го спроведе својот мандат до 2020 година, а во спротивно ќе биде под притисок да објави предвремени избори, објави агенцијата АП.

Голема пречка на овој пат за Санчез претставува ставот на Каталонија, чиј претседател, Квим Тора, денеска изјави дека покраината ќе гласа за буџетот само ако ѝ биде дозволено да одржи референдум за отцепување од остатокот од земјата.

Тора за агенцијата АП изјавил дека каталонските сепаратистички партии ќе гласаат против буџетот бидејќи во шпанската национална влада нема промени во однос на нивните барања.

Европа

Макрон размислува да забрани протести на Шанзелизе

Објавено пред

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, размислува да забрани демонстрации на познатата париска авенија Шанзелизе (Елисејски Полиња), објави агенцијата „Ројтерс“, повикувајќи се на информации од претставник на претседателскиот кабинет.

Агенцијата АП пренесува дека државниот секретар на француското Министерство за внатрешни работи, Лоран Нун, потврдил дека во саботата полицијата не успеала да ги спречи насилните демонстрации на „жолтите елеци“ во Париз и рече дека владата се обидува да избегне повторување на ова сценарио.

Во саботата, за време на протестите, демонстраните запалија банка во приземје на седумкатна станбена зграда веднаш покрај авенијата Шанзелизе.

Прикажи повеќе...

Европа

Несреќа со жртви при одбележување на Свети Патрик во Северна Ирска

Објавено пред

Две лица загинаа, а неколку се повредени во стампедо од луѓе кое настанало во неделата навечер во дискотека во хотелот „Гринвејл“ во северноирскиот град Кукстаун.

Според извештаите, десетици млади луѓе се собрале со цел да го прослават Денот на Свети Патрик, кога, од засега непознати причини, настанало стампедо при што загинале две лица, пренесува британски „Експрес“.

Помошник-шефот на полицијата на Северна Ирска, Марк Хамилтон, изјавил дека причината за инцидентот е непозната, но постојат индикации дека попуштиле некои од столбовите во дискотеката.

Несреќата била пријавена во полиција во 21:30 часот по локално време.

Повредените биле префрлени во локалната болница, а едно лице е во критична состојба.

Прикажи повеќе...

Европа

„Мамо, некој влезе во џамијата и пука“ – потресно сведоштво за масакрот во Нов Зеланд

Објавено пред

Салва Мустафа два дена по терористичкиот напад во Нов Зеланд раскажува дека ги испратила својот сопруг и двајцата синови во џамија и им посакала среќен пат. Не можела ни да сонува дека тоа ќе биде најтажниот ден во нејзиниот живот и дека нејзиниот сопруг и постариот син ќе бидат убиени.

Кога почнало пукањето, синот Хамза (16) се обидел да побегне и во тој момент телефонски ја повикал мајка си.

„Мамо некој влезе во џамијата и пука кон нас“, рекол Хамза додека од џамијата се обидувал да го извлече неговиот помал брат Заид, кој веќе бил повреден во ногата.

Нивниот разговор траел неколку секунди, а тогаш Салва го слушнала пукањето и вресокот на нејзиниот син кој во тој момент бил убиен. Неговиот брат бил погоден од уште еден куршум, но за среќа преживеал. На другата страна од џамијата лежело мртвото тело на нивниот 44-годишен татко, Калед.

„Останав на линијата уште 22 минути. Тогаш некој го зеде мобилниот телефон и ми рече: ‘жалам, но мислам дека вашиот син е мртов’“, раскажува таа.

Салва Мустафа ја раскажа нејзината приказна, за медиумите, во една од болниците во Крајстчрч каде е хоспитализиран нејзиниот помлад син, Заид. Тој е повреден со два куршуми, но успеал да преживее и да избега од џамијата, пишува „Дејли мејл“.

Хамза и неговиот татко се само двајца од 50-те лица кои беа убиени во нападот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 минути

НАТО бара Русија да го врати Крим, Путин таму денеска отвори две нови електрани

Северноатланската алијанса по повод, како што велат од таму, петгодишнината од анексијата на Крим од страна на Русија, во соопштение...

Свет1 час

Еден загинат и повеќе повредени во пукање во трамвај во Холандија, напаѓачот е во бегство

Најмалку едно лице загина, а повеќе се повредени откако маж почнал да пука во трамвај во холандскиот град Утрехт, објави...

Свет2 часа

Напаѓачот од Нов Зеланд сам ќе се брани пред судот

Терористот кој во петокот во новозеландскиот град Крајстчрч нападна две џамии и уби 50 луѓе, а рани над 40, планира...

Владо Бучковски Владо Бучковски
Македонија3 часа

Бучковски ми кажа дека „Маѓар телеком“ е политички монтиран случај, рече сведокот

Професорот од Правниот факултет Дејан Мицковиќ во сведочењето за случајот „Маѓар телеком“ на прашање на обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова,...

Македонија4 часа

Мицковиќ: На Зврлевски му пријавив дека добивам закани да сведочам за „Маѓар телеком”

Дејан Мицковиќ, професорот од Правниот факултет во Скопје, сведочеше на денешното рочиште за случајот „Маѓар телеком”, како поранешен претседател на...

Топ4 часа

Двајца мотоциклисти загинаа во сообраќајни несреќи

Дваесет и едногодишен гостиварец вчера загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат меѓу Гостивар и село Вруток, додека возел мотоцикл...

Свет5 часа

Австралиската полиција ги претресе куќите на сестрата и мајката на Брентон Тарант

Австралиската полиција извршила претрес во две куќи на подрачјето на Нов Јужен Велс во потрагата по материјал што би можел...

Регион6 часа

Вучиќ: Мора да има разграничување меѓу Србите и Албанците

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека мора да има разграничување меѓу Србите и Албанците на Косово бидејќи, како што...

Свет6 часа

Владата на Нов Зеланд поддржа построги закони за оружје

Премиерот на Нов Зеланд, Јакинда Ардерн, изјави дека владиниот кабинет ги поддржал измените на законот за оружје, по терористичкиот напад...

Регион18 часа

Грчката полиција: Брентон Тарант престојувал на Крит и Санторини

Грчката полиција соопшти дека осомничениот за нападите во двете џамии во Нов Зеланд, Брентон Харисон Тарант престојувал на грчките острови...

Избори 201919 часа

Силјановска: Да ја спречиме еколошката катастрофа во Охрид и Струга

„Македонијо, време е да ја спречиме оваа еколошка катастрофа што се случува во Охрид и Струга“, порача кандидатката за претседател, Гордана...

Свет20 часа

Масовен погреб за жртвите од авионската несреќа, во земјата спуштени празни ковчези

Илјадници граѓани и членови на семејствата се собраа на заедничкиот погреб за жртвите на настраданите во недамнешната авионска несреќа во...

Избори 201921 час

Пендаровски: Мојот концепт е за напред, а на Силјановска е за назад

Заедничкиот кандидат за претседател на нашата држава Стево Пендаровски по посетата на Охрид, попладнево се сретна и со граѓаните во...

Крвав четврток1 ден

Првпат во Македонија притворот се гарантира со гаранција, реагираат адвокатите на обвинетите за 27 април

Адвокатите на обвинетите за настаните од 27 април реагираат на определувањето притвор за нивните клиенти, бидејќи, како што пишуваат, судот...

Македонија1 ден

(Видео) Арсовски: Шилегов ќе ги труе скопјани со опасен отров од странство

Петре Шилегов нема намера да се откаже од труењето на скопјани, истакна денеска на прес-конференција Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој...

Регион1 ден

Вучиќ за упадот во РТС: Нема да дозволиме насилство, наидоа на тврд орев

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска напладне се обрати пред српската јавност во однос на вчерашните случувања, кога дел од демонстрантите...

Топ1 ден

Петмина млади повредени во тешка сообраќајка на влезот на Скопје

На влезот од Скопје, поточно на булеварот „Александар Македонски“, во вечерните часови на 16 март се случила сообраќајна незгода меѓу...

Бегството на Груевски1 ден

Груевски барал да му биде укинат притворот

Експремиерот Никола Груевски, бегалецот во Будимпешта, преку неговите адвокати изминатите 4 месеци го затрупал Апелацискиот суд во Скопје со жалби...

Свет1 ден

Почина 50 жртва во Нов Зеланд, од „Фејсбук“ отстраниле милион и пол снимки од нападот на џамиите

Комесарот на полицијата во Нов Зеланд, Мајк Буш, соопшти дека починала и 50-та жртва од нападот врз две џамии во...

Регион2 дена

(Видео) Почит кон загинатите во нападот: Стариот мост во Мостар осветлен во боите на Нов Зеланд

Во организација на Центарот за мир и мултиетничка соработка, вечерва Стариот мост во Мостар е осветлен со боите на знамето...

Досие