Контакт

Европа

Шпанските власти подготвени за судењето на каталонските сепаратисти

Објавено пред

Шпанија се подготвува за најчувствителниот судски процес во последните неколку децении, во кој десетина каталонски сепаратисти се соочуваат со разни обвиненија вклучувајќи ги и оние за бунт за време на неуспешниот обид за отцепување кон крајот на 2017 година.

Судењето, кое почнува денес, ќе биде емитувано во живо на телевизија, а сите очи ќе бидат фокусирани на непристрасноста на шпанскиот Врховен суд, објави агенцијата АП.

Каталонските сепаратисти уште пред судењето го доведоа во прашање кредибилитетот на судот тврдејќи дека тој е марионета во рацете на шпанската влада и дека пресудата ќе биде политички мотивирана, односно e веќе однапред одредена.

Ваквите обвинувања беа отфрлени од претседателот на Врховниот суд, Карлос Лесмес, кој рече дека овој процес е најважен од преминувањето на Шпанија кон демократија во 1977 година по смртта на диктаторот Франциско Франко.

Во Каталонија на 1 октомври 2017 година се одржа референдум за независност и покрај забраната што ја наметна Уставниот суд, а на 27 октомври беше прогласена независност и покрај предупредувањата на шпанската влада.

Кризата продолжи по изборите што се одржаа на 21 декември истата година во таа шпанска провинција, при што се покажа поделеноста на каталонското општество по прашањето за независност.

Се очекува судењето да трае најмалку три месеци, а одлуката да се донесе уште неколку месеци потоа.

Европа

Во невреме на полските Татри загинаа најмалку 4 лица

Објавено пред

Најмалку четири лица загинаа, а над 20 се повредени во ненадејно невреме на планинскиот венец Татри во Полска.

Службата за спасување соопшти дека неколку лица загинале на различни места во Татрите, планински венец на границата меѓу Полска и Словачка, јави Би-би-си.

Полските медиуми објавија дека меѓу загинатите е едно дете.

Гром удрил во голем метален крст на врвот Гевонт, каде престојувале група туристи, јави телевизијата ТВН.

Локалните медиуми објавија дека четири спасувачки хеликоптери биле испратени во областа.

Прикажи повеќе...

Европа

Маж од БиХ осуден на 20 години затвор поради обид да запали австриски брачен пар

Објавено пред

Државјанин на Босна и Херцеговина (55) денеска во австрискиот град Лебен беше осуден на 20 години затвор поради обид за убиство на брачна двојка во пролетта годинава.

Осудениот работел на имотот на брачната двојка.

Toj во гратчето Муртал во Австрија најпрво ја полил со бензин жената и ја запалил. Жената претрпела тешки изгореници, а во пожарот бил повреден и нејзиниот сопруг.

Според австриските медиуми, во текот на судскиот процес обвинетиот не сакал да го признае делото.

Тој изјавил дека се грижел за парот 20 години и дека, како што рекол, жената ветила дека приватно ќе го осигура, но не го сторила тоа.

Обвинителството сепак беше во можност да докаже дека обвинетиот се обидел да го убие брачниот пар и дека сè имал внимателно испланирано.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Џонсон ја крена ногата на маса за време на разговорот со Макрон

Објавено пред

Од стапувањето на должност на новиот британски премиер Борис Џонсон минаа месец дена до неговото прво патување во странство, но затоа, пак, тој брзо се раскомоти во резиденцијата на францускиот претседател Емануел Макрон, каде што во еден момент ја крена ногата и ја стави на блиската масичка, пренесува „Ројтерс“.

Џонсон беше снимен како на шега ја крева ногата и го потпира стапалото на маса во Елисејската палата, по што ги поздрави фоторепортерите во собата, додека Макрон, гледајќи во тоа, се чини дека се забавуваше, пренесе агенцијата.

Сето ова се случи откако двајцата лидери се обратија пред новинарите во дворот на Елисејската палата, каде Макрон предупреди дека нема доволно време за целосно да се измени договорот за брегзит пред 31 октомври, кога истекува рокот на Велика Британија за напуштање на ЕУ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет44 минути

Туристите честа цел на крадците во Барселона, само годинава имало над 5.000 насилни грабежи

Од почетокот на годинава имало 5.331 насилен грабеж во Барселона, што е 30 проценти повеќе во однос на истиот период...

Македонија11 час

Заев: Ова се мачни и тешки случаи, но секој што се огрешил треба да одговара

Горди сме дека како власт овозможивме услови независниот правосуден систем да работи и да го врати владеењето на правото, изјави...

Македонија13 часа

Жалбата на Јанева одбиена од судот, обвинителката останува во притвор

Кривичен совет од тројца судии ѝ ја одбил жалбата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за определениот 30-дневен притвор, потврдија...

Свет13 часа

Сточари и дрвосечачи поттикнати од бразилскиот претседател ги прават пожарите во Амазонија, тврдат еколозите

Пожарите во Амазонија ги предизвикале сточари и дрвосечачи, кои, охрабрени од политиката на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, сакаат да ја...

Европа15 часа

Макрон: Нема време за нов договор, Британија ќе стане вазал на САД

Францускиот претседател Емануел Макрон непопустливо му порача на британскиот премиер Борис Џонсон дека нема доволно време да се преговара за...

Топ19 часа

2019 е најцрна година на патиштата во земјата – за шест месеци загинале 70 лица

Декларативни заложби, намален интизитет на активности и реформи, никакви суштински и системски промени. Искршени возила, семејства што живеат во трагедии...

Топ20 часа

(Видео) Очевидци раскажуваат: Возачот се обиде да го изгасне пожарот во автобусот, но огнот бргу се ширеше

Двокатниот автобус со број 5 на ЈСП, кој гореше во близината на Oпштината Ѓорче Петров, се запалил пред автосервис. Возачот...

Македонија21 час

Фатиме Фетаи: Секој што згрешил мора да одговара

„Никој не е недопирлив“, вели обвинителката Фатиме Фетаи по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и приведувањето на шефицaта на...

Македонија22 часа

(Видео) Се запали автобус на ЈСП во Ѓорче Петров, нема повредени патници

Автобус на ЈСП со број 5 утрово се запали во близина на Општината Ѓорче Петров. Од ЈСП информираат дека при...

Македонија22 часа

СДСМ: Правната држава функционира, законите важат за сите

Правната држава функционира, а законите важат за сите еднакво, коментира СДСМ преку соопштение кога вчера беше приведена специјалната обвинителка во...

Свет23 часа

Во Тексас извршена смртна казна, осуденикот тврдел дека е невин

Во Тексас е извршена смртна казна над Лери Сверинген (48), кој беше осуден на смртна казна во 2000 година за...

Македонија23 часа

„Ла Верита“: Катица Јанева е осудена да стане громобран за сите судии и политичари вклучени во системот за изнуда

Италијанскиот весник „Ла Верита“ најавува дополнителни докази кои потврдуваат директна контрола од страна на државниот врв врз активностите за изнудувањето...

Европа24 часа

Меркел и Џонсон се уверени дека ќе се најде решение за брегзитот

Британскиот премиер, Борис Џонсон, и германската канцеларка, Ангела Меркел, во Берлин изјавија дека се убедени дека ќе се најде решение...

Македонија1 ден

(Видео) Русковска: Не би барала притвор за Јанева без доволно докази

Обвинителката Вилма Русковска по одлуката на судот да ѝ одреди 30-дневен притвор на Катица Јанева, вели дека нејзината колешка претхдно...

Македонија1 ден

(Видео) Триесет дена притвор за Катица Јанева

Од вечерва шефицата на СЈО, Катица Јанева, е во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари. Судија на претходна постапка ѝ...

Регион1 ден

Закани за бомби испратени до редакции и аеродроми во Бугарија

Бугарската полиција почна да истражува неколку закани за бомби испратени преку е-пошта до медиумски куќи во Софија и до најголемите...

Македонија2 дена

Павлески: Јанева е жртва на случајот „Рекет“

Адвокатот Стеван Павлески кој ја застапува шефицата на СЈО, Катица Јанева, за случајот „Рекет“ вели дека таа е жртва на...

Македонија2 дена

(Видео) Влада: Одговорност мора да има за сите инволвирани во случајот „Рекет“.

Од Владата соопштија дека отворениот случај „Рекет“, во кој сега осомничена е и првата специјалната обвинителка Катица Јанева, потврдува дека...

Македонија2 дена

Катица Јанева донесена во Кривичен суд на распит

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево откако беше уапсена, однесена во специјалното јавно обвинителство и во нејзиниот дом, спроведена е...

Македонија2 дена

Заврши претресот во куќата на Јанева, со полиција однесена на распит во суд

По два часа заврши вториот претрес во куќата каде што живее шефицата на СЈО, Катица Јанева. Таа по претресот во...

Досие