Европа
Шпански научници: Лек против рак успешно лекува заболени од коронавирус
Шпанската фармацевтска компанија „Фарма мар“ соопшти дека клиничкото испитување на лекот против рак „аплидин“ за лекување возрасни пациенти со Ковид-19 било успешно и дека сега има намера да ја почне третата фаза од испитувањето на лекот.
Компанијата изјави дека има значително намалување на вирусните инфекции и оптоварувањето на Ц-реактивниот протеин (ЦРП) кај пациентите и дека 80,7 проценти од пациентите се отпуштени пред 15. ден од хоспитализацијата, а 38,2 % пред осмиот ден, објави „Ројтерс“.
Со овие податоци компанијата ќе почне разговори со регулаторните агенции за дефинирање на следната клучна студија на третата фаза за „плитидепсин“ („аплидин“) кај пациенти со Ковид-19 на кои им е потребна хоспитализација, се вели во соопштението на „Фарма мар“.
Во меѓувреме, Шпанската агенција за лекови и здравствени производи ѝ даде зелено светло на компанијата да го зголеми бројот на пациенти третирани со „аплидин“ во болниците, според резултатите добиени од првата група пациенти.
„Аплидинот“ е одобрен во Австралија за третман на мултипен миелом.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
