Контакт

Европа

Шпанскaтa министерка за здравство поднесе оставка поради диплома

Објавено пред

Шпанската министерка за здравство, Кармен Монтон, поднесе оставка, поради, како што наведе, написите кои излегле во јавноста дека на нерегуларен начин се стекнала со диплома, објави „Ројтерс“.

И покрај оставката која министерката за здравство ја поднесе денеска, таа претходно ги демантираше и наводите во медиумите дека има неправилности во стекнувањето на нејзината мастер-диплома што ја добила на Универзитетот во Мадрид.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Курц: Сакаме да продолжи дијалогот со Русија, но шпионажа не прифаќаме

Објавено пред

Официјална Виена сака да го продолжи дијалогот со Русија, но шпионажата ја смета за неприфатлив метод, рече австрискиот канцелар Себастијан Курц по состанокот на кабинетот.

„Имаме јасен став кон ова прашање и кон Русија. Сакаме да го одржиме дијалогот, но знаеме што се случи во Холандија и Велика Британија, а тогаш изразивме солидарност со нашите европски партнери. Ако на наша територија се одвиваат шпионски активности, без разлика од која земја се поттикнати, сметаме дека тоа е неприфатливо и ќе се бориме против таквите активности“, рече Курц.

Австрискиот канцелар истакна дека одговорот на Виена по најновите случувања во односите со Русија бил јасен и дека за тоа се известени и европските партнери, пренесе агенцијата „Тасс“.

„Тоа нема да ги подобри односите меѓу ЕУ и Русија. Сигурни сме дека е важно да имаме канали за дијалог со Русија, а ние исто така веруваме дека траен мир на континентот е возможен само во соработка со Русија, а не со противењe кон таа земја“, истакнал австрискиот канцелар.

Тој, исто така, рекол дека Австрија нема да протера руски дипломати поради скандалот за шпионажа во кој е вмешан австриски полковник во пензија, за кој се смета дека шпионирал во интерес на Русија.

Прикажи повеќе...

Европа

Дваесет и двегодишен диџеј најмладиот градоначалник во Горна Австрија

Објавено пред

Фабијан Гринајс од Народната партија на Австрија (ОВП) победи на изборите во Вајсенкирхен (округ Грискирхен) и стана најмладиот градоначалник во регионот на Горна Австрија.

Гринајс, познат како DJ „Greenice“, освои 52,4 отсто од гласовите, победувајќи ги кандидатите Андреас Аумајер (зелените), кој освои 41,6 отсто од гласовите, а Герхард Калтзајс (ФПО), кој доби 6 отсто гласови.

Изборите за градоначалник беа организирани откако актуелниот градоначалник Волфганг Деженев (ОВП) оваа година поднесе оставка поради здравствени причини.

Претседателот на покраинскиот комитет на партијата Томас Штелцер ја честита победата на новиот градоначалник.

„Гринајс ќе внесе свежина и нови идеи во својата татковина“, рече Штелцер.

Прикажи повеќе...

Европа

Најголемиот критичар на Путин замина од Русија

Објавено пред

Еден ден откако властите му забранија да ја напушти Русија, водечкиот опозициски активист, Алексеј Навални, отпатува за Стразбур на изрекувањето на пресудата од Европскиот суд за човекови права по однос на тужбата поднесена од него, а во врска со честите приведувања на кои е изложен и кои ги смета за политички мотивирани.

Навални во вторникот беше спречен да отпатува од страна на руската полиција поради неплатена парична казна за која тој тврдеше дека била наметната одеднаш и незаконски, само како изговор за да се спречи неговото заминување од Русија.

Федералната служба, која го блокира излезот на 42-годишниот Навални од земјата, не одговорила на барањето на агенцијата „Ројтерс“ за коментар во врска со настанот.

Меѓутоа, во вторникот вечерта агенцијата „Тасс“ потврди дека забраната за патување била укината кога Навални ја платил казната.

Антикорупцискиот активист, адвокат по професија, беше апсен неколкупати во последните години за време на протестите против власта, од кои повеќето беа забранети.

Тој стана главен опозициски активист по големите протести во Русија од 2011 и 2012 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

МВР: Не постои ниту една причина Груевски да добие азил во Унгарија

Не постои ниту една причина Никола Груевски да добие азил во Република Унгарија, изјавија од Министерството за внатрешни работи откако...

Македонија1 час

Европратеничка прашува дали Груевски има ВИП-третман во барањето за азил

Холандската европратеничка Џудит Саргентини јавно ги праша унгарските власти дали ќе го одбијат барањето за азил на Никола Груевски оти...

Македонија2 часа

Заев: Нема никаков политички договор со Груевски, очекуваме Унгарија да го екстрадира

Премиерот Зоран Заев ги отфрла шпекулациите дека имало каков било политички договор со неговиот претходник Никола Груевски, кој е во...

Македонија3 часа

Груевски повеќе не може да се води како оправдано отсутен од Собранието, платата ќе му биде намалена

Отсуството на пратеникот Никола Груевски од собраниските седници повеќе нема да се води како оправдано, а платата ќе му се...

Македонија3 часа

(Видео) Стефанова за Мијалков: Нема недопирливи во оваа држава

Доколку постои најмал основ за сомнение дека постои опасност од бегство или влијание врз кој било сведок, веднаш ќе биде...

Македонија3 часа

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за целосна амнестија на 26 ноември пред пратениците

Предлог-законот за амнестија на осомничените, осудените и обвинетите за 27 април доставен од ВМРО-ДПМНЕ пред пратениците ќе се најде на...

Свет3 часа

Снимка од разговор во случајот со Кашоги: Кажи му на шефот дека мисијата е извршена

Кусо по убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, член на саудискиот одред на...

Македонија5 часа

Стефанова: Јанакиески и Божиновски се подготвувале за бегство

Миле Јанакиески и Кирил Божиновски се подготвувале да бегаат. До вакви сознанија дошло специјалното јавно обвинителство, кое веднаш побарало од...

Македонија5 часа

(Видео) Јанкулоска: Нема причина да ми се определи притвор

Јас ги почитувам мерките за претпазливост, не постои никаква причина да се преиначат, изјави ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска,...

Македонија6 часа

Судот потврди – Јанакиески и Божиновски притворени оти може да избегаат

Судот ја потврди информацијата дека Миле Јанакиески и Кирил Божиновски рано изутринава биле притворени поради опасност од бегство. „Кривичниот совет...

Македонија17 часа

Јанакиески: Немам намера да бегам, ја осудувам постапката на Груевски

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески го осудува бегството на експремиерот Никола Груевски. ,,Најостро го осудувам ваквиот чин...

Македонија19 часа

СЈО ќе бара притвори за обвинети, по бегството на Груевски

Специјалното јавно обвинителство од надлежниот суд ќе бара притвор како мерка за обезбедување  присуство за лица кои се обвинети во...

Македонија19 часа

Распишана меѓународна потерница за Груевски

Судот донел одлука за распишување меѓународна потерница за поранешниот премиер Никола Груевски, по информацијата дека тој се наоѓа во Унгарија....

Македонија20 часа

МВР потврди – Груевски е во Унгарија, побарал азил

Поранешниот премиер Никола Груевски е во Унгарија, каде што побарал азил, потврди Министерството за внатрешни работи. ,,По направените соодветни проверки,...

Македонија22 часа

Унгарската влада не потврдува дали Груевски бара азил во Будимпешта

Унгарската влада ниту потврдува ниту демантира дека бившиот премиер Никола Груевски бара азил во Унгарија. Во краткиот одговорот на прашањата...

Истражувања24 часа

(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Доколку и официјално се потврдат информациите дека поранешниот премиер Никола Груевски навистина е во бегство надвор од државата, како што...

Македонија24 часа

Кривичниот суд: СЈО ниту еднаш не побара притвор за Груевски

На обвинетиот Никола Груевски му се одзмени и личниот и дипломатскиот пасош и тие сè уште се наоѓаат во судот,...

Крвав четврток1 ден

Вељаноски до Мукоски: Човекот ми кажа дека од камерите кај вратите речиси и ништо не се гледа

На 28.4.2017 во 14.24 часот, поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, му испратил порака на Крсто Мукоски со содржина: „Човекот...

Македонија1 ден

Арсовски: Немаме контакт и информации каде е Никола Груевски

ВМРО-ДПМНЕ не знае дали Никола Груевски е во Будимпешта. Портпаролот на партијата, Димче Арсовски, рече дека не знае каде се...

Македонија1 ден

Груевски на „Фејсбук“: Јас сум во Будимпешта, побарав политички азил

Според статус објавен на официјалната фејсбук-страница на поранешниот премиер Никола Груевски, тој избегал во Будимпешта, каде што побарал азил од...

Досие