Daily news
„Шпигл“: Во Германија влегле илјадници талибански борци
Се претпоставува дека во изминатите две години во големиот бран мигранти и бегалци, во Германија влегле и илјадници поранешни талибански борци, пишува германски „Шпигл“. Федералната канцеларија за мигранти и бегалци на Германија ги известила безбедносните служби дека илјадници мигранти биле идентификувани како талибански бунтовници во текот на процесот за добивање на азил, наведува „Шпигл“. Според информациите, најмлаку 70 авганистански мажи се под истрага, иако не е јасно дали било кој од нив е осомничен за тоа дека е активен талибански борец.
Германската канцеларка Ангела Меркел е критикувана поради тоа што дозволила толкав број на мигранти да влезат во Германија, пред се поради фактот што минатата година неколкуте терористички напади беа поврзани со мигрантите, додава „Шпигл“. Меркел активно ги депортира Авганистанците, на кои азилот им е одобрен, а според нејзините наводи околу 55 проценти од Авганистанците добиле статус на бегалци.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
