Контакт

Свет

Шеснаесет цивили, меѓу кои и 7 деца, загинаа во воздушен напад во Сирија

Објавено пред

Најмалку 16 лица, меѓу кои и седум деца, беа убиени во воздушните напади што ги водеше коалицијата предводена од САД во руралниот регион југоисточно од сирискиот град Деир-ез Зор, објави сириската новинска агенција САНА.

Нападот беше насочен кон станбена област во предградието на градот Ал-Багуз во југоисточниот дел на Сирија, објави државната новинска агенција, цитирајќи локални извори.

Градот се наоѓа во долината на реката Еуфрат, во близина на границата со Сирија со Ирак, на околу 128 километри од Деир-ез Зор.

Во текот на сирискиот конфликт, Ал-Багуз неколку години беше под контрола на терористите на Исламска држава се додека не беше заземен од Сириските демократски сили (СДФ) – широка коалиција од вооружени групи поддржани од САД и нивните сојузници – кон крајот на минатиот месец.

Сепак, градот наскоро беше делумно повторно освоен од страна на терористите поради што коалицијата предводена од САД почна да ја бомбардира неговата периферија.

Свет

Смртни казни за шест лица поради тероризам во Египет

Објавено пред

Египетскиот суд им досуди смртна казна на шест лица обвинети за терористички напади во Кердаси, во близина на познатите пирамиди во Гиза. Тие се осудени за два одвоени напади, во 2013 и 2015 година, во кои загинаа најмалку три лица, меѓу кои и полицаец.

Кривичниот суд во Гиза, за слични обвиненија, вклучувајќи и поседување оружје и експлозив, осуди уште 41 лице на доживотен затвор, од кои 28 во осудени во отсуство.

Други седуммина се осудени на 15 години затвор, еден до три години, додека 14 се ослободени.Како што пренесува АП, овие пресуди можат да се обжалат.

Прикажи повеќе...

Регион

Според Мета, Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија

Објавено пред

Албанскиот претседател Илир Мета вели дека „Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија“. Во изјавата што Мета ја дал за косовската РТВ21, дијалогот меѓу Косово и Србија треба да се заврши на најдобар можен начин за двете земји, но и за целиот регион, затоа што тоа е од клучно прашање кое може да ги забрза или забави сите процеси на европеизација.

Според него, иако Албанија меѓу првите ја признала независноста на Косово, сепак, не може да биде дел од дијалогот меѓу Белград и Приштина, затоа што на тој начин „би ја кршела независноста на косовската држава“.

Прикажи повеќе...

Свет

Литванија со јод ќе се бори против радијацијата

Објавено пред

Литванската влада соопшти дека ќе купи повеќе од четири милиони таблети јод во вредност од 900.000 евра, бидејќи соседна Белорусија планира до крајот на годинава да ја пушти во употреба нуклеарната централа „Астравец“.

Таквите апчиња имаат ефект на намалување на растот на радијацијата во тироидната жлезда и ќе бидат испорачани за еден месец. Тие ќе бидат дистрибуирани до граѓаните за да можат да се заштитат во случај на зголемена радијација од „Астравец“, соопшти владата.

Литванија се спротивставува на изградбата на нуклеарната централа и забрани купување струја од Белорусија. Пред 10 години Литванија, која има 2,8 милиони жители, ја затвори својата единствена атомска централа.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион10 часа

Според Мета, Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија

Албанскиот претседател Илир Мета вели дека „Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија“. Во изјавата што...

Свет10 часа

Литванија со јод ќе се бори против радијацијата

Литванската влада соопшти дека ќе купи повеќе од четири милиони таблети јод во вредност од 900.000 евра, бидејќи соседна Белорусија...

Регион11 час

Меркел: Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе се приклучи на ЕУ

Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе влезе во Европската Унија, рече германската канцеларка Ангела Меркел. Таа ја...

Европа11 час

Французи зеле 40 килограми песок од Сардинија, се соочуваат со казна до 6 години затвор

Туристи кои зеле како сувенир 40 килограми песок од плажа во Сардинија се соочуваат со затворска казна до 6 години....

Топ13 часа

Расправија за пасишта во Арачиново заврши со пукање, едно лице е рането

Расправија околу пасиштата во Арачиново завршила со пукање, при што едно лице е рането. Како што информира МВР, вчера во...

Топ14 часа

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа. Според МВР, синоќа во 21:00 часот на улица Панче Пешев во...

Македонија15 часа

Во државата нема вештак што ќе оцени дали Исмет Гури преправал потписи

Нова пауза на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ даде судијката Марија Клетничка. Советот, по паузата, одлучи да не го...

Македонија16 часа

Катица не ги иззема Фетаи и Бубевски

  Шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева, не ги иззема обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од застапување во...

Македонија20 часа

Адвокатот Миланов бара изземање на Јанева од „Титаник 3“ поради тензиите во СЈО

Адвокатот на обвинетиот Исмет Гури во предметот на СЈО, „Титаник 3“, Еленко Миланов, побара да бидат изземени Катица Јанева и...

Топ20 часа

Возач загина во сообраќајна несреќа кај Свети Николе

Четириесет и петгодишен возач од Куманово загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово – Свети Николе. Како што соопшти полицијата,...

Македонија20 часа

15-годишник се удави во Пчиња

Петнаесетгодишник од селото Љубодраг влегол во вода од ископ на сепарација на реката Пчиња и починал. Како што соопшти МВР, телото...

Македонија21 час

Фетаи: Постапката за „Рекет“ ја води друго обвинителство и не сакам да се мешам

Обвинителката Фатиме Фетаи пред почетокот на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ рече дека не сака да се меша во...

Европа21 час

Три децении од падот на Железната завеса

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во пограничното место Шопрон ќе ја одбележат 30-годишнината од падот...

Свет22 часа

Трамп за купувањето на Гренланд: Не е приоритет, но стратешки е интересно

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја коментираше идејата за купување на Гренланд од Данска, наведувајќи дека тое не е приоритет,...

Македонија1 ден

(Видео) Пожар над Усје

Нов пожар над скопската населба Усје избувна вечерва, откако пожарникарите со часови се обидуваат да го локализираат огнот над населбата...

Свет1 ден

Голем пожар на Канарските острови, евакуирани над 4.000 лица

Околу 4.000 лица се евакуирани поради пожар што избувна по втор пат за една недела и уништи рурална област на...

Свет1 ден

Жителите на Нов Зеланд доброволно предале над 10 илјади парчиња оружје на полицијата

Повеќе од 10,000 парчиња огнено оружје се предадени доброволно на властите во Нов Зеланд, како дел од акцијата што беше...

Македонија1 ден

Димитров: ,,Рекет” е раскрсница – едниот пат води кон иднина, другиот кон бездна

Дискредитацијата на СЈО преку аферата ,,Рекет” е со цел да и се избега на правдата, смета министерот за надворешни работи...

Свет1 ден

1,7 милиони луѓе на протест во Хонгконг

Најмалку 1,7 милиони граѓани излегоа на улиците во Хонгконг, на уште еден од низата масовни продемократски протести, соопштија организаторите на...

Спорт2 дена

Ландстрам со гол во сите четири англиски лиги – Шефилд јунајтед со победа (видео)

Шефилд јунајтед имаат одличен старт на својата прва премиерлигашка сезона по долга пауза, откако со 1:0 ги победија Кристал палас...

Досие