Контакт

Свет

Штајнмајер: САД да се откажат од националниот егоизам

Објавено пред

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер во својот говор на одбележувањето на 30 годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, ги повика САД да бидат взаемно почитуван партнер и да го отфрлат национализмот.

Тој потсети на клучната улога на САД во уривањето на ѕидот, кој ги разделуваше комунистичка Источна Германија од капиталистичкиот Запад. Тој изјави дека се уште го слуша крикот на американскиот претседател Роналд Реган кај Брандербуршката капија, барајќи да се урне ѕидот.

Поради политиките на Доналд Трамп и неговото инсистирање на изградба на ѕид на јужната граница со Мексико, германскиот претседател изрази желба за враќање на трансатлантскиот партнер од минатото.

„Оваа Америка како взаемно почитуван партнер, како партнер на демократијата и слободата, против националниот егоизам-на тоа се надевам и во иднина“ истакна Штајнмајер.

Трамп од Вашингтон испрати порака, честитка за комеморацијата, додавајќи дека САД ќе продолжат да соработуваат со Германија, која, како што рече, ја смета за еден од најредни сојузници.

Свет

Папата до учесниците на форумот во Давос: Луѓето, а не профитот, мора да бидат во центарот на политиката

Објавено пред

Папата Франциско испрати писмена порака за да ги потсети делегатите на годинешниот Светски економски форум во Давос на моралната обврска да ги стават луѓето, наместо обичната борба за моќ или профит, во срцето на јавната политика.

Тој вели дека форумот дава можност за арена во која политичката волја и меѓусебната соработка можат да бидат водени и зајакнати со надминување на изолационизмот, индивидуализмот и идеолошката колонизација кои, како што наведува, за жал карактеризираат голем дел од нашата современа дебата.

Папата Франциск, исто така, побара зајакнување на солидарноста со оние што страдаат од социјална или економска нееднаквост и чија егзистенција е загрозена.

На форумот во Давос што почна денес, папата го претставува ватиканскиот кардинал.

Прикажи повеќе...

Свет

Ноќевање во Давос чини 2.700 евра

Објавено пред

Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, и пристигнувањето на најмоќните луѓе во светот, придружувани од бројни делегации и уште поголем број медиуми, ги наполнија сите сместувачки капацитети. Според информациите на Booking.com за неколкуте преостанати соби во Давос потребно е да се издвојат помеѓу 1.676 и 2.794 евра за една ноќ.

Светскиот економски форум во Давос беше отворен синоќа, а првите сесии започнаа денес.

Само трошоците за безбедност се проценуваат на 40 милиони франци.

Дводневниот престој на американскиот претседател Доналд Трамп ќе ги чини американските даночни обврзници повеќе од 3,4 милиони долари за изнајмување автомобили и хотелски соби.

Прикажи повеќе...

Регион

Брисел: Летот меѓу Белград и Приштина е чекор кон нормализација на односите

Објавено пред

Воспоставувањето на комерцијален лет помеѓу Белград и Приштина е добар чекор кон нормализирање на односите, изјави денеска Питер Стано, портпарол на шефот на европската дипломатија, Јосеп Борел, и додаде дека оваа форма на соработка е поддржана од Европската Унија.

Одговарајќи на прашања во врска со летот Белград-Приштина, дали тоа е заслуга на Америка или Европа и дали ЕУ го смета за домашен или меѓународен лет, Стано рече дека тој го гледа само како комерцијален лет, пренесува Н1.

„Нема ништо ново да се каже за статусот. Тоа е долгорочна позиција на ЕУ и започнувањето на комерцијален лет нема да го промени ставот за статусот. Ова е тема што треба да го преземе централното место во дијалогот Белград-Приштина“, рече Стано.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет16 минути

Папата до учесниците на форумот во Давос: Луѓето, а не профитот, мора да бидат во центарот на политиката

Папата Франциско испрати писмена порака за да ги потсети делегатите на годинешниот Светски економски форум во Давос на моралната обврска...

Спорт1 час

(Видео) Словенците се близу до полуфинале на ЕП, Португалците го загубија чекорот

Ракометните репрезентативци на Словенија повторно им се вратија на победите на Европското ракометно првенство по слабата партија и поразот кој...

Регион3 часа

Брисел: Летот меѓу Белград и Приштина е чекор кон нормализација на односите

Воспоставувањето на комерцијален лет помеѓу Белград и Приштина е добар чекор кон нормализирање на односите, изјави денеска Питер Стано, портпарол...

Свет4 часа

Паника во светот поради новиот вирус, ригорозни контроли на аеродромите и железничките станици

Земјите во Азија и другите делови на светот почнаа со проверки на телесната температура на аеродромите, железничките станици и автопатиштата....

Македонија6 часа

(Видео) Ѓорчев: 10.000 граѓани лани се иселиле во Германија

Речиси 10.000 граѓани во 2019 година добиле работни визи и заминале во Германија, рече опозицискиот пратеник Владимир Ѓорчев, кој додаде...

Македонија7 часа

Димитров во Давос: Крајно време е да тргнеме напред

Крајно време е Северна Македонија да направи чекор напред на својот европски пат: отворање на заслужените пристапни преговори со ЕУ,...

Македонија7 часа

Дерковски: Избирачкиот список никогаш не може да биде идеално чист

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, се надева дека на престојните избори нема да има злоупотреба на лични карти...

Македонија8 часа

Османи до партиите: Донесете го Законот за Јавното обвинителство пред изборите

Вицепремиерот Бујар Османи смета дека законот за Јавно обвинителство, кој со месеци е заглавен во Собранието, треба да биде донесен...

Свет8 часа

(Видео) Грета во Давос: Ништо не направивме за климатските промени

Младата активистка за борба против климатските промени, Грета Тунберг, одржа говор на годишниот собир на Светскиот економски форум, кој се...

Свет10 часа

Маж од Австралија со симптоми на смртоносниот корона вирус ставен во карантин

Здравствените власти во Квинсленд потврдија дека во Австралија, најверојатно, се појавил првиот случај на зараза со новиот смртоносен корона вирус...

Свет10 часа

Почнува судењето за импичмент на Трамп, адвокатите повикаа веднаш да се ослободи претседателот

Во Сенатот на американскиот Конгрес почнува судскиот процес за импичмент на претседателот Доналд Трамп. Минатата недела Претставничкиот дом ги испрати...

Економија10 часа

Отворен 50. Светски економски форум во Давос

Педесетиот Светски економски форум во Давос беше отворен синоќа со концерт на Младинскиот оркестар на Европската унија, Симфонискиот оркестар од...

Регион11 час

Во БиХ секоја година умираат по 3 300 луѓе како последица на загадениот воздух

Во Босна и Херцеговина секоја година прерано умираат околу 3 300 луѓе како последица на изложеноста на воздух загаден со...

Забава13 часа

Автомобилите на Пол Вокер продадени на аукција за 2,33 милиона долари

Дваесет и едно возило во сопственост на трагично починатиот актер Пол Вокер, најпознат по улогата во популарната филмска франшиза „Брзи...

Македонија23 часа

Атиџе од „Медена земја“ добива работа во Општина Лозово и ќе сними две песни

Градоначалникот на општина Лозово, Ацо Велковски, објави дека Атиџе Муратова од филмот „Медена земја“ по турнеите ќе биде работно ангажирана...

Македонија1 ден

Царинска управа: Го подигнавме степенот на проверка на секаков отпад

Во контекст на актуелизирањето на увозот на отпад во земјава, посебно по случувањата во соседството, Царинската управа дополнително го подигнала...

Економија1 ден

Дизелот поевтинува

Од ноќеска на полноќ дизелот ќе поевтини 1,5 денар, а цената на бензините ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија1 ден

Командир од Полициската станицата Гази Баба сексуално вознемирувал полицајки

Командир во полициската станица Гази Баба сексуално вознемирувал три колешки. Против него ќе биде поведена постапка за утврдување дисциплинска одговорност...

Македонија1 ден

(Видео) Горан Ангелов ќе биде сменет, ќе се истражува каков отпад бил согоруван на „Дрисла“

Утре ќе биде разрешен досегашниот директор на депонијата „Дрисла“, а на 29 јануари на седница на Советот ќе бидат избрани...

Свет1 ден

Во светот има 2.153 милијардери со богатство поголемо од 4,6 милијарди луѓе

Во светот има 2.153 милијардери со поголемо богатство од 4,6 милијарди луѓе, што претставува 60 проценти од светската популација, се...

Досие