Свет
Што е паметен карантин, кој го воведува Чешка?

Во Чешка почна тестирање преку таканаречен паметен карантин, што значи следење на луѓето преку користење телефони и банкарски картички.
Паметниот карантин подразбира дека преку податоците од провајдерот на мобилните телефони и од банкарските картички забрзано го тестираат контактот на луѓето заразени со коронавирус.
Тие мерки, кои успешно ги користеа Тајван и Јужна Кореја, за почеток се применуваат во Јужноморавскиот Регион, со цел што побргу сите граѓани на Чешка се ослободат од општите ограничувања за движење.
Паметниот карантин го организира војската, а со таа мерка управува шефот на националниот Централен кризен штаб, епидемиологот Роман Примула.
Тој изјавил дека по Велигден, ова мерка ќе биде воведена во сите региони, а некои од општите мерки ќе се укинат.
Паметниот карантин подразбира дека со согласност на заразениот, со посредство на податоците од провајдерот на неговиот мобилен телефон, ќе бидат проверени џи-пи-ес локациите и врз основа на плаќањето со банкарската картичка, каде сè се движел во последните пет дена и кого можел да сретне и зарази.
Луѓето со кои бил во контакт заразениот мора да бидат во карантин. Во рок од неколку часа ќе дојде армиски тим да им земе примерок за тестирање, а ако и тие се заразени, карантинот ќе им биде продолжен на 14 дена.
За паметниот карантин армијата издвои 253 војници и 82 возила, а Генералштабот има епидемиолози, лекари, а армијата свои три болници, рекол премиерот Андреј Бабиш.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Во Унгарија мнозинството од гласачите се уште го поддржува Орбан

Во Унгарија, огромното мнозинство гласачи сè уште го поддржува премиерот Виктор Орбан. Ова се резултатите од новото истражување спроведено од Центарот за фундаментални права.
Според истражувањето, 58 отсто од гласачите се за Орбан во споредба со 18 отсто од оние кои го претпочитаат неговиот поранешен противник Питер Марчи-Заја.
Во извештајот на центарот се наведува дека Орбан има поголема поддршка во сите општествени групи отколку неговиот поранешен предизвикувач.
Свет
(Видео) Апокалиптични сцени од Бахмут: уништени згради и улици преполни со проектили

Андреј Јермак, шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на својот Твитер профил објави видео од Бахмут, на кое се гледа степенот на уништување во градот кој со месеци е под руски напад.
Видеото покажува уништени згради и улици преполни со проектили, а повеќе личи на постапокалиптичен филм отколку на град во кој живееле повеќе од 70.000 луѓе.
#ФортецяБахмут 🇺🇦 pic.twitter.com/WZdDZOb7xJ
— Andriy Yermak (@AndriyYermak) March 30, 2023
Русија од летото 2022 година се обидува да го освои украинскиот град Бахмут во регионот на Доњецк, а нападите особено се интензивираа оваа година. Руските трупи контролираат околу 65 отсто од градот, но украинската армија продолжува да дава жесток отпор.
Свет
Судот во Њујорк го очекува Доналд Трамп

Доналд Трамп во вторник треба да се појави пред судот во Њујорк. Ова е првпат во историјата поранешен претседател на САД да биде кривично гонет.
Големата порота која го обвини Трамп ги разгледа деталите за наводната исплата на актерката од филмови за возрасни Сторми Даниелс за време на претседателската кампања во 2016 година.
Во судот Трамп ќе биде фотографиран, ќе даде отпечаток од прст како и секој друг обвинет, иако ќе биде заштитен од Тајната служба поради неговиот статус на поранешен претседател.
Трамп претходно рече дека ова е политички прогон и мешање во изборите на највисоко ниво во историјата.