Контакт

Свет

Јапонија ќе уништи 330.000 кокошки поради епидемија на птичји грип

Објавено пред

Властите во југозападната јапонска префектура Кагава донесоа одлука за уништување на 330.000 кокошки во локална живинарска фарма каде што претходно беше забележана појава на птичји грип, објави „Кјодо њуз“.

Беше забележано дека властите во Кагава, исто така, побараа силите за самоодбрана на Јапонија да упатат група кон префектурата за да го спроведат истребувањето.

Во изминатите четири дена во префектурата веќе умреа 3.800 заразени пилиња.

Претходно, телевизискиот канал НХК објави дека премиерот на Јапонија, Јошихиде Суга, им наредил на надлежните агенции да ги повикаат продавачите на живина на будност, да собираат податоци на местото на појавата на вирусот и да ги забрзаат мерките за спречување на епидемија.

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Чиле

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди провинцијата Антофагаста во Чиле, објави Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Земјотресот бил на длабочина од 80 километри, пренесува Ројтерс.

Прикажи повеќе...

Свет

Убиецот на словачкиот новинар осуден на 25 години затвор

Објавено пред

Словачкиот Врховен суд го осуди убиецот на истражувачкиот новинар Јан Кучјак на 25 години затвор. Оваа пресуда на апелациониот суд против поранешниот војник Мирослав Марчек е конечна и повеќе не може да се жали на неа, потврди портпаролот на судот, Александра Вазанова.

На почетокот на оваа година, Марчек призна дека во февруари 2018 година ги убил Куцијак и неговата свршеница Мартина Кушнирова пукајќи им со огнено оружје во главата и градите. Со таа пресуда Врховниот суд ја поправи поблагата казна на специјалниот кривичен суд во Пежинок кај Братислава. Тамошните судии го осудија Марчек на 23 години во април, бидејќи му го припишаа фактот дека тој се изјасни за виновен и бидејќи им дал на истражителите вредни информации за нарачателите на убиството.

Сепак, јавниот обвинител инсистираше на максимална казна заради тежината на кривичното дело. Куцијак пишуваше за поврзаноста на словачката и италијанската мафија.Истражувачкиот новинар објави повеќе од десетина написи за претприемачот Маријан Кочнер. Во една статија објавена непосредно пред убиството, Кучјак го обвини Кочнер дека е вмешан во шема за даночна измама, а тој успеа да докаже дека Кочнер заработил милиони евра на црно. Кучјак стана познат по откритијата за затајување данок и бројните измами на деловни луѓе поврзани со владејачката партија на земјата Смер.

Извештајот објавен по неговата смрт за можни врски меѓу италијански мафијашки кланови и словачки државни службеници предизвика масовни протести против корупцијата и доведе до оставка на тогашната влада.Кочнер повеќепати негираше дека го нарачал и платил убиството на Куцијак. Тој беше ослободен во септември за кривичното дело.

Прикажи повеќе...

Свет

До крајот на следната недела масовна вакцинација против коронавирус во Русија

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин нареди почеток на масовна вакцинација против коронавирус во Русија до крајот на следната недела, пренесува РТ.

Лекарите и наставниците први ќе ја примат вакцината.

Руската фармацевтска индустрија е подготвена за обемна вакцинација, бидејќи количината на дози на веќе произведената пионерска антиковид вакцина „Спутник 5“ ќе достигне два милиони во наредните денови, рече Путин.

Русија прави неколку вакцини против Ковид-19, а за првата која е регистрирана, „Спутник V“, нејзините креатори тврдат дека е ефикасна околу 95%.

Регистрирани се 2,3 милиони случаи на коронавирус во Русија, повеќе од 25.000 случаи за еден ден од последниот пресек.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет42 минути

Убиецот на словачкиот новинар осуден на 25 години затвор

Словачкиот Врховен суд го осуди убиецот на истражувачкиот новинар Јан Кучјак на 25 години затвор. Оваа пресуда на апелациониот суд...

Спорт1 час

Синот на Марадона бара Меси да се откаже од „десетката“ во чест на неговиот татко

Диего Синагра, попознат како Диего Јуниор, синот на Диего Марадона вели дека бил потресен од гестот на Лионел Меси со...

Македонија2 часа

946 нови случаи на Ковид-19 во земјата, починаа 33 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.564 тестирања, а регистрирани се 946 нови случаи на...

Македонија3 часа

Лингвистите апелираат: Не прифаќајте разговори за јазик, нација и историја

„Прифаќањето договори за добрососедство, анекси и слично, во кои македонскиот јазик ќе биде заменет со синтагми од типот – официјален...

Македонија6 часа

Сеизмолошка опсерваторија: Земјотресот во Скопје со јачина од 3,5 степени

Телеметриската сеизмолошка мрежа во Македонија објави дека денешниот земјотрес бил со јачина од 3,5 степени според Рихеровата скала. Епицентарот на...

Свет6 часа

Во Виена развиен најбрз тест за Ковид-19 во светот

На Виенскиот универзитет за технологија (ТУ Виен) е развиен нов метод на тестирање за коронавирус, кој е исклучително чувствителен и...

Македонија7 часа

Пратениците да покажат бојадисано јајце за Велигден, бара опозицијата во еден од амандманите

Во еден од амандманите на опозицијата се вели дека за време на велигденските празници, пратениците кои ќе учествуваат во работата...

Македонија8 часа

ИЈЗ: Се намалува бројот на новозаболени, расте бројот на оздравени пациенти

Бројот на новозаболени со коронавирус во периодот од 23 до 29 ноември се намалува, додека расте бројот на оздравени пациенти,...

Македонија8 часа

Филипче: Го подготвуваме здравствениот систем за вакцинација за Ковид-19

Здравствениот систем го подготвуваме за вакцинација за Ковид-19. Ова ќе биде една од најголемите логистички операции која ќе треба да...

Македонија9 часа

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ не ги исплатила долговите за 270 уметнички слики со позлатени рамки

ВМРО-ДПМНЕ е партија во стечај со блокирани сметки и замрзнати недвижности, меѓу кои и мегаломанското квази барокно здание, седиште на...

Економија9 часа

Групацијата АРИКОМА ја купува компанијата „Сеавус“

Претставниците на Групацијата АРИКОМА (ARICOMA), која е дел од чешката Групација ККЦГ(KKCG) на Карел Комарек, најавуваат значаен чекор поврзан со...

Свет9 часа

Русија почна со вакцинација на војниците против коронавирус

Во Централниот воен округ на Русија почна вакцинација на војниците со вакцината против коронавирус „Спутник V“ и прво ќе се...

Регион9 часа

„Коха“: Тачи ќе го бранат пет адвокати во Хаг

Поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, ќе го бранат пет адвокати пред Специјалниот суд во Хаг, пишува „Коха“. Специјализираниот совет...

Свет9 часа

Интерпол предупредува на опасноста од лажни вакцини

Интерпол предупредува дека меѓународната мрежа на организиран криминал може да се насочи кон новите вакцини против Ковид-19. Како што е...

Регион10 часа

Во Хрватска 3.539 новозаразени и 55 починати од Ковид-19

Според официјалните податоци, во Хрватска денес има 3.539 новозаразени лица со Ковид-19, а 55 пациенти починале. Хоспитализирани се 2.408 пациенти,...

Македонија10 часа

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се примени 30 нови пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 30 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно...

Македонија11 час

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира во 16 града

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе протестира во 16 града. Од партијата најавија дека на протестите ќе биде испратена порака до премиерот Зоран...

Свет12 часа

Во САД повеќе од 2.500 починати од коронавирус за 24 часа

Соединетите Американски Држави во вторникот потврдија повеќе од 2.500 смртни случаи за 24 часа, што е најголем број смртни случаи...

Свет13 часа

Велика Британија ја одобри вакцината против коронавирус на „Фајзер“

Велика Британија е првата западна земја што одобри вакцина против коронавирус од производителот „Фајзер“. Британскиот регулатор, МХРА, вели дека вакцината,...

Свет13 часа

Американскиот секретар за правда: Нема докази за изборна измама

Американскиот секретар за правда, Вилијам Бар, рече дека Секретаријатот за правда не нашол докази за широко распространета изборна измама што...

Досие