Свет
Јапонскиот министер за здравство ги прекршил мерките, по 21 часот, отишол на вечера со службеници од Министерството

Јапонскиот министер за здравство, Норихиса Тамура, денеска се извини откако медиумите објавија дека службеници на Министерството за здравство се собрале во ресторан во Токио ноќе и со тоа го прекршиле законот за сузбивање на коронавирусот.
Тамура потврди дека 23 вработени во Министерството вечерале заедно на 24 март и дека бргу ќе го испитаат случајот, објави агенцијата „Кјодо“, пренесува „Ројтерс“.
Токио и трите окружни префектури излегоа од вонредна состојба на 21 март, но владата нареди рестораните да се затворат до 21 часот и да ги ограничат јавните собири.
Според посебен извештај на весникот „Јомијури“, службениците на Министерството за здравство се собрале на проштална забава во паб во Токио, а некои останале до полноќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Спасувачка акција: 21 рудар се заробени во Кина по поплавување на рудник за јаглен

Спасувачките екипи се обидуваат да спасат 21 рудар, кои се блокирани во рудник за јаглен во регионот Ксинџијанг во северозападниот дел на Кина.
Тие останале заглавени синоќа откако поплава ја прекинала електричната енергија под земја и ја нарушила комуникацијата.
Според првичните информации, осум од 29-те рудари кои се наоѓале на местото на инцидентот биле спасени.
Во моментов, се прават обиди за испумпување на водата од поплавеното окно и за снабдување со воздух во рудникот. Се поставуваат цевки, но пумпањето се спроведува многу тешко.
Европа
(Видео) Во Виена протест порaди рестриктивните мерки

Полицијата во Виена уапси 14 демонстранти на протестот против рестриктивните мерки поради пандемијата на коронавирусот.
На протестот присуствуваа околу 3.000 луѓе, а полицијата употреби „бибер спреј“.
Голем дел од Австрија овој месец е во карантин поради зголемениот број на заразени лица со коронавирусот. Со цел да го забрза процесот на имунизација, австриската Влада најави купување на руската вакцина Спутник В.
Свет
Јужна Кореја со „Астра зенека“ ги вакцинира лицата помеѓу 30 и 60 години

Јужна Кореја продолжува со вакцинацијата на лица под 60-годишна возраст со вакцината на „Астра зенека“.
Корејската агенција за контрола и превенција на болести (КДЦА), соопшти дека на лицата помлади од 30 години нема да им се дава оваа вакцина. Агенцијата, претходно неделава, објави дека ја прекинува употребата на вакцината на „Астра Зенека“ за лица помлади од 60 години, по извештајот на Европската агенција за лекови (ЕМА) дека постои поврзаност со случаите на тромбоза.
Здравствените институции во Јужна Кореја ги испитаа материјалите на ЕМА околу ова прашање и заклучија дека придобивките од вакцината се поголеми од можните несакани ефекти.
Донесена е одлука да не се користи вакцината на „Астра Зенека“ кај лица на возраст под 30 години без хронични болести, бидејќи, според ЕМА, ризикот од појава на несакани ефекти ги надминува можните придобивки од вакцинацијата.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш