Контакт

Свет

Јапонските научници смислиле маски што светат доколку лицето што ќе ја носи е позитивно на корона

Објавено пред

Јапонски научници објавија дека со помош на антитела од ној создале заштитни маски што светат под ултравиолетова светлина, со што се овозможува да се утврди дали некое лице е заразено од коронавирус.

Необичниот метод на Јасухире Цукамота и неговите колеги од Универзитетот во Кјото во догледна иднина би можел да овозможи евтино тестирање на коронавирус дома.

Врз основа на претходните истражувања, кои покажаа дека птиците се многу отпорни на болести, јапонските научници ја премачкаа филтерската маска со антитела од ној за да откријат коронавирус.

Во ноевите првин инјектирале неактивна, безопасна форма на коронавирус, а потоа ги извлекле антителата на посебен филтер поставен во маската. Во присуство на коронавирус филтерот беше осветлен под УВ-светлина.

Во мала студија, во која учествуваа 32 заразени лица следени 10 дена, испитаниците носеа маски, а по осум часа, филтрите беа отстранети и испрскани со хемикалија, која во присуство на вирусот светеше под ултравиолетова светлина.

Во пределот околу носот и устата светеле филтрите што ги носеле луѓето заразени од коронавирус.

Директорот на Универзитетот и главен автор на студијата, Јасухиро Цукамото, изјави за „Кјодо“ дека лично е убеден оти е заразен од коронавирус по носењето една од експерименталните маски. Неговата дијагноза беше потврдена по стандарден преглед.

Тој рече дека се надева оти во понатамошното истражување ќе може да направи тестови на поголем број испитаници, што ќе овозможи заштитните маски автоматски да светат во случај на вирус, без посебно осветлување.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Односите меѓу Србија и Турција се на највисоко можно ниво, оценија Вучиќ и Ердоган во Анкара

Објавено пред

Српскиот претседател Александар Вучиќ е во еднодневна посета на Анкара, Турција, каде што оствари средба со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.

По состанкот, српскиот претседател истакна дека неопходно е двете земји да чекорат напред, а не кон минатото. Оцени дека економската соработка меѓу Србија и Турција е во пораст, а исто е и во другите области.

„Имаме 110 турски компании работат во Србија и тие се важни затоа што работат, меѓу другото, и на мали места“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека разговарале за односите меѓу двете земји, мирот, стабилноста, почитувањето на Дејтонскиот договор и, како што рече Вучиќ, многу добро се разбираат по овие прашања.

„Му реков на Ердоган дека Србија го поддржува интегритетот на БиХ и интегритетот на РС во рамките на БиХ. Ќе мора да работиме заедно за да ја вратиме довербата, иако е многу тешко да работиме на тоа, бидејќи дел од медиумите во Србија секогаш гледаат со сомнеж“, рече тој.

Ердоган истакна дека територијалниот интегритет на БиХ е од големо значење и дека заедно со Вучиќ ќе продолжи да ги решава сите проблеми.

Претседателот на Турција го нарече Вучиќ „драг пријател“ и оцени дека односите меѓу двете земји се на високо ниво.

„Нашите односи со Србија се на највисоко можно ниво. Разговаравме за чекорите што треба да ги преземеме во наредниот период. Обемот на нашата трговија, и покрај пандемијата, продолжува да урива рекорди“, рече Ердоган.

Посочи дека Турција ќе направи се за да ги намали тензиите на Балканот и уште еднаш му се заблагодари на својот „драг пријател“ за посетата.

Прикажи повеќе...

Европа

Шпанија им плаќа на младите за да се иселат од домовите на нивните родители

Објавено пред

Шпанската влада ќе им плаќа по 250 евра месечно на младите со ниски приходи за да им помогне да се иселат од домовите на нивните родители, што станува сè поголем проблем во земјата.

Министерката за урбанистичко планирање, Ракел Санчез, на прес-конференција рече дека од овој месец Шпанците помлади од 35 години, чии годишни приходи се помали од 24.318 евра, ќе можат да аплицираат за месечен надоместок за да можат да изнајмат стан на две години. Таа истакна дека оваа поддршка е важна за цените на становите да не бидат пречка за независноста на младите.

Според податоците од минатата година, дури 55 проценти од луѓето на возраст помеѓу 25 и 29 години сè уште живееле со своите родители, што ја прави Шпанија една од земјите во Европа со најголем број на млади луѓе кои живеат во заедница со фамилијата.

Оваа бројка е силно поврзана со особено високиот број млади луѓе кои не се вработени – дури 29 проценти од оние под 25 години во Шпанија немаат работа. Сепак, според Франциско Инарети, портпарол на „Идеалиста“, најголемата шпанска веб-страница за недвижности, директните субвенции за киријата можеби нема да ги исполнат владините очекувања бидејќи има голема побарувачка за мали станови.

„Претходното искуство покажа дека субвенциите директно ги зголемуваат цените на закупнината“, рече тој, додавајќи дека станарите кои заработуваат нешто повеќе од 24.318 евра би можеле да се чувствуваат дискриминирани бидејќи ќе мора да платат уште повисока цена за изнајмување без да добијат поддршка.

Прикажи повеќе...

Свет

Откриено името на новиот главен град на Индонезија

Објавено пред

Индонезиските власти објавија дека новата престолнина ќе се вика Нусантара, пренесува Би-би-си.

Зборот „Нусантара“ на јавански значи „архипелаг“. Новото име веќе наиде на критики бидејќи може да биде збунувачки.

Идејата за изградба на нова престолнина на Борнео првпат беше предложена во 2019 година. Имено, сегашниот главен град Џакарта тоне.

Џакарта стана пренаселена, загадена и тоне со алармантна брзина поради прекумерното извлекување на подземните води. Градот е дом на повеќе од 10 милиони луѓе и се наоѓа на мочурливо тло на островот Јава. Воздухот е прилично загаден, а Џакарта е позната и по сообраќајниот метеж.

Со изградбата на нова престолнина во источен Калимантан, индонезиска провинција на островот Борнео, владата се надева дека ќе може да отфрли дел од притисокот од Џакарта. Познат по своите џунгли и популации на орангутани, источен Калимантан и целиот остров Борнео се богати со минерали и само 3,7 милиони луѓе живеат во покраината, според најновиот попис.

Објавувањето на името на новиот град, исто така, предизвика дебата на социјалните мрежи. Некои рекоа дека новото име може да се покаже збунувачки бидејќи Нусантара е стар термин што се користи во Индонезија за да ја означи нацијата на архипелагот како целина.

Се проценува дека потфатот чини 32,4 милијарди долари и ќе биде еден од најголемите инфраструктурни проекти што индонезиската влада некогаш ги презела.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 час

Рекордни 2.269 нови случаи на коронавирус во Македонија

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 7.038 тестови, а регистрирани се 2.269...

Македонија12 часа

Учебната година ќе заврши на 10 јуни и покрај одложеното второ полугодие

Владата најави измена на наставните програми со цел учебната година да заврши стандардно на 10 јуни, и покрај тоа што...

Македонија14 часа

(Видео) Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади, порача Пендаровски на средбата со бугарскиот премиер

Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади, со цел засилување на добрососедските односи и политичкиот дијалог за почувствителните прашања....

Македонија14 часа

Рот: Бугарија да го признае македонското малцинство, како што Македонија го признава бугарското

Германски пратеник во Бундестагот и поранешен министер на Германија за Европа, Михаел Рот, ја поздрави денешната посета на Македонија на...

Македонија17 часа

Гаврил Бубевски избран за нов претседател на скопското Јавно обвинителство

Некогашниот специјален јавен обвинител, Гаврил Бубевски, стана шеф на скопското Јавно обвинителство, а неговиот колега од СЈО, Стевчо Донев, е...

Македонија18 часа

Бугарија го прифати краткото име Северна Македонија, кое претходно го оспоруваше

Бугарија прифатила да го користи краткото име Северна Македонија, кое претходно го оспоруваше. Премиерот Димитар Ковачевски вели дека ова е...

Европа19 часа

Европскиот парламент доби нов претседател

Европскиот парламент доби нов претседател. Роберта Мецола е избрана за наследник на Дејвид Сасоли за претседател на Европскиот парламент освојувајќи...

Македонија21 час

Со сертификат за вакцинација или прележана болест Македонците ќе може да влезат во Бугарија

Од 20 јануари македонските државјани ќе може да влезат во Бугарија. По интензивната комуникација меѓу министерствата за надворешни работи на...

Свет21 час

Тонга по ерупцијата и цунамито – поплавени острови, земјата и дрвјата покриени со пепел

Првите фотографии по ерупцијата на вулканот кај Тонга и цунамито што ги погоди островите во тој архипелаг ги прикажуваат земјата...

Македонија22 часа

(Видео) Зголемениот водостој на кејот на реката Вардар ги вознемири жителите на Аеродром

По телефонска дојава од страна на граѓани на 195, а и до директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, дека во општина...

Македонија1 ден

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Владата на Република Северна Македонија на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот...

Македонија1 ден

Владата на првата седница ги именува замениците на Ковачевски

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа својата прва конститутивна седница, со која претседаваше премиерот Димитар Ковачевски. На седницата...

Македонија2 дена

766 нови случаи на Ковид-19 и 15 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 3.748 тестови,...

Македонија2 дена

Маричиќ: Не е на Северна Македонија да кажува каде и какво малцинство има во регионот

Новиот вицепремиер за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, изјави дека не е на Северна Македонија да кажува каде какво малцинство има во...

Македонија2 дена

Ковачевски: Задоволен сум од перформансите на министрите од ДУИ

Премиерот Димитар Ковачевски е задоволен од министрите што ДУИ ги има во Владата. Бидејќи во редовите на оваа партија немаше...

Македонија2 дена

Бугарската позиција е јасна, очекувам заедно да работиме на нов дијалог, порача Петков во честитката до Ковачевски

Бугарскиот премиер Кирил Петков му го честиташе изборот на својот македонски колега Димитар Ковачевски наведувајќи дека позицијата на Бугарија за македонската...

Економија2 дена

Поскапуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 1,00 денар/литар, а малопродажните цени на „евродизелот“ (Д-Е V)...

Свет2 дена

Десетте најбогати луѓе во светот си го удвоија богатството за време на пандемијата, а 160 милиони западнаа во сиромаштија

Богатството на 10-те најбогати луѓе во светот се удвои од почетокот на пандемијата, се наведува во извештајот објавен денеска од...

Спорт2 дена

Само вакцинираните ќе може да настапат на „Ролан Гарос“

Професионалните спортисти ќе мора да бидат вакцинирани против коронавирусот доколку сакаат да учествуваат на спортските натпревари во Франција. Ова се...

Македонија2 дена

(Видео) Ковачевски ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев

Новоизбраниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски, денеска ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев. Премиерот во заминување,...

Досие