Свет
Јапонците истопија 80.000 тони електроника од мобилни телефони и ги направија сите медали за ОИ 2020

Јапонија веќе преработи речиси 80.000 тони мобилни телефони и друга електроника за да направи медали за Олимпијадата и Параолимпијадата во Токио во 2020 година.
Организаторите на „Токио 2020“ собираа стара електроника во изминатите две години и извадија доволно метал за околу 5.000 олимписки и параолимписки златни, сребрени и бронзени медали.
Според извештајот на организаторот, од тие 80.000 тони електроника извадени се 32 килограми злато, 3.500 килограми сребро и 2.200 килограми бронза (бакар и цинк).
Јапонците, инаку, стариот електронски отпад најмногу го користат за создавање нови уреди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Гутереш бара прекин на активностите околу нуклеарната централа во Запорожје

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска повика на итен прекин на сите воени активности околу најголемата европска нуклеарна централа во Запорожје, на југоистокот на Украина.
Тој предупреди дека секоја штета може да доведе до „катастрофални последици“ во регионот и пошироко, пренесува АП.
Русија постојано ја обвинува Украина за напад на фабриката и ги повика западните сили да ја запрат воената акција на Киев.
Европа
Судар на два воза во забавен парк во Германија, повредени се најмалку 34 лица

Повеќе од 30 лица се повредени, од кои двајца потешко, откако два воза се удриле еден во друг во забавен парк во јужна Германија.
Еден воз на тобоганот пробал да закочи, а друг се судрил со него во паркот Леголанд во Гунцбург, јави германската новинска агенција dpa.
На местото на настанот се испратени три хеликоптери, а на помош биле повикани и противпожарните и спасувачките служби. Најмалку 34 лица се повредени.
Засега не е познато како дошло до несреќата.
Свет
Русија и Турција постигнаа договор за плаќање на гасот во рубли

Русија и Турција постигнаа начелен договор за префрлање на дел од плаќањето за рускиот природен гас во рубли како дел од продлабочувањето на трговските врски меѓу двете земји, соопшти денеска турското Министерство за енергетика.
Избегнувањето плаќања во долари е корисно за двете земји, пренесува „Раша тудеј“ (RT) и додава дека Русија ја нарече американската валута „токсична“ бидејќи западните санкции ги отежнуваат трансакциите.
Дополнително, овој договор ѝ помага на Турција да ги зачува своите намалени резерви на тврда валута.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган минатата недела потврди дека Анкара ќе почне да плаќа дел од увозот на природен гас од Русија во рубљи по повеќечасовни разговори со неговиот руски колега Владимир Путин во Сочи, потсетува РТ.
Двете земји потпишаа и патоказ за развој на економската соработка, кој предвидува зголемување на билатералната трговска размена на 100 милијарди долари годишно.
Путин претходно овој месец рече дека земјите од ЕУ треба да ѝ бидат благодарни на Турција што на блокот му обезбеди сигурно снабдување со руски гас преку гасоводот Турски тек, пренесе Блиц.рс.