Европа
Јозеф Гебелс и натаму е почесен граѓанин на Потсдам

Властите во градот Потсдам признаа дека неодамна дошле до многу непријатно откритие – дека всушност никогаш не му било укинато почесното државјанство на нацистичкиот министер за пропаганда, Јозеф Гебелс, доделено во 1938 година, објави агенцијата ДПА.
На високиот нацистички функционер почест му била доделена од градот Бабелсберг на 1 април 1938 година, една година пред да биде вклучен во Потсдам, главниот град на покраината Бранденбург.
Таквата почест обично завршува кога ќе умре оној кому му е доделена, во случајот на Гебелс тоа би било 1 мај 1945 година, меѓутоа тој и натаму е на листата.
На веб-страницата на почесните граѓани на Потсдам стои дека титулата почесен граѓанин доделена на Гебелс не била постхумно укината, најверојатно поради незапознаеност со фактот дека воопшто му била доделена.
Откритието било направено од персонал што ја проучувал листата на почесни граѓани во текот на летото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски во Лондон: Имаме слобода, дајте ни крилја да ја заштитиме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговата посета на Лондон одржа говор пред британските парламентарци.
Зборувајќи на англиски, тој и’ се заблагодари на Британија во име на украинските војници, регрутите и оние кои ќе бидат распоредени на фронтот на војната.
Тој рече и дека зборува „во име на секој татко и секоја мајка кои чекаат нивните храбри синови и храбри ќерки да се вратат дома од војна“, пишува Гардијан.
„Лондон е со Киев од првиот ден, од првите секунди и минути на руската војна против Украина“ рече тој.
Зеленски и’ се заблагодари на Велика Британија што ја снабдува неговата земја со главни борбени тенкови.
„Ракетите со долг дострел ќе ни овозможат целосно да го отстраниме злото од нашата земја. Обединетото Кралство маршира со Украина кон најважната победа во нашиот живот – победата над самата идеја за војна“, вели Зеленски.
Додаде дека Украина и нејзините сојузници формирале „вистинска коалиција на пријатели“ и веќе постигнале забележителни резултати.
„Победата ќе го промени светот и тоа ќе биде промена која на светот одамна му беше потребна“, рече Зеленски во обраќањето пред британскиот парламент, пренесе „Ројтерс“.
Украинскиот лидер ја повикува Велика Британија да продолжи со воведување санкции за да ја лиши Русија од можноста да ја финансира војната против Украина.
„На светот му треба вашето лидерство, Британија. Исто како што е потребна украинска храброст“ рече Зеленски.
„Имаме слобода, дајте ни крилја да ја заштитиме“
Претседателот Зеленски на спикерот на Долниот дом на Собранието, Линдзи Хојл и’ подари шлем на украински пилот.
На шлемот пишувало: „Ние имаме слобода, дадете ни крилја за заштита“.
По неговиот говор во британскиот парламент, домаќин на Зеленски беше кралот Чарлс.
Претседателот на Украина, кој е во посета на Велика Британија, вечерва ќе пристигне во Париз, јави француската ТВ БФМ повикувајќи се на информирани извори.
Зеленски, кој е во Лондон во својата втора посета во странство од почетокот на рускиот напад врз Украина на 24 февруари минатата година, би можел да пристигне во Брисел во четврток, по Париз, на самитот на Европската унија, но таа посета се уште не е потврдена.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во понеделникот рече дека го поканил Зеленски „лично да учествува на еден од идните самити“.
Европа
Шолц: Трката за субвенции со САД би била погрешен пат за ЕУ

Трката за субвенции со САД би била погрешен начин ЕУ да одговори на американскиот Закон за намалување на инфлацијата, изјави денеска германскиот канцелар, Олаф Шолц.
Во своето обраќање во Бундестагот пред самитот на ЕУ, кој почнува в четврток, Шолц рече дека Унијата сака да ги продлабочи економските односи со САД.
Шолц посочи дека тековните разговори САД – ЕУ за Законот за намалување на инфлацијата имаат добра почетна точка доколку Америка се откаже од правилата што ги ставаат европските компании во неповолна положба во споредба со, на пример, компаниите од Канада и Мексико, објави „Ројтерс“.
Европа
Осумгодишниот Јигит цели 52 часа бил под урнатата зграда и чекал помош

Спасувањето на преживеаните, кои останаа заробени под урнатините по страшниот земјотрес што пред два дена опустоши делови од Турција и Сирија, сè уште е во тек.
Повеќе од 9.500 луѓе загинаа, а околу 40.000 се повредени, но се стравува дека овие бројки ќе бидат многу поголеми.
Спасувачите со помош на граѓаните сè уште копаат под урнатините и ги извлекуваат преживеаните, а штотуку пристигна веста дека по 52 часа од урнатините е извлечено осумгодишно момче.
Јигит Чакмак бил закопан под урната зграда во Хатај, Турција, а по извлекувањето, мајка му цврсто го прегрна и плачеше од среќа.