Свет
Југот на САД се подготвува за нова серија бури, училиштата затворени од Тексас до Џорџија
Училиштата и другите објекти од Тексас до Џорџија се затворени или се подготвуваат да затворат денеска поради прогнозата за дожд и снег, што ќе зафати поголем дел од јужниот дел на САД.
Наставата е откажана за повеќе од милион ученици во Тексас, а училиштата се затворени и во Канзас и во Литл Рок, главниот град на Арканзас.
Во областа Далас властите ги подготвија патиштата за очекувани снежни врнежи од 5 до 10 сантиметри, а на север, во близина на Оклахома, се очекуваат и до 12 сантиметри снег.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
