Свет
Јужна Африка прави сопствена верзија на антивирусна вакцина „Модерна“

Научници од Јужна Африка направија копија на антивирусна вакцина „модерна“, со потег за кој велат дека ќе помогне да се зголеми стапката на вакцинација во таа земја.
Модерна претходно изјави дека нема да ги патентира своите вакцини, што ќе им овозможи на научниците од Кејптаун да направат своја верзија на вакцината.
Африканскиот континент моментално има најниска стапка на вакцинација во светот.
Компанијата која стои зад оваа вакцина – „Африген бајолоџикс“ – наведува дека се надева дека ќе започне со клинички тестови во ноември, објави Би-би-си.
Истражувачите се поддржани од Светската здравствена организација.
Директорот на „Африген бајолоџикс Петро“ Тербаланхе изјави дека јужноафриканскиот тим започна скромно, но дека има амбиции брзо да напредува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Лавров пречекан со традиционално јадење со кисело млеко

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, е во работна посета на Монголија.
На аеродромот во Улан Батор рускиот дипломат беше пречекан со традиционално јадење со кисело млеко наречено арул, кое личи на суво сирење. Веднаш по излегувањето од авионот, Лавров бил пречекан од девојки во национални носии, кои му понудиле да проба традиционално монголско јадење.
Лавров во текот на денот ќе разговара со шефот на монголското МНР, Батмун Батчег.
Се очекува министрите детаљно да разговараат за клучните прашања од билатерално значење, како и за текот на исполнувањето на договорите на повисоки нивоа за натамошен развој на соработката во трговско-економската, транспортно-инфраструктурната, енергетската и хуманитарната област, како и зајакнување на меѓусебната соработка на меѓународната сцена и во регионалните прашања.
Покрај тоа, Лавров ќе биде примен и од највисокото политичко раководство во земјата.
Европа
Песков: „Русија има план доколку НАТО се прошири“

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека руското Министерство за одбрана има планови за безбедноста на земјата доколку НАТО се прошири.
Песков денеска изјави дека Русија прави напори да ја обезбеди својата безбедност, особено во контекст на можното распоредување на оружје на НАТО во Финска и Шведска.
„Таквите опции се разгледуваат, а тоа не го прави Кремљ, туку Министерството за одбрана. Веќе кажавме дека имаат соодветни планови и се прават напори за да се обезбеди нашата безбедност“, изјави Песков на прашањето дали Русија разгледува опции за одговор на евентуалното формирање на базата НАТО во Финска недалеку од руската граница, пренесува ТАСС.
Прашан за коментар за процесот на приклучување на Финска и Шведска во НАТО, Песков рече дека претседателот Владимир Путин веќе ја разјаснил својата позиција „и нема што да се додаде“.
Шефовите на дипломатиите на Финска и Шведска и амбасадорите на 30 членки на НАТО рано денеска ги потпишаа протоколите за пристапување во алијансата.
Тие ќе можат да влезат во НАТО откако сите членки ќе ги ратификуваат документите.
Свет
(Видео) Шведска и Финска поблиску до НАТО, потпишан пристапниот протокол

Триесет сојузници на НАТО денеска го потпишаа пристапниот протокол за Финска и Шведска за да им се овозможи да се приклучат на алијансата откако парламентите на земјите членки ќе ја ратификуваат одлуката, што се смета за најзначајно проширување од средината на 1990-тите, пренесуваат агенциите.
„Ова е добар ден за Финска и Шведска и добар ден за НАТО“, изјави Столтенберг пред новинарите во заедничката изјава за печатот со шефовите на шведската и финската дипломатија.
„Ова е историски момент“
„Ова е навистина историски момент“, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
„Со 32 нации на маса, ќе бидеме уште посилни, а нашиот народ ќе биде уште побезбеден бидејќи се соочуваме со најголемата безбедносна криза во последните децении“, додаде тој.
Протоколот значи дека Хелсинки и Стокхолм можат да учествуваат на состаноците на НАТО и да имаат поголем пристап до разузнавачките податоци, но нема да бидат заштитени со одбранбената клаузула на НАТО дека нападот врз еден сојузник е напад на сите до ратификација. Ова веројатно ќе потрае и до една година.
Генералниот секретар на НАТО зборуваше во пресрет на средбата на која амбасадорите на 30-те земји членки на НАТО ги потпишаа пристапните протоколи за двете нордиски земји.
„Ние сме исклучително благодарни“
„Ние сме исклучително благодарни за сета силна поддршка што ја добивме од сојузниците“, рече шведската министерка за надворешни работи Ен Линде.
„Убедени сме дека нашето членство ќе го зајакне НАТО и ќе придонесе за стабилноста во евро-атлантската област“, додаде таа.
По руската инвазија на Украина во февруари, Шведска и Финска истовремено ја објавија својата намера да се откажат од својот неутрален статус и да станат дел од НАТО.