Контакт

Свет

Јужна Кореја ги затвори училиштата во Сеул поради коронавирусот

Објавено пред

Јужна Кореја нареди да се затворат повеќето училишта во Сеул и околните подрачја и наставата да продолжи преку интернет во најновата во низа мерки за претпазливост со цел спречување на понатамошен раст на бројот на заболени од коронавирус.

Корејските центри за контрола и превенција на болести до вчера на полноќ пријавиле 280 случаи, па земјата сега има 17.945 заразени и 310 починати.

Тоа значи пад во дневниот број на новозаразени. До саботата на полноќ имало 397 случаи, што беше највисока дневна бројка од почетокот на март.

Иако повеќето нови случаи се наоѓаат во густо населената област на главниот град, здравствените власти велат дека земјата е на работ на повторна појава на инфекцијата и ги повикуваат луѓето да останат дома и да избегнуваат патувања.

Сите студенти, освен средношколците, во градовите Сеул и Инчеон и покраината Геонџи ќе имаат часови преку интернет до 11 септември, соопшти Министерството за образование.

Во последните две недели најмалку 150 ученици и 43 вработени во училиштата биле позитивни на коронавирусот во поголемата област во Сеул, изјави министерот за образование, Јуо Еун-ха.

Сеул вчера првпат нареди маските да бидат задолжителни и на затворен и на отворен јавен простор и да се затворат црквите, ноќните клубови, караоке-баровите и други места со висок ризик.

Регион

Во Хрватска 135 новозаболени од Ковид-19, тројца починати

Објавено пред

Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 135 нови случаи на Ковид-19, а бројот на активни случаи е вкупно 1.158.

Меѓу нив, 274 пациенти се наоѓаат во болница, од кои 26 се на апарати за дишење. Три лица починале.

Во Хрватска досега се забележани вкупно 16.380 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 275 починале.

Вкупно закрепнале 14.947 лица, од кои 154 во последните 24 часа. Во моментов има 8.744 лица во самоизолација. До денес се тестирани вкупно 300.492 лица, од кои 4.494 во последните 24 часа.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Војската на Нагорно Карабах соборила два азербејџански хеликоптери

Објавено пред

Војската на Нагорно Карабах собори два азербејџански хеликоптери користејќи ракети земја-воздух „Игла“, објави прес-секретарот за ерменското Министерство за одбрана, Шушан Степанјан, објавувајќи видео во кое наводно е прикажано леталото погодено од локалните сили, пренесува „Спутник“.

„Единиците на вооружените сили на Артсак [Нагорно Карабах] уништија два непријателски хеликоптери кои се приближуваа од источниот правец, користејќи „Игла““, напиша Степанјан на Фејсбук.

Արցախի ՊԲ ստորաբաժանումների կողմից արևելյան ուղղությամբ Իգլա ԴԶՀՀ-ով ոչնչացվել է հակառակորդի երկու ուղղաթիռПодразделения Армии обороны Арцаха из ПЗРК "Игла" уничтожили два вертолета противника на восточном направленииTwo enemy helicopters were destroyed by Igla MANPADS in the eastern direction by Artsakh #DefenseArmy units

Posted by Shushan Stepanyan on Вторник, 29 септември 2020

И двете страни пријавија бројни судири во изминатите неколку дена, обвинувајќи се едни со други за агресија. Во исто време, ерменските и азербејџанските војници објавија повеќе видеа со операции и напади едни против други.

Нагорно-Карабах, автономен регион со мнозинско ерменско население, прогласи независност од тогашниот советски Азербејџан во 1991 година. Големиот конфликт меѓу Баку и Ереван ја пустошеше областа сè до 1994 година, кога страните се согласија да започнат мировни преговори со посредство на Групата Минск на ОБСЕ. Сепак, односите меѓу двете нации останаа напнати поради замрзнатиот конфликт.

Прикажи повеќе...

Свет

Обвинителството во Турција подигна второ обвинение за убиството на новинарот Џамал Кашоги

Објавено пред

Турското обвинителство подигна второ обвинение против шест осомничени Саудијци во врска со убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во 2018 година во Истанбул, пренесува „Дејли сабах“.

Обвинението против шесте осомничени лица кои се во бегство, вклучувајќи двајца вработени во Саудискиот конзулат, беше одобрено од Канцеларијата на јавниот обвинител во Истанбул и поднесено до Високиот кривичен суд бр. 11, каде што беше главниот претрес за случајот на 20-те обвинети.

Oбвинителството бара доживотни казни за тешко, монструозно убиство со намера против двајцата вработени во Конзулатот – Султан Јахја А. и Јасир Халир М. и затвор од шест месеци до пет години за четворицата други осомничени – Ахмет Абдулазиз М., Калид Јахја М., Мохамед Ибрахим А. и Обаид Гази А.

Според обвинението, двајцата вработени во Конзулатот биле во тимот што го извршил убиството и по убиството ја напуштиле Турција, а другите четворица осомничени се обвинети за напуштање на Турција по прикривањето докази со одење на местото на злосторството веднаш по убиството.

Новинарот на „Вашингтон пост“, Џамал Кашоги, беше убиен во комплексот на Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, каде што имал закажан состанок за издавање лични документи за венчавка.

По повеќедневното негирање, саудиските власти признаа дека Кашоги е убиен, а потоа судот во Саудиска Арабија им изрече смртни казни за петмината обвинети. Сепак, земјата одби да ги испорача осомничените, вклучувајќи ги и Ахмед ал-Асири, поранешен заменик-началник на саудиското разузнавање, и Сауд ал-Катани, поранешен советник на саудискиот престолонаследник, принцот Мухамед бин Салман.

Претходно овој месец, Кривичниот суд во Ријад ги преиначи смртните казни за обвинетите во затворски казни до 20 години, четири месеци откако семејството на Кашоги им прости на убијците и овозможи преиначување на казната. Судскиот процес во Саудиска Арабија беше масовно критикуван.

„ Саудискиот обвинител денес изврши уште едно дело во оваа пародија на правдата. Но, овие пресуди не носат легален и морален легитимитет“, рече Агнес Каламард, специјалната известувачка на ОН за вонсудски егзекуции.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија40 минути

(Видео) Потпишан етичкиот Кодекс, функционерите се обврзаа на транспарентно и одговорно работење

На седница на Владата денеска беше потпишан Кодексот за етичко однесување на носителите на јавни функции. По тој повод, заменик-претседателот...

Свет40 минути

(Видео) Војската на Нагорно Карабах соборила два азербејџански хеликоптери

Војската на Нагорно Карабах собори два азербејџански хеликоптери користејќи ракети земја-воздух „Игла“, објави прес-секретарот за ерменското Министерство за одбрана, Шушан...

Македонија1 час

Осум починати и 112 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на...

Македонија2 часа

(Видео) Фетаи ќе бара затворски казни за сите обвинети во „Насилство во Центар“

Обвинителката Фатиме Фетаи ќе бара затворска казна за Миле Јанакиески и другите обвинети со жалба во апелација откако Кривичниот суд...

Македонија2 часа

Царовска: Место да ја бојкотираат онлајн-наставата, родителите, градоначалниците и директорите да седнат и да се договорат

Бојкот на онлајн-наставата нема да им донесе ништо добро на децата, рече денес министерката за образование и наука, Мила Царовска....

Македонија3 часа

(Видео) Затворска казна за Груевски, а условна за Јанакиески и за извршителите во „Насилство во Центар“

Судот изрече казна затвор од 1 година и 6 месеци за Никола Груевски, а за Миле Јанакиески условна казна од...

Македонија3 часа

Илјадници ученици и денес не може да се приклучат за онлајн-учење, Царовска повикува на трпение

Фијаско и на генералната проба, Националната платформа за онлајн-учење и денес паѓа. Илјадници ученици, наставници и родители и утрово не...

Свет4 часа

(Видео) Гори цивилен автобус погоден од азербејџански дрон

Ерменскиот министер за одбрана објави на „Твитер“ дека гори цивилен автобус, погоден од азербејџански дрон. In #Vardenis which is located...

Македонија4 часа

Средба Османи – Вархељи: Почетокот на преговорите ќе биде јасен сигнал за европскиот курс на целиот регион

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на работната посета на Брисел оствари средба со еврокомесарот за соседство и...

Топ5 часа

Се преврте автобус со 16 војници на АРМ, пренесени се во болница со полесни повреди

Изутринава се случи сообраќајна незгода на патот Струмица – Штип кога се преврте автобус во кој се превезувале 16 војници...

Македонија5 часа

МОН: За еден ден, на платформата за учење на далечина 
се пријавиле над 88 илјади корисници

„Како што беше најавено во текот на вчерашниот ден, кога почнавме со тестирање на Националната платформа за учење на далечина,...

Свет6 часа

Трамп и Бајден ќе се соочат на првата дебата за претседателските избори

За прв пат лице в лице, во првата од трите претседателски дебати, Доналд Трамп и Џозеф Бајден ќе се сретнат...

Свет6 часа

(Видео) Судирот ескалира: соборен авион на азербејџанските сили, убиени се уште 26 ерменски војници

Армијата на Нагорно-Карабах собори авион на азербејџанските сили, изјави портпаролот на претседателот на таа непризнаена република, Ваграм Погосјан. Како што...

Македонија7 часа

Министрите на владина седница ќе потпишат кодекс за етичко однесување

Владата на Република Северна Македонија, денеска, со почеток во 12 часот, во свечената сала ќе ја одржи седмата седница. На...

Свет7 часа

Итна седница на Советот за безбедност на ОН за Нагорно-Карабах

Денеска треба да се одржи итна седница на Советот за безбедност на ООН за регионот Нагорно- Карабах, каде се водат...

Европа7 часа

Село во Романија третпат избра ист градоначалник иако е мртов

Жителите на едно село во Романија го реизбраа истиот градоначалник на локалните избори, иако тој почина пред две недели од...

Спорт16 часа

Дури 11 фудбалери на Џенова имаат КОВИД-19, нејасно е дали Пандев е меѓу нив!

Италијанските медиуми тврдат дека дури 11 фудбалери на Џенова и 3 членови на тимот имаат позитивен тест на КОВИД-19, вклучувајќи...

Регион18 часа

Србинка заврши со притвор со новороденчето – била шеф на балканска наркобанда во Шпанија

37-годишна Србинка заедно со нејзиното новороденче е притворена во Шпанија, откако тамошната полиција спровела истрага во која е откриена балканска...

Свет20 часа

Ако Баку користи турски авиони „Ф-16“ – Ереван ќе ги користи ракетите „Искандер“

Ерменскиот амбасадор во Русија, Вардан Тогањан, изјави дека Ереван ќе користи ракети „Искандер“ доколку Баку употреби турски ловци „Ф-16“ во...

Свет20 часа

Ерменија бара итна реакција од Европскиот суд за човекови права

Ерменија итно реагираше до Европскиот суд за човекови права од кого побара привремени мерки против Азербејџан, каде што траат борбите...

Досие