Контакт

Свет

Јужна Кореја ги удвојува инвестициите во вештачка интелигенција и беспилотни летала

Објавено пред

Министерството за наука и информатичка технологија во Јужна Кореја соопшти дека значително ќе ги зголеми инвестициите во развојот на вештачката интелигенција (АИ) и беспилотните летала. Во 2020 година планираните инвестиции во беспилотни летала ќе достигнат до 23,2 милиони американски долари, речиси двојно повеќе од потрошените во 2019 година.

Околу половина од оваа сума ќе биде потрошена за развој на оригинални технологии, а четвртина за воведување беспилотни летала АИ и 5Г.

Министерството за Јужна Кореја исто така соопшти дека ќе издвои 65,6 милиони американски долари од програмата „АИ-хаб“ за следната година, повеќе од двојно во однос на износот потрошен оваа година. Тој хаб е отворен портал што може да го користат деловните субјекти, стартапи и технолошки фирми, како и образовни и научни институции, за преземање  податоци поврзани со АИ.

Министерството посочи дека повеќе детали за новиот хаб ќе бидат објавени следниот месец.

Европа

Германија ќе ги интегрира доселениците и пред да дојдат во земјата

Објавено пред

Германската влада планира да почне со интегрирање на идните доселеници уште пред да се вселат во Германија, беше соопштено по состанокот на кабинетот на канцеларката Ангела Меркел.

„Дури и пред доселувањето, мора да поставиме некои насоки за интеграција кои би требало да се почитуваат по доаѓањето“, изјави комесарката за интеграција во сојузната влада, Анет Видман-Мауз, по состанокот на кабинетот на кој бил прифатен дел од т.н. Национален акциски план за интеграција.

Акцискиот план предвидува мерки за интеграција на идните имигранти, кои би почнале уште во нивните земји на потекло, а кои пред сè би се однесувале на учењето на германскиот јазик и на сеопфатни информации за животот во Германија.

„Ова меѓу другото е за да се спречи создавањето лажни очекувања за животот во Германија“, објасни Видман-Мауз.

Националниот акциски план за интеграција содржи неколку тематски единици, од кои Видман-Мауз особено ја нагласува почетната интеграција и инклузија.

Покрај владата, во проектот се вклучени и сојузните покраини и претставници од граѓанското општество, социјални организации и 75 здруженија на мигранти.

Усвојувањето на Националниот акциски план за интеграција е дел од подготовките за воведување на Законот за вселување на квалификувани работници, кој стапува на сила од 1 март годинава.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе...

Свет

Неуспешен дипломатски потег или коинциденција: Ќерката на Трамп во зелен фустан на состанок со премиерот на Пакистан

Објавено пред

На Светскиот економски форум во Давос присуствуваше и Иванка Трамп, ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп.

Меланија Трамп не дојде во Давос, првата дама на САД го пропушти  форумот во Швајцарија и во 2018 година и покрај тоа што беше најавено дека ќе го придружува сопругот на Светскиот економски самит.

Иванка како висок член на американската администрација и нејзиниот сопруг, Џаред Кушнер, кој исто така игра важна улога во тимот на Трамп, го придружуваат американскиот претседател на сите важни состаноци.

Тие се состанаа со делегацијата на Пакистан, предводена од премиерот на оваа земја, Имран Кан, поранешна ѕвезда на меѓународен крикет.

Иванка носеше еднобојна зелена комбинација за важната средба, таа беше во таа боја од глава до пети. А она што е важно е дека бојата на нејзиниот фустан ја следи бојата на пакистанското знаме.

„Твитер“ ја исмева Иванка поради тоа, па таа „коинциденција“, а некои велат и нејзин дипломатски потег се смета за урнебесен и претеран.

Прикажи повеќе...

Свет

Мистериозниот корона вирус веројатно почнал од диво животно

Објавено пред

Новиот вид корона вирус, од кој досега починаа девет, а заразени се стотици луѓе, веројатно се проширил преку нелегална трговија со животински свет, тврдат кинески научници, а пренесоа новинските агенции.

Гао Фу, директор на Кинескиот центар за контрола и превенција на болести и член на Кинеската академија на науките, им кажал на новинарите дека се претпоставува оти вирусот се проширил од пазар во градот Вухан во централна Kина, каде што мутирал и почнал да се пренесува од човек на човек.

„Од досега достапните информации, изворот на вирусот е диво животно, кое се продава на пазарите за морска храна“, истакнал Гао.

„Вирусот од дивите животни постепено мутира“, објаснил тој.

Се верува дека корона вирусот го пренесуваат малите цицачи познати како цибетки, диво животно кое во Кина многумина го сметаат за деликатес.

Кинеските власти сепак досега не прецизираа за кое животно се сомневаат оти е носител на новиот корона вирус, кој се шири од Вухан.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија43 минути

Раскината концесијата за Охридското Езеро, Димковски тврди дека концесионерот ги кршел законите

Владата донесе одлука за раскинување на договорот за концесија за Охридското Езеро со концесионерот „Летница-Белвица“. Причината за оваа одлука, како...

Македонија53 минути

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ со 3.000 амандмани го блокира предлог-законот за отпис на камати

ВМРО-ДПМНЕ поднел 3.000 амандмани за предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавните препријатија, за кој...

Топ1 час

Измамник во Свети Николе изнудил 2.000 евра од жена, ја излажал дека е полицаец и ја спасува нејзината внука од затвор

Седумдесет и осумгодишна жена од Свети Николе пријавила дека била измамена за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, вчера лицето...

Македонија2 часа

Микиќ: Нема потреба од паника за корона вирусот во Македонија

Информативните летоци ќе бидат превентивна мерка во Македонија да не се рашири смртоносниот корона вирус. Доктор Владимир Микиќ од Институтот...

Македонија3 часа

Уставниот суд нема да ја оценува уставноста на амнестијата на обвинетите за 27 април

Нема да се оценува уставноста на амнестијата со која некои од обвинетите за упадот во Собранието на 27 април се...

Македонија4 часа

Спасовски: Во земјата не се увезува штетен отпад

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, уверува дека во државата не се увезува штетен отпад за кој нема сертификати. Тој вели дека...

Македонија4 часа

Филипче: Чекаме препораки од СЗО за заштита од корона вирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека чекаат Светската здравствена организација да даде препораки за тоа што треба да се...

Македонија4 часа

(Видео) Крпен студентски живот: 61 денар за оброк дневно, еден килограм месо месечно

Просечно по 61 денар се издвојува дневно за оброк за станарите во студентските домови. На секој станар му следуваат по...

Свет4 часа

СЗО: Постои голема веројатност корона вирусот да се прошири и надвор од Кина

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека постои голема веројатност новиот корона вирус да се прошири и во други делови на...

Свет5 часа

Сенатот на САД ги усвои правилата за постапката за импичмент на Трамп

По 13-часовна расправа, американскиот Сенат ги усвои правилата за водење на постапката за отповикување на претседателот Доналд Трамп вклучувајќи го...

Свет5 часа

Трамп: Имаме добар план за новиот корона вирус

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД имаат план за борба против корона вирусот, од коj во Кина загинаа деветмина,...

Регион5 часа

Протести на грчките острови поради преполните мигрантски кампови

Штрајкови и протести се одржаа на грчките острови Лезбос, Самос и Киос поради владиното справување со мигрантите што пристигнуваат од...

Свет6 часа

Саудиска Арабија негира дека го хакирала телефонот на Џеф Безос

Саудиска Арабија ги отфрли како апсурдни пишувањата на „Гардијан“ дека го хакирала телефонот на сопственикот на „Амазон“ и на „Вашингтон...

Свет8 часа

Путин го потпиша указот, Шојгу и Лавров и во новата руска влада

Рускиот претседател, Владимир Путин, синоќа потпиша указ за составот на новата влада предводена од премиерот Михаил Мишустин, при што ресорите...

Свет9 часа

Кина: Новиот вирус мутира, расте бројот на починати

Кинеската здравствена комисија соопшти дека 440 луѓе во 13 провинции биле заразени од новиот респираторен и смртоносен вирус од кои...

Македонија9 часа

Владата ги поништи одлуките на Мизрахи за в.д. директори на центри за социјална работа

Владата донесе одлука за поништување на решенијата за разрешување од должност и именување на вршители на должност директори во јавните...

Култура20 часа

Владата ќе ги плати трошоците за патување на екипата на „Медена земја“ на „оскарите“

Владата ќе ги плати патните трошоци за патувањето на петчлената филмска екипа и за хероината на филмот „Медена земја“ Атиџе...

Свет21 час

Прв случај на мистериозниот вирус во САД

Официјални лица од здравствените власти го потврдија првиот случај на мистериозниот корона вирус во САД, кој уби шест луѓе во...

Спорт22 часа

Норвежаните во полуфинале по триумфот над Исланд (видео)

Норвешката ракометна репрезентација се приклучи на Хрватска и на Шпанија во полуфиналето на Европското првенство, откако во нордиската пресметка со...

Свет22 часа

Папата до учесниците на форумот во Давос: Луѓето, а не профитот, мора да бидат во центарот на политиката

Папата Франциско испрати писмена порака за да ги потсети делегатите на годинешниот Светски економски форум во Давос на моралната обврска...

Досие