Свет
Јужна Кореја е загрижена за воената соработка меѓу Северна Кореја и Русија
Министерот за обединување на Јужна Кореја, задолжен за односите со Северна Кореја, изрази загриженост поради воената соработка меѓу Северна Кореја и Русија, објави главната јужнокорејска новинска агенција „Јонхап“.
Изјавата на Ким Јанг-хо дојде еден ден откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се сретна со претседателот Владимир Путин на рускиот Далечен Исток.
Ким со Путин разговараше за воени прашања, војната во Украина и можната руска помош за севернокорејската сателитска програма.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
