Свет
Јужна Кореја, САД и Јапонија: Она што го направи Северна Кореја е сериозна провокација

Неодамнешното севернокорејско ракетно тестирање е сериозна провокација, рекоа високи претставници од Јужна Кореја, Соединетите Американски Држави и од Јапонија повикувајќи го Пјонгјанг да се врати на дијалогот и да ја прифати понудената помош во борбата против Ковид-19, пишуваат светските агенции.
Заменик-министерот за надворешни работи на Јужна Кореја, Чо Хјун-донг, заменик-државниот секретар на САД, Венди Шерман, и јапонскиот заменик-министер за надворешни работи, Такео Мори, ова го кажаа на состанокот во Сеул, три дена по најновиот ракетен тест извршен од Северна Кореја.
На трилатералниот состанок на дипломатите од второ ниво, прв од ваков вид од ноември, беше истакнато дека интензивирањето на тестирањето на оружјето што го спроведува Северна Кореја е сериозен проблем што треба итно да се реши.
Официјални лица на САД и Јужна Кореја изјавија дека Северна Кореја е подготвена за првата нуклеарна проба од 2017 година за која Шерман рече дека ќе предизвика силен и јасен одговор, пренесуваат агенциите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Украински парламент: Русите ни украдоа 500 илјади тони жито

Украинскиот парламент ги обвини Русите дека украле повеќе од 500.000 тони жито од двата окупирани региони.
Украинскиот парламент соопшти дека резервите биле земени од важниот пристанишен град на Црното Море, Керсон и југоисточниот град Запорожје.
🛑🌾 russia stole more than 500.000 tons of Ukrainian grain from the temporarily occupied #Kherson and #Zaporizhzhia regions.
The 🇷🇺 "second" army of the world turned out to be orcs, liars, looters, rapists and thieves.#StopPutinNOW #StopRussia#WarCrimes pic.twitter.com/Z8ScDnDRVp
— Verkhovna Rada of Ukraine – Ukrainian Parliament (@ua_parliament) June 26, 2022
„ Излегува дека втората војска во светот се лажговци, разбојници, силувачи и крадци“, напиша парламентот на Украина на Твитер.
Регион
Спречен собир на Парадата на гордоста во Истанбул, приведени десетици луѓе

Турската полиција спречи стотици луѓе да се соберат на годишната Парада на гордоста во Истанбул и уапси десетици откако локалните власти ја забранија парадата и оваа година. Илјадници луѓе некогаш учествуваа на парадите долж улицата Истиклал во Истанбул, но во последниве години владата предводена од претседателот Тајип Ердоган и неговата АК Партија од исламистички корени го заостри својот став за слободата на ЛГБТК + луѓето.
Хомосексуалноста не е кривично дело во Турција, но има сè поголема одбивност кон неа, додека полициското сузбивање на поворките станува се пожестоко секоја година. Полицијата со опрема за немири упадна на собирот, отстранувајќи стотици демонстранти со камиони. Јавниот превоз во областа исто така е суспендиран.
Локалните власти во областа Бејоглу ги забранија сите настани за време на Неделата на гордоста, помеѓу 20 и 26 јуни, со образложение дека чувствителноста на општеството може да доведе до немири.
Свет
Захарова: Го делат светот на оние кои имаат и на оние кои треба да ги искористуваат

Западните земји се уште имаат колонијален однос кон светот, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Во интервју за телевизијата „Русија-1“, Захарова изјави дека сите европски земји имаат едно нешто заедничко, а тоа е нивното империјалистичко размислување во контекст на нивното колонијално минато, пренесе ТАС С.
„ Тие го делат светот на исклучителни, оние кои можат да направат сè и имаат што сакаат и сите други кои треба да бидат експлоатирани“, рече таа, додавајќи дека западните земји „се обидуваат да го користат дури и она што не им припаѓа“. Според неа, тие дури и сакаат да бидат платени за тоа.
„ Тоа сега се случува на енергетскиот пазар“, посочи таа.