Контакт

Свет

Јужна, Централна и Северна Америка се светско жариште на пандемијата на коронавирусот

Објавено пред

Јужна, Централна и Северна Америка станаа жариште на пандемијата на коронавирусот, изјави директорката на Панамериканската здравствена организација (ПАХО), Кариса Етиен.

Таа посочи дека повеќе од 2,4 милиона случаи на заболени и над 143.000 смртни случаи биле потврдени во тој дел на светот, но исто така предупреди дека реалниот број на заболени луѓе може да биде уште поголем.

„Особено сме загрижени што бројот на нови случаи пријавени минатата недела во Бразил е најголем од почетокот на епидемијата. Перу и Чиле исто така пријавуваат висока стапка на инфекција“, рече директорката на разгранокот на Светската здравствена организација, пренесува ТАСС.

За повеќето земји од регионот сега не е време да се релаксираат ограничувањата или да се намалат стратегиите за превенција, предупреди Етиен.

Според податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, САД се најтешко погодената земја со над 1,68 милион случаи, а потоа следува Бразил со 374.000.

Речиси 124.000 луѓе се заразени во Перу, 88.000 во Канада, 80.000 во Чиле и 71.000 во Мексико.

Регион

Премиерот на БиХ позитивен на коронавирус

Објавено пред

Премиерот на Федерацијата Босна и Херцеговина, Фадил Новалиќ, е позитивен на коронавирус.

Тој ги почувствувал првите симптоми на неодамнешниот мировен марш, по повод одбележувањето на 25-годишнината од масакрот во Сребреница.

Медиумите во БиХ пренесуваат дека тој денеска има покачена температура, треска, болки во мускулите и мачнина во стомакот.

Прикажи повеќе...

Регион

Нови антивладини протести во Бугарија: „Корона, чао! Бојко, чао!“

Објавено пред

Нови антивладини протести попладнево се случуваат во Софија, Варна, Бургас, Стара Загора, Хасково и неколку други градови во Бугарија.

Веќе петта вечер по ред илјадници луѓе излегуваат на улиците барајќи оставка. Како што пренесе БГНЕС, на протестите присутни се голем број луѓе со деца, кучиња и на велосипеди од сите возрасти.

Собраните извикуваа: „Корона, чао! Бојко, чао! “

На паролите пишува: „Протестирам за да не емигрирам“, „Сакаме иднина за нашите деца“, „Бугарија на народот, а не на мафијата“, „Доволно е 10 години! Борисов, оди си во мир!“, ,„Сакам иднина во Бугарија, дали е тоа многу?“

Зголемено е присуството на полицијата во повеќе области, а засега протестите се одвиваат мирно.

Главните барања на демонстрантите се оставката на владата и главниот обвинител.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Црвена вода во фонтаните во Лондон во знак на протест

Објавено пред

Во Лондон се уапсени две лица по истурањето црвена вода во градските фонтани на плоштадот Трафалгар во знак на протест.

Нивната цел е да ја повикаат британската влада да спречи нови пандемии со експлоатација на животните, пренесе „Гардијан“.

Зад протестот стои групата „Бунтовници за животни“, кои велат дека вистинската причина за кризата предизвикана од Ковид-19 е злоупотребата на животните.

Демонстрантите сметаат дека треба да се заштити животот на секое животно бидејќи ризикот од појава на пандемии во иднина би се зголемил.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

До 15 часот гласале 340 лица заразени со коронавирус или во самоизолација

До 15 часот гласале 340 лица со Ковид-19 или во самоизолација. Државната изборна комисија соопшти дека досега гласањето се одвива...

Топ3 часа

Нова мигрантска драма во кумановското село Ваксинце – Пакистанци во залошништво држеле мигранти

Нова мигрантска драма деновиве се случувала во кумановското село Ваксинце, каде што две лица од Пакистан во засложништво држеле 19...

Македонија3 часа

Косово воведе задолжителен тест за влез на граѓаните од Македонија, Црна Гора и од БиХ

Косовската влада воведе задолжителен негативен тест РТ-ПЦР при влез во земјата за граѓаните од Македонија, Црна Гора и од Босна...

Македонија4 часа

Тројца починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија регистрирани се три смртни случаи и 88 новозаболени од коронавирус. Излекувани се 123 пациенти,...

Свет7 часа

Италијански лекари: Ковид-19 не е само распираторно заболување, туку убиец што го погодува целото тело

Последиците од Ковид-19 врз пациентите кои се излечени би можеле да бидат полоши од што се мислеше. Италијански лекари предупредуваат...

Европа7 часа

Германците одложиле 50.000 онколошки операции поради коронавирусот

Поради пандемијата на коронавирус во Германија се одложени десетици илјади онколошки операции, терапии и мерки за рано откривање на карцином,...

Топ8 часа

Повредени 11 мигранти во сообраќајна несреќа на патот Радовиш – Штип

Единаесет мигранти се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Радовиш – Штип во која учествувале два...

Топ8 часа

Ангела Ѓорѓиевска осудена на 19 години затвор за соучесништво во убиството на Пино

Ангела Ѓорѓиевска доби 19-годишна казна затвор поради свирепото убиство на Пино Секондо. Судијката Ленка Давитковска ја прогласи за виновна, односно...

Македонија9 часа

Почна изборниот процес, гласаат 706 лица кои се во самоизолација

Денеска е првиот ден од тридневниот гласачки процес за предвремените парламентарни избори во Македонија, кои ќе завршат в среда. Од...

Регион9 часа

При дефект на рингишпил во Сомбор повредени осум деца, три од нив потешко

Како што објавија српските медиуми, синоќа околу 20:30 часот се случила несреќа во Србија во село кај Сомбор. Локалните портали...

Регион9 часа

Од денеска во Хрватска задолжително е носење маска

Од денеска во Хрватска е задолжително носењето маска во продавниците. Маски, исто така, ќе мора да носат и вработените во...

Свет10 часа

(Видео) Експлозија и пожар на американски воен брод

Во експлозија и пожар што избувнал на американски брод во Калифорнија се повредени 21 лице, соопштија локалните власти. Американските медиуми...

Свет11 час

Од коронавирус заболени 12,7 милиони луѓе во светот

Според Универзитетот „Џон Хопкинс“, 12,7 милиони луѓе ширум светот се заразени со коронавирус, а повеќе од половина милион починале. Во...

Регион11 час

Хашим Тачи на сослушување во Хаг

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, денеска во Хаг треба да биде сослушан од меѓународните обвинители за воени злосторства. Тoj беше врвен...

Македонија11 час

Почнува тридневното гласање – први ќе се изјаснат заразените со Ковид-19 и лицата во самоизолација

На полноќапочна предизборниот молк, кој ќе трае до среда, кога ќе се одржат парламентарните избори во земјава. Денеска ќе гласаат...

Македонија1 ден

Бројот на заболени од коронавирус во земјава надмина 8.000 лица

Од почетокот на пандемијата во Македонија, досега заболеле 8.111 лица, откако само денеска беа регистрирани 136 новозаболени. Според последните информации, вкупната...

Македонија1 ден

Во Скопје има 1.830 активни случаи, најмногу во Чаир, Гази Баба и Аеродром

Во Скопје во моментов има 1.830 активно заболени лица од ковид-19. Според информациите по општини, најголем број од заболените се...

Топ1 ден

Бегајќи од полиција скокнал во Вардар, а по него во реката влегол и полицаецот кој се повредил

Бркотница се случувала вчера во Скопје, кога 33-годишен скопјанец (Е.А.) бегал од полициски службеник. Полицаецот вршел обезбедување врз Е.А. кому...

Македонија1 ден

Денеска се регистрирани 136 нови случаи, починаa 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 991 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на...

Свет1 ден

Унгарија воведува нови мерки за влез од ризични земји како Македонија

Унгарија воведува нови рестрикции за патници на граничните премини поради спречување на ширењето на коронавирусот, најави унгарскиот премиер Виктор Орбан....

Досие