Контакт

Свет

„Јукрејн интернешнл ерлајнс“ ги прекина сите летови кон Техеран на неодредено време

Објавено пред

„Јукрејн интернешнл ерлајнс“ ги прекина сите летови до Техеран на неодредено време по падот на својот авион, објави денеска прес-службата на авиокомпанијата, пренесува ТАСС.

„Почнувајќи од денес, „Јукрејн интернешнл ерлајнс“ одлучи да ги прекине летовите кон Техеран на неопределено време“, соопшти авиокомпанијата на „Фејсбук“.

Компанијата посочи дека прави сè што е можно за да ги дознае причините за несреќата.

„Летот беше со авион ‘боинг 737-800 НГ’, со регистарски број УР-ПСР. Авионот е произведен во 2016 година и беше примен од авиокомпанијата директно од фабриката. Последниот сервис на авионот беше на 6 јануари“, соопшти авиокомпанијата додавајќи дека авионот исчезнал од радарите неколку минути по полетувањето од меѓународниот аеродром во Техеран.

Компанијата увери дека ќе има темелна истрага за инцидентот, во која ќе учествуваат авијациските власти на Украина, Иран, претставници на„ Боинг“, на авиокомпанијата, како и на Националното биро за истрага на воздушни несреќи на Украина.

Свет

Вонредна состојба во Хонг Конг поради новиот коронавирус

Објавено пред

Лидерката на Хонг Конг, Кери Лам, денеска објави вонредна состојба и мерки за ограничување на врските на градот со континентална Кина поради новиот коронавирус.

Училиштата ќе останат затворени до 17 февруари, а летовите до и од Вухан, каде почна инфекцијата, ќе бидат стопирани, како и движењето на брзите возови.

Исто така, сите официјални посети на Кина и настани поврзани со новогодишната прослава се откажани, пренесува АП.

Лам рече дека побарала помош од кинескиот државен совет да продолжи со набавка на заштитни маски.

Пет случаи на заболени од коронавирус се потврдени во Хонг Конг од локалните здравствени власти. Други 122 лица се лекуваат од сомнителна инфекција.

Прикажи повеќе...

Регион

Авион принудно слета во Дубровник, патник починал од инфаркт

Објавено пред

Патнички авион што леташе од Дизелдорф кон египетскиот град Марса Алам принудно слета во Дубровник, бидејќи еден од патниците претрпел срцев удар, јавуваат хрватските медиуми.

Според информациите, патникот починал во авионот.

Информацијата за итното слетување на авионот ја потврдил директорот на аеродромот во Дубровник, Франо Луетиќ.

По принудното слетување, по патниците дошол друг авион за да ги одведе во Египет.

Прикажи повеќе...

Свет

Словачкиот министер кој демолираше кинески ресторан поднесе оставка

Објавено пред

Словачкиот министер за животна средина, Ласло Солимос, објави дека поднесува оставка откако, наводно, пијан со својот брат учествувал во демолирање на кинески ресторан во Братислава во средата вечерта.

Тој беше уапсен за напад на персоналот на ресторанот и уништување на инвентарот, а според полицијата, вработен во ресторанот по нападот побарал лекарска помош.

Полицијата не го објави идентитетот на сторителот, а порталот „Плуска.ск“ известуваше ноќта меѓу средата и четвртокот дека насилникот е Солимос – член на унгарско-словачката партија Мост Хид.

Според извештаите на медиумите, уапсениот пијан човек бил гласен во знак на протест против апсењето, тврдејќи дека тој е министер за животна средина.

Премиерот на Словачка, Питер Пелегрини, во четвртокот го повика Солимос и побара јавно извинување.

По состанокот, министерот објави дека поднесува оставка, но одби да одговори на новинарските прашања.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Дескоска: Жалам што ВМРО-ДПМНЕ избега од разговорите за законот за Јавното обвинителство

Министерката за правда, Рената Дескоска на социјалните мрежи напиша дека жали што преговарачката тројка на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јавното...

Топ3 часа

Возило прегази 10-годишно дете на булевар во Скопје

Синоќа на булеварот „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ патничко моторно возило управувано од 32-годишниот Д.Д. од Скопје удри во дете пешак на...

Свет4 часа

(Видео) Вознемирувачки снимки по земјотресот во Турција, луѓето панично бегаат на улиците

Бројот на загинати во силниот земјотрес што ја погоди Турција порасна на 21 лице, а над 900 се повредени. Земјотресот...

Свет4 часа

Проширен регионот што е во карантин во Кина, пријавени нови 15 смртни случаи поради вирусот

Дополнителни 15 смртни случаи се пријавени во кинеската провинција Хубеи, со што бројот на починати од новиот коронавирус се зголеми...

Свет5 часа

Австралија и Малезија потврдија први случаи на заразени со коронавирусот

Австралија и Малезија ги потврдија првите случаи на новиот коронавирус на нивната територија, додека од Кина стигна информација дека досега...

Европа5 часа

Во Франција потврден трет случај на новиот корона вирус

Во Франција е потврден трет случај на новиот смртоносен корона вирус, што се први пријавени случаи од ова заболување на...

Македонија5 часа

Пендаровски и Спасовски со сочувство до турскиот народ поради земјотресот

Претседателот Стево Пендаровски и техничкиот премиер, Оливер Спасовски, преку социјалните мрежи изразија сочувство до турскиот народ поради силниот земјотрес во...

Свет5 часа

(Видео) Во земјотресот во Турција загинаа 20, повредени се 920 лица

Бројот на загинати од силниот земјотрес што вчера го погоди источниот дел на Турција се искачи на 20, со 920...

Македонија16 часа

(Видео) Пендаровски: Посетата на Шарл Мишел уверува дека имаме силна поддршка на европскиот пат

Претседателот Стево Пендаровски оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој престојува во работна посета на земјава. На...

Македонија20 часа

(Видео) Дескоска: ВМРО-ДПМНЕ го користи Јовески како лошо алиби за напуштање на преговорите

ВМРО-ДПМНЕ очекувано ја напушти средбата, по вчерашната изјава на Христијан Мицкоски, кој кажа дека има забелешки и од сите 9...

Македонија20 часа

Еден месец притвор за заканувачот Емил Јакимовски

Кривичниот суд му го продолжи притворот на Емил Јакимовски, поранешен вработен во Централниот регистар, за закани упатени кон новинарката Мери...

Македонија21 час

(Видео) Милошoски: Не преговараме за законот за Јавно обвинителство без присуство на Јовески

ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија средбата на работните групи за законот за Јавно обвинителство во Собранието, откако министерката за правда, Рената Десковска,...

Македонија21 час

(Видео) Дебата: Како во законот освен производителите, корист да имаат и консументите на канабисот

Пациентите на кои им е потребно маслото од канабис се сосема заборавени во предлог-законот за опојни дроги и психотропни супстанции,...

Македонија1 ден

Заев: ВМРО-ДПМНЕ да го прифати законот за Јавното обвинителство и да се надмине себе си

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, побара од ВМРО-ДПМНЕ да се надминат себе си и да го прифатат законското решение за...

Македонија1 ден

Поповска: Во институциите има луѓе заинтересирани за бизнис со отпад, увозот не се врши контролирано

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Попвска, која е една од иницијаторите на законот за забрана за увоз на отпад, рече дека...

Македонија1 ден

УХМР објави оглас за авионско засејување на облаците за превенција од природни непогоди

Управата за хидрометеоролошки работи го објави јавниот оглас „Услуги за модификација на време со авионско засејување“. Се работи за нов...

Свет1 ден

Словачки министер пијан демолирал кинески ресторан, најави оставка

Словачкиот министер за животна средина објави дека поднесува оставка кога наводно пијан со својот брат учествувал во демолирање кинески ресторан...

Свет1 ден

Вухан гради болница за заболените, планира да ја заврши за 5 дена

Градот Вухан, кој е жариште на новиот корона вирус, забрзано гради болница со 1.000 кревети за лекување на заразените пациенти....

Македонија1 ден

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во посета на земјава

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска ќе допатува во посета на Македонија. Мишел ќе оствари средби со високи претставници...

Свет2 дена

Гутереш: Ја губиме војната против климатските промени, постои закана за опстанок на човештвото

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш оцени денеска во Давос дека светот продолжува да ја губи војната против климатските промени....

Досие