Контакт

Свет

Јули 2021 бил најтоплиот месец во историјата

Објавено пред

Јули годинава бил најтоплиот месец откако се мери просечната температура на Земјата, објави американската Национална агенција за океани и атмосфера (NOAA).

Од таму соопштија дека минатиот месец просечната температура на копното и површината на океаните во светот била повисока отколку во претходниот најтопол јули – во 2016 година. Според нив, тоа е дел од трендот на влошување поврзан со климатските промени.

„Јули е генерално најтоплиот месец во годината, но јули 2021 година се надмина и стана најтоплиот јули и воопшто месец што некогаш е регистриран“, наведе Рик Спинрад, директор на агенцијата.

Комбинираната температура на копното и океанот во целиот свет била 0,9 Целзиусови степени над просекот, односно овој јули бил најтоплиот месец од кога почнале мерењата пред 142 години, пренесе хрватски „Индекс“.

Климатските промени го менуваат светот на начин што не е забележан илјадници или стотици илјади години наназад, се наведува во извештајот.

Свет

Третата доза на „Фајзер“ значително ја зголемува заштитата кај оние над 60 години, покажа израелска студија

Објавено пред

Третата доза на вакцината на „Фајзер“ против Ковид-19, значително го зголемува заштитниот ефект кај луѓето постари од 60 години, покажа најновата студија на израелските научници.

Меѓу постарите лица кои примиле две дози од вакцината, инфекцијата се развила 10 пати почесто, а 20 пати повеќе луѓе вакцинирани со двете дози развиле потешка форма на инфекција отколку кај оние кои ја примиле третата, засилувачка доза, објавија израелски научници.

Сите вакцинирани со две дози од вакцината на „Фајзер“ во Израел сега имаат можност да добијат трета доза најрано пет месеци по примањето на втората доза.

Имено, и покрај високата покриеност со вакцини, земјата во моментов се бори со третиот бран на коронавирус.

Израелските истражувачи шпекулираат дека ова се должи многу повеќе на заразниот делта-сој на коронавирус и падот на нивото на заштита од вакцината шест месеци по добивањето на втората доза. Според научниците, ефективноста на вакцината е намалена на 50 проценти.

Карстен Ватцл, генерален секретар на Германското друштво за имунологија, изјави оти веќе е познато дека нивото на антитела е околу 10 пати повисоко по третата доза на вакцината отколку по само две дози.

Но, студијата во исто време сугерира дека заштитниот ефект на двете дози е се уште многу поголем кај поединци кои воопшто не бил вакциниран против Ковид-19.

Ватцл истакна дека како дел од студијата, научниците не ја проучувале можноста од несакани ефекти. Но, засега нема извештаи од Израел дека третата доза резултира со позначајни несакани ефекти од втората.

Во исто време, Ватцл истакнува дека не препорачува трета доза за помладите луѓе, туку за сите постари од 80 години и за оние над 60 години кои веќе страдаат од некои хронични заболувања.

Прикажи повеќе...

Европа

Австрија го блокира надоместокот за невработените лица што одбиваат вакцинација

Објавено пред

Австриската служба за вработување одлучи да ги блокира надоместоците за невработеност за оние кои не сакаат да се вакцинираат.

Од таму се на ставот дека невработените не можат да ја одбијат понудената работа ако за тоа е потребна вакцина против коронавирусот.

Иако во Австрија не постои општа обврска за вакцинација, се повеќе компании бараат вакцинација против коронавирус од новите вработени.

Во Долна Австрија, на пример, обврската за вакцинација е во сила во сите провинциски служби од 1 септември.

Ваквите правила сега имаат последици и за невработените.

Министерот за труд, Мартин Кочер, со указ и наложи на Службата за вработување да ги блокира надоместоците за невработеност за луѓето кои одбиваат вакцинација.

Во декретот се наведува дека невработените не можат да одбијат работа само затоа што е потребна вакцина пренесуваат медиумите.

Оној што како невакциниран, одбива да аплицира за понудената работа или да не ја прифати, може да го загуби надоместокот за невработеност во период до шест недели.

Инаку и на седницата на здравствената комисија во австрискиот парламент се случи скандал кога претседателот на австриската лекарска комора, Томас Секерес, беше наречен лажго од пратениците на Партијата за слобода на Австрија (ФПО).

Пратеникот на ФПО, Питер Вурм, во неколку наврати го нарече Секерес лажго, поради што шефот на Лекарската комора одлучи да ја напушти седницата.

Секерес рече дека се обидел да ја пренесе моменталната состојба на науката во врска со пандемијата од коронавирусот.

Секерес посочил дека е важно и корисно да се вакцинираат и дека ова е единствената шанса во борбата против пандемијата.

Сепак, пратеникот Вурм наводно реагирал на неговото тврдење дека нема целосно имунизирани пациенти на интензивна нега.

Имено, Вурм вели дека властите на градот Виена се доказ дека ова е лага.

Инаку, според анализите на австриските медиуми, Партијата за слобода во Австрија-ФПО ги поддржува антиваксерите во Австрија и се противи на ковид мерките.

Прикажи повеќе...

Свет

Кина сака пристап до транспацифичкиот партнерски сојуз

Објавено пред

Министерот за трговија на Кина во писмена форма му го го предаде барањето за придружување кон договорот за слободна трговија на новозеландскиот министер за трговија.

Во обид да го зајакне своето трговско влијание, Кина, втората по големина економија во светот, аплицира за да се приклучи на сеопфатниот и прогресивен транспацифички договор за партнерство.

Овој договор беше потпишан во 2018 година од 11 земји, вклучувајќи ги Австралија, Канада, Чиле, Јапонија и Нов Зеланд.

Договорот порано беше познат како транспацифичко партнерство и се сметаше за важна економска противтежа на регионалното влијание на Кина.

Јапонија, која годинава претседава со ова партнерство, рече дека ќе се консултира со сите земји членки за да го коментираат барањето на Кина, но не кажа колку бргу тоа ќе се случи.

„Јапонија верува дека е неопходно да се утврди дали Кина, која аплицира за приклучување кон ТЕ-11, е подготвена да ги исполни екстремно високите стандарди на нашата организација“, рече јапонскиот министер за економија, Јасутоши Нишимура.

TPP беше клучен сојуз за стратешкиот пресврт на поранешниот американски претседател Барак Обама кон Азија, но неговиот наследник Доналд Трамп ги повлече САД од тој договор од 2017 година.

Пристапувањето кон партнерството ќе биде голем поттик за Кина по минатогодишното пристапување во договорот за слободна трговија на 15-члено регионално сеопфатно економско партнерство.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 минути

Третата доза на „Фајзер“ значително ја зголемува заштитата кај оние над 60 години, покажа израелска студија

Третата доза на вакцината на „Фајзер“ против Ковид-19, значително го зголемува заштитниот ефект кај луѓето постари од 60 години, покажа...

Европа31 минута

Австрија го блокира надоместокот за невработените лица што одбиваат вакцинација

Австриската служба за вработување одлучи да ги блокира надоместоците за невработеност за оние кои не сакаат да се вакцинираат. Од...

Свет49 минути

Кина сака пристап до транспацифичкиот партнерски сојуз

Министерот за трговија на Кина во писмена форма му го го предаде барањето за придружување кон договорот за слободна трговија...

Европа1 час

Орбан: Унгарија ќе биде меѓу последните што ќе ја напушти ЕУ доколку некогаш се расформира

Унгарија мора да остане членка на Европската Унија за да обезбеди постојан пристап до нејзиниот единствен пазар, изјави денеска премиерот...

Регион2 часа

Словенија воведе задолжителна вакцинација за вработените во јавната администрација

Сите вработени во јавната администрација во Словенија, кои не прележале коронавирус и кои не се вакцинирани, задолжително ќе мора да...

Свет2 часа

И Холандија воведе сертификат за вакцинација за влез во ресторани, кафулиња, музеи…

Во Холандија од 25 септември за влез во кафулињата, рестораните, музеите, театрите и на културни настани ќе биде потребен сертификат...

Македонија21 час

Косовскиот премиер не одговори дали ќе ги екстрадираат осудените во случајот „Монструм“

Министрите за правда на Македонија и Косово се во директен редовен контакт и тие соработуваат во однос на прашањето за...

Македонија1 ден

Нови правила за Македонците – влез во Швајцарија само со сертификат, во Белгија карантин за невакцинираните

Швајцарија, Белгија и Австрија донесуваат нови ковид-правила за патниците што влегуваат во нивните земји.  За Швајцарија, повеќе не е во...

Свет1 ден

(Видео) Бајден го заборави името на австралискиот премиер, нов гаф на американскиот претседател

Американскиот претседател Џо Бајден го заборави името на австралискиот премиер Скот Морисон, па го нарече „тој човек одоздола“ за време...

Македонија1 ден

МВР: На Рашковски му е дозволено да излегува од куќен притвор за да оди на лекар

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, смее да се оддалечува од домот каде што издржува куќен притвор, тврдат од...

Свет1 ден

Француската војска уби лидер на ИСИС

Францускиот претседател, Емануел Макрон, објави дека припадниците на француската војска го убиле водачот на Исламската држава во Сахара, Аднан Абу...

Македонија1 ден

Во соработка на македонската и германската полиција запленета марихуана вредна над 100.000 евра

Во Германија е запленета марихуана вредна над 100.000 евра во заедничка акција на полициите на Македонија и Германија, соопшти МВР....

Регион2 дена

(Видео) Протести против ковид – мерките во Љубљана: полицијата употреби солзавец и водени топови

Полицијата употреби водени топови и солзавец за да ги растера противниците на мерките во борбата против коронавирусот кои вечерва се...

Македонија2 дена

(Видео) Уште 44 бегалци од Авганистан пристигнаа во Македонија

На Меѓународниот аеродром во Скопје попладнево пристигнаа уште 44 бегалци од Авганистан. Од Владата соопштија дека станува збор за активисти...

Топ2 дена

Кривична пријава за жена од Дебар, го тепала нејзиниот осумгодишен син и го терала да питачи

Полицијата поднесе кривична пријава против 28-годишна жена од Дебар која физички го малтретирала нејзиниот син и го терала да питачи....

Европа2 дена

Шведскиот модел сепак успешен – без строги мерки до нула починати

Рекорден број заразени и починати од Ковид-19 во Европа, а во Шведска нула починти. Оваа европска земја беше ставена на...

Топ2 дена

(Видео) Откриени две илегални лаборатории за производство на марихуана во Скопје

Вчера, полициски службеници од одделот за крим-полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи и полициски службеници...

Македонија2 дена

Заев: Демократијата е двонасочен дијалог меѓу граѓаните во општеството, ние ја градиме на еднаквоста на сите

Демократијата доаѓа од народот за да му служи на народот, напиша, меѓу другото, премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил по...

Европа2 дена

Меркел од Албанија: Кој и да биде нов германски канцелар, ќе го задржи интересот за овој регион

Германската канцеларка, Ангела Меркел, на средбите во Тирана го потврди интересот на Германија за земјите од Западен Балкан. „Без оглед...

Свет2 дена

Тепачки и расправии – внатрешни конфликти за новата влада го разнишаа талибанското раководство во Авганистан

На врвот на талибанското движење дошло до голем внатрешен конфликт за составот на новата влада. Конфликтот помеѓу коосновачот на талибанското...

Досие