Европа
Јункер: ЕУ ќе испрати дополнителни 10.000 стражари на границите

ЕУ планира да испрати уште 10.000 гранични полицајци за да се справат со незаконската миграција до 2020 година, порача претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, за време на своето годишно обраќање.
Тој истакна дека тоа нема да ја милитаризира Европа. Повика на поголема солидарност наместо ад хок опции за луѓето на мигрантските бродови.
Во својот говор тој се осврна и на други регионални жешки прашања, како што се популизмот, тероризмот и брегзитот. Тој исто така предложи и нова алијанса помеѓу Африка и Европа, базирана на соработка наместо на хуманитарна помош и донации, која ќе води кон слободен трговски договор меѓу двата континента.
Јункер предложи еврото да се користи повеќе стратегиски како најголема валута по доларот. Исто така, повика на силно лидерство за брегзит.
„Ние исто така ја замоливме британската влада да разбере дека доколку некој ја напушти Унијата, не може да биде со иста привилегија како и членките. Ако ја напуштите Унијата, вие, се разбира, не сте повеќе дел од нашиот единствен пазар“, рече Јункер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Тереза Меј следната недела на разговори со Јункер и лидерите на ЕУ

Британската премиерка, Тереза Меј, следната недела во Брисeл ќе има разговори со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, информираат од нејзиниот кабинет.
Како што соопштува агенцијата „Ројтерс“, овој потег доаѓа по нејзиниот овонеделен симболичен пораз во британскиот парламент, кој се проценува како сериозно ослабување на позициите на Меј во преговорите со Европската унија.
Во соопштението од кабинетот на британската премиерка се додава и дека таа планира во наредните денови да разговара со лидерите на сите земји-членки на ЕУ.
Исто така, се наведува дека британскиот министер за брегзит, Стив Баркли, во понеделник ќе се состане со главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барни.
„Ројтерс“ потсетува дека поразот на Тереза Мај на симболичното гласање во парламентот во четвртокот го доведува во прашање исполнувањето на нејзиното ветување до водачите на ЕУ, дека договорот за границата меѓу Северна Ирска и Република Ирска со одредени отстапки ќе мине во Долниот дом.
Европа
Поради нејзината пензија, Италијанец со месеци го чувал телото на починатата мајка

Маж од северна Италија со месеци во својот дом ја чувал неговата мумифицирана мајка со цeл и натаму да ја добива нејзината пензија, објавија обвинителите во саботата.
Тој не ја пријавил нејзината смрт и го оставил телото на 90-годишната жена да лежи на троседот на кој починала.
Телото на Алба Пеирано било откриено во четвртокот откако нејзиниот лекар, кој не се слушнал со неа подолго време, ја замолил полицијата да провери што се случува со старицата. Полицајците го пронашле телото кое не било допрено од моментот на смртта, најверојатно од август.
„Ова е многу тажна и апсурдна приказна“, рекол во Савона обвинителот Џовани Батиста Феро, додавајќи дека судскиот вештак кој го испитувал мумифицираното тело никогаш досега не видел такво нешто.
Синот на починатата старица, 63-годишниот Франко Сиерло, на истражителите им рекол мајка му починала додека ја хранел со јогурт и мирно признал дека ја прикривал нејзината смрт за и понатаму да ја прима нејзината пензија.
Овој бизарен случај се одвивал во куќа во местото Албисол, недалеку од Савона, каде што Сиерло живее со неговиот аутистичен син на возраст од 20 години.
Соседите на полицајците им рекле дека не забележале ништо необично.
Европа
На гробот на Маркс осамна графит со натпис „архитект на геноцид“

Гробот на Карл Маркс, кој се наоѓа на лондонските гробишта Хајгејт, повторно е вандализиран, втор пат во помалку од две недели, пишува британски „Гардијан“.
Непознат сторител со црвена боја на надгробната плоча испишал пароли „доктрина на омраза“ и „архитект на геноцид“, а полицијата за ова била информирана во саботата наутро. Нападот на споменикот доаѓа по помалку од две недели откако некој со тап метален предмет ја оштетил мермерна плоча, дел од споменикот на кој се испишани имињата на оние кои почиваат тука.
„Целта е името на Карл Маркс, ова не е обичен вандализам, туку насочен напад кон ликот и делото на Карл Маркс“, изјави по првиот вандалски чин, Јан Дангвел, шеф на фондацијата The Friends of Highgate Cemetery, која ги одржува гробиштата.
31-годишниот Максвел Блоуфилд во саботата наутро со својата мајка бил во посета на гробиштата и изјавил дека е прилично шокиран од нападот.
„Не сакам да шпекулирам кој или зошто го направил тоа, но очигледно станува збор за некој со многу критичен однос кон Маркс и тој историски период. Јас само се чудам што некој во 2019 година чувствува потреба да направи вакво нешто“, додал Блоуфилд.
Од гробиштата Хајгејт, преку Твитер, порачале дека станува збор за глупав и бесмислен вандализам.
„Што и да мислите за делото на Маркс, ова не е начин да се покаже тоа“, напишале од гробиштата Хајгејт.
Лондонската полиција соопшти дека засега никој не е уапсен за овој чин, исто како и за оној од пред две недели.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања2 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија1 недела
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал