Контакт

Европа

Јункер: Нема да има нови преговори за брегзит со наследникот на Тереза Меј

Објавено пред

Нема да има нови преговори за договорот за излез на Велика Британија од Европската Унија, без разлика кој ќе ја наследи Тереза Меј на чело на британската влада, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

„Тоа не е договор помеѓу мене и Меј, тоа е договор помеѓу Велика Британија и ЕУ, па треба да го почитува идниот британски премиер, независно кој ќе дојде на оваа функција“, изјави Јункер во интервју објавено на интернет-страницата „Политико.еу“.

Меѓутоа, Јункер додаде дека може да има прецизирања и дополнувања кај политичката декларација меѓу Британија и ЕУ. Оваа декларација, која не е дел од договорот, треба да ги одреди идните трговски односи.

Повеќе кандидати за наследник на Меј, која во петокот поднесе оставка од местото шеф на Конзервативната партија и со самото тоа и шеф на владата, изјавија дека сакаат повторно да отворат преговори за договорот за брегзит.

Борис Џонсон, кој важи за фаворит, се закани дека нема да ја плати сметката за брегзит предвидена во веќе усогласениот договор.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Французи зеле 40 килограми песок од Сардинија, се соочуваат со казна до 6 години затвор

Објавено пред

Туристи кои зеле како сувенир 40 килограми песок од плажа во Сардинија се соочуваат со затворска казна до 6 години. Како што јавуваат светските медиуми, парот од Франција бил фатен кога со автомобилот полн со песок се обидувал да ја напушти Сардинија.

Како што јавува Би-би-си, тие изјавиле дека го зеле песокот како сувенир и не биле свесни дека го кршат законот. Славниот бел песок на Сардинија се смета за јавно добро и е строго забрането да се изнесува од островот.

Со години локалното население се бунеле поради крадците кои краделе природни знаменитости, вклучувајќи песок, и е донесен закон со кој се забранува изнесување песок, камчиња и школки од островот. Според законот донесен во 2017 година, трговијата со песок, камчиња и школки е нелегална и се казнува до 3.000 евра.

Французите сега се соочуваат со затворска казна од една до шест години за кражба под отежнати околности затоа што станува збор за кражба на имот што е јавно добро.Тие песокот го наполниле во 14 пластични шишиња, а го зеле од плажата Чиа, која се наоѓа во јужна Сардинија. Полицијата го пронашла во нивниот автомобил кога чекале да се качат на траект за Тулон на пристаништето Торес.

Властите се загрижени бидејќи годишно исчезнуваат неколку тони скапоцен песок. Туристите, од кои повеќето Европејци, вклучувајќи и Италијанци, го ставаат песокот во шишиња, а потоа го продаваат на интернет-аукции.

Прикажи повеќе...

Европа

Орбан и Меркел присуствуваа на одбележувањето на 30 години од падот на Железната завеса

Објавено пред

Лидерите на Унгарија и на Германија, Виктор Орбан и Ангела Меркел, присуствуваа на церемонија на одбележување на 30-годишнината од таканаречениот Паневропски пикник, настан на границата помеѓу Австрија и Унгарија, за кој се смета дека помогнал за падот на Берлински ѕид.

На церемонијата во унгарскиот западен град Шопрон, Орбан и Меркел ја истакнаа заедничката историја на нивните земји и европските вредности што ги делат.

Меркел ѝ се заблагодари на Унгарија што на 19 август 1989 година унгарските граничари им дозволија на околу 700 бегалци од Источна Германија да ја поминат границата со Западот, со што се изврши дополнителен притисок врз комунистите во источен Берлин да им дозволат на своите граѓани да емигрираат.

„Германците со голема благодарност се сеќаваат на придонесот на Унгарија за надминување на поделената Европа и придонесот на Унгарија во реализацијата на повторно обединување на Германија”, рече Меркел.

Орбан е еден од најжестоките критичари на политиката на Меркел за отворање на вратата на Германија за барателите на азил за време на бегалскиот бран 2015 и 2016 година. Прашан за одлуката на Будимпешта да постави ограда по должина на јужната граница за да ги спречи мигрантите да стигнат до ЕУ, иако Унгарија помогна пред 30 години во уривањето на Железната завеса, Орбан истакна дека тие два настана се во целосна согласност еден со друг.

Прикажи повеќе...

Европа

Швајцарски ловци го следеа авионот на руската делегација сè до Франција

Објавено пред

Два ловца на швајцарските воздухопловни сили неколку минути го придружуваа авионот на „Росија ерлајнс“ на летот од Москва до Марсеј, а во кој се наоѓаа членовите на руската делегација што се упати кон Франција за да присуствува на разговорите меѓу претседателот Путин и Макрон.

Според ТАСС, во авионот се наоѓале портпаролот и советникот на рускиот претседател, Дмитриј Песков и Јури Ушаков, како и група новинари.

Кога авионот влегол во швајцарскиот воздушен простор, до него се приближиле два борбени авиона, по еден од секоја страна, на надморска височина од 10,6 километри.

Тие наизменично се приближувале кон рускиот авион и во некои моменти летале на само неколку метри оддалеченот од неговите крила.

Ловците го следеле авионот сè до границата со Франција.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион12 часа

Според Мета, Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија

Албанскиот претседател Илир Мета вели дека „Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија“. Во изјавата што...

Свет12 часа

Литванија со јод ќе се бори против радијацијата

Литванската влада соопшти дека ќе купи повеќе од четири милиони таблети јод во вредност од 900.000 евра, бидејќи соседна Белорусија...

Регион13 часа

Меркел: Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе се приклучи на ЕУ

Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе влезе во Европската Унија, рече германската канцеларка Ангела Меркел. Таа ја...

Европа13 часа

Французи зеле 40 килограми песок од Сардинија, се соочуваат со казна до 6 години затвор

Туристи кои зеле како сувенир 40 килограми песок од плажа во Сардинија се соочуваат со затворска казна до 6 години....

Топ15 часа

Расправија за пасишта во Арачиново заврши со пукање, едно лице е рането

Расправија околу пасиштата во Арачиново завршила со пукање, при што едно лице е рането. Како што информира МВР, вчера во...

Топ16 часа

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа. Според МВР, синоќа во 21:00 часот на улица Панче Пешев во...

Македонија18 часа

Во државата нема вештак што ќе оцени дали Исмет Гури преправал потписи

Нова пауза на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ даде судијката Марија Клетничка. Советот, по паузата, одлучи да не го...

Македонија19 часа

Катица не ги иззема Фетаи и Бубевски

  Шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева, не ги иззема обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од застапување во...

Македонија22 часа

Адвокатот Миланов бара изземање на Јанева од „Титаник 3“ поради тензиите во СЈО

Адвокатот на обвинетиот Исмет Гури во предметот на СЈО, „Титаник 3“, Еленко Миланов, побара да бидат изземени Катица Јанева и...

Топ22 часа

Возач загина во сообраќајна несреќа кај Свети Николе

Четириесет и петгодишен возач од Куманово загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово – Свети Николе. Како што соопшти полицијата,...

Македонија22 часа

15-годишник се удави во Пчиња

Петнаесетгодишник од селото Љубодраг влегол во вода од ископ на сепарација на реката Пчиња и починал. Како што соопшти МВР, телото...

Македонија23 часа

Фетаи: Постапката за „Рекет“ ја води друго обвинителство и не сакам да се мешам

Обвинителката Фатиме Фетаи пред почетокот на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ рече дека не сака да се меша во...

Европа24 часа

Три децении од падот на Железната завеса

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во пограничното место Шопрон ќе ја одбележат 30-годишнината од падот...

Свет1 ден

Трамп за купувањето на Гренланд: Не е приоритет, но стратешки е интересно

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја коментираше идејата за купување на Гренланд од Данска, наведувајќи дека тое не е приоритет,...

Македонија1 ден

(Видео) Пожар над Усје

Нов пожар над скопската населба Усје избувна вечерва, откако пожарникарите со часови се обидуваат да го локализираат огнот над населбата...

Свет2 дена

Голем пожар на Канарските острови, евакуирани над 4.000 лица

Околу 4.000 лица се евакуирани поради пожар што избувна по втор пат за една недела и уништи рурална област на...

Свет2 дена

Жителите на Нов Зеланд доброволно предале над 10 илјади парчиња оружје на полицијата

Повеќе од 10,000 парчиња огнено оружје се предадени доброволно на властите во Нов Зеланд, како дел од акцијата што беше...

Македонија2 дена

Димитров: ,,Рекет” е раскрсница – едниот пат води кон иднина, другиот кон бездна

Дискредитацијата на СЈО преку аферата ,,Рекет” е со цел да и се избега на правдата, смета министерот за надворешни работи...

Свет2 дена

1,7 милиони луѓе на протест во Хонгконг

Најмалку 1,7 милиони граѓани излегоа на улиците во Хонгконг, на уште еден од низата масовни продемократски протести, соопштија организаторите на...

Спорт2 дена

Ландстрам со гол во сите четири англиски лиги – Шефилд јунајтед со победа (видео)

Шефилд јунајтед имаат одличен старт на својата прва премиерлигашка сезона по долга пауза, откако со 1:0 ги победија Кристал палас...

Досие