Европа
„Јутјуб“ отстрани повеќе од 9.000 канали поврзани со војната во Украина

„Јутјуб“ отстрани повеќе од 70.000 видеа и 9.000 канали поврзани со војната во Украина поради прекршување на упатствата за содржина, а меѓу нив има и видеа во кои инвазијата е опишана како ослободителна мисија, објавија медиумите во светот.
Анализираат дека „Јутјуб“ е многу популарен во Русија, каде што, за разлика од некои други американски платформи, не е забранет и покрај тоа што беше домаќин на содржината на опозициските личности, како Алексеј Навални.
Од почетокот на конфликтот во февруари „Јутјуб“ ги отстрани каналите вклучувајќи го и каналот на новинарот Владимир Соловјов, пишува „Гардијан“.
Каналите поврзани со руското Министерство за одбрана и Министерството за надворешни работи исто така беа привремено суспендирани во последните месеци поради опишување на војната како ослободителна мисија, се додава во новинарските написи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Чешка денеска го презема претседавањето со ЕУ: Украина, климатската криза и мигрантите во фокусот на агендата

Чешка денеска го почнува шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ, а според најавите од Прага, главниот фокус на европската агенда до крајот на годината ќе биде на решавање на последиците од конфликтот во Украина, почнувајќи од мигрантската криза преку енергетската безбедност и зајакнувањето на одбраната и економијата на ЕУ.
Претставниците на ЕУ веќе најавија дека за време на чешкото претседателство се очекува првиот состанок на европската политичка заедница во Прага како нов формат за паневропска соработка, во кој првпат лидерите на земјите членки на ЕУ, европската економска област и Западен Балкан треба да седнат на иста маса со Украина, Молдавија и Грузија.
„Европа во моментот се соочува со многу проблеми и предизвици, но ако дејствуваме со единство и одлучност, ќе излеземе посилни и поотпорни од овие кризи“, изјави чешкиот премиер Пер Фијала пред почетокот на претседателствувањето на неговата земја.
Инаку, ова е второ претседавање на Чешка со Советот на ЕУ во текот на 18-те години членство во Унијата.
Европа
(Видео) Бајден направи нов гаф – ги измеша имињата на две земји

Американскиот претседател Џо Бајден на прес-конференција по завршувањето на самитот на НАТО во Мадрид повторно направи грешка, погрешно велејќи дека неутрална Швајцарија влегува во НАТО – наместо Шведска, пишуваат агенциите.
Според нивните написи, американскиот лидер брзо се поправил, шегувајќи се дека мора да е возбуден поради процесот на проширување на алијансата.
Joe Biden confuses Sweden with Switzerland: "We got on the telephone, he suggested we call the leader of, uh, of Switzerland. Switzerland! My goodness. I'm getting really anxious here about expanding NATO, of Sweden." pic.twitter.com/jEeW7QvpNs
— Real Mac Report (@RealMacReport) June 30, 2022
На крајот од самитот на НАТО во Шпанија, тој, како што пишуваат медиумите, го опишал процесот со кој двете нации поднеле барање за прием во НАТО по инвазијата на Путин на Украина. Најпрво пристигнало барањето од лидерот на Финска, со кое тој барал да ја посети Белата куќа.
„Добивме телефонски повик. Тој предложи да го повикаме лидерот на Швајцарија“, рече Бајден.
„Швајцарија, Боже мој, јас сум многу возбуден поради проширувањето на НАТО“, додал тој.
Медиумите анализираат дека Бајден е познат по своите гафови, кој своевремено сам себе се нарекувал „машина за гафови“.
Европа
Медведев: Одлуката за операцијата во Украина беше тешка, но добро осмислена

Одлуката за започнување на руска специјална воена операција за заштита на Донбас беше тешка, но добро осмислена и изнудена, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.
„Не беше лесно да се донесе одлука, но токму затоа беше добро обмислена и избалансирана“, рече тој во говорот на Меѓународниот правен форум во Санкт Петербург.
„Кога се исцрпени сите средства за мирно решение, кога направивме се за да ја решиме ситуацијата со дипломатски методи, поинаку веќе не беше можно“, изјавил Медвдев пишуваат медиумите.
„И тоа директно го илустрира повлекувањето на украинските функционери од претходно објавените намери и нивното признавање дека договорите од Минск се само изговор за добивање време за зајакнување на вооружените сили“, посочил Медведев.
Зборувајќи за заканата од НАТО, Медведев напоменал дека Русија веќе 30 години упорно и трпеливо се обидува да постигне договор за принципите на еднаква и неделива безбедност во Европа, пренесе Тасс.
„Одговорот беа само трикови, измами, притисоци и уцени. Беше бескорисно. Никој не не слушна“, нагласил Медведев.