Свет
„Њујорк тајмс“: ИСИС подготвува нов терористички напад во следните шест месеци
Американските власти тврдат дека нападот врз трговскиот центар „Крокус сити хол“ во Москва во петокот, 22 март, го извршила најнемилосрдната фракција на Исламската држава – Хорасан (ИСИС-К) и предупредуваат дека има способност и волја да ги нападнат американските и западните интереси во следните шест месеци, пишува „Њујорк тајмс“.
Весникот наведува дека шефот на Централната команда на американската војска, Мајкл Курила, на 21 март го предупредил комитетот на долниот дом на Конгресот дека ИСИС-К „има способност и волја да ги нападне интересите на САД и на Западот во следните шест месеци, речиси без предупредување“.
Брус Хофман, истражувач на тероризмот во Советот за меѓународни односи, ги отфрли тврдењата на Русија дека Украина стои зад терористичкиот напад во Москва и посочи дека тоа е „класичен начин на работа на ИСИС“.
Ова е нивни трет напад на концерт на северната хемисфера во изминатата деценија, вели Хофман и потсетува на нападот во Париз во 2015 година на театарот „Батаклан“ и на бомбашкиот напад во Манчестер во 2017 година на концертот на пејачката Аријана Гранде.
„ИСИС ја гаѓаше Русија во последните две години и често го критикува претседателот Владимир Путин“, рече експертот за антитероризам, Колин Кларк, додавајќи дека групата „го обвинува Кремљ дека има муслиманска крв на рацете мислејќи на интервенциите на Москва во Авганистан, Чеченија и Сирија“.
Тој додаде дека голем број членови на ИСИС се од Централна Азија и дека живеат и работат во Русија.
„Заканата од ИСИС останува главна грижа во борбата против тероризмот“, рече директорот на Националното разузнавање, Аврил Хејнс, и посочи дека најголемиот број глобални напади на ИСИС ги извршила групата ИСИС-К.
Групата ИСИС-К стана позната откако талибанците дојдоа на власт во Авганистан во 2021 година кога нејзин член, бомбаш самоубиец, уби 13 американски војници и 170 цивили.
Иако многу од нападите на групата беа успешно извршени во близина на границата со Пакистан, повеќето од нивните планови во Европа беа спречени со помош на западните разузнавачки служби.
Во јули 2023 година Холандија и Германија во заедничка операција уапсија седум Таџикистанци, Турци и Киргистанци поврзани со мрежата ИСИС-К, осомничени за планирање напади во Германија, според „Њујорк тајмс“.
„Досега ИСИС-К првенствено се потпираше на неискусни оперативци во Европа за да извршуваат напади во нејзино име“, рече директорката на Националниот центар за борба против тероризмот, Кристин Абизед.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте по разговорите со Трамп: Безбедноста на Арктикот во фокусот
Главниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави во четвртокот дека за време на неговата средба со Доналд Трамп во Давос воопшто не било спомнато американско сопствеништво над Гренланд и дека новата позиција на американскиот претседател не ја смета за пресврт, пренесе Си-Ен-Ен. „Не разговаравме за тоа“, рече Руте во интервју за Скај њуз во четвртокот. „Синоќа не беше спомнато.“
„Она што можам да го кажам е дека разговаравме за неговата идеја, неговата визија“, рече Руте, појаснувајќи дека тој и Трамп се фокусирале на тоа како НАТО може „да го спаси Арктикот од Русите и Кинезите“.
По средбата со Руте во средата, Трамп на социјалната мрежа Трут соушл објави дека се откажува од претходната закана за воведување царини за европските земји поради наводното попречување на американското преземање на Гренланд.
На прашањето на Скај њуз дали вознемиреноста предизвикана од коментарите на Трамп за Гренланд претставувала пречка за сојузниците во НАТО, Руте не се согласи и дури му припиша заслуги на Трамп за „спасувањето на НАТО“.
„Мислам дека е во право што ја покрена оваа расправа“, рече Руте. „Како можеме да го заштитиме Арктикот? Како можеме да обезбедиме Арктикот да биде безбеден? И би рекол дека, откако го спаси НАТО, тој сега е тој што ги предводи напорите за да се осигураме дека колективно ќе го спасиме арктичкиот регион.“
Свет
Шпанскиот министер повика на создавање единствена европска армија
Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, изјави дека Европа треба да има своја армија.
„Мислам дека е време Европа да ја земе својата судбина и својот суверенитет во свои раце“, изјави Албарес на маргините на Светскиот економски форум.
Тој објасни дека ова значи отстранување на сите бариери за единствениот пазар и обезбедување сигурни трговски партнери во време на сè почести дискусии за царините. Тој додаде дека Европа мора да има и своја одбрана – да ја земе безбедноста во свои раце, да ги поврзе одбранбените индустрии и да се движи кон создавање европска армија.
Свет
Спречен напад врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц
Германската полиција спречила напад на еколошки активисти врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц во еден хангар во градот Арнсберг, соопшти државното обвинителство.
Според соопштението, „полицијата во ноќта од среда кон четврток спречила три лица во обид да го оштетат приватниот спортски авион на претседателот на германската влада“.
Во соопштението на групата која ја презела одговорноста за обидот за напад се наведува дека три лица, на возраст од 23, 28 и 56 години, неовластено влегле во просторот на аеродромот Арнсберг-Менден, но полицијата спречила оштетување на авионот кој се наоѓал во еден од хангарите.
Меѓу приведените активисти е и познатата германска климатска активистка Ања Виндл. По акцијата, со соопштение се огласи и групата „Отпор колектив“, која ја презеде одговорноста за обидот за напад.
„Ние се обидовме, во рамки на протест, да го оневозможиме приватниот авион на канцеларот Фридрих Мерц. Додека климатската криза ескалира, германскиот канцелар се движи наоколу со приватен авион“, стои во соопштението на групата.

