Контакт

Свет

Ќерката на Трамп би можела да стане претседателка на Светската банка

Објавено пред

Иванка Трамп, која е ќерка на американскиот претседател, Доналд Трамп, е една од кандидатите за претседателската фотелја во Светската банка. Како што пишува „Бизнис Инсајдер“, таа би можела да дојде на оваа позиција, по оставката на досегашниот претседател, Џим Јонг Ким.

Како други канидати за водење на Светската банка се споменуваат секретарот на Министерството за финансии на САД, Дејвид Малапс, директорот на УСАСИД, Марк Грин и поранешната амбасадорка на САД во ОН, Ники Хејли.

На 1 февруари актуелниот претседател на Светска банка си заминува од функцијата, а времен шеф е Кристалина Георгиева. Изборот на нов претседател ќе се случи на средината од април.

Регион

Ципрас до граѓаните: Дознајте ја вистината за преспанскиот договор

Објавено пред

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас објави видео порака до граѓаните, во која истакнува дека дошло време да се изнесат фактите за преспанскиот договор со Македонија и да се дознае вистината.

„Со преспанскиот договор ја штитиме нашата Македонија. Го надминуваме стравот и го отвораме патот кон мирот и економскиот раст“, вели Ципрас во видео обраќање насловено „Вистината за преспанскиот договор“.

Овој договор, нагласува Ципрас, е камен темелник за балканското регионално пријателство, соработка и братството на народите, пренесе грчката новинска агенција „АНА“.

„Нашите соседи го разликуваат својот идентитет, признаваат дека нивниот јазик е словенски и дека нивната култура на ниту еден начин не е поврзана со древното грчко наследство. Преку преспанскиот договор го признаваме државјанството, а не етничката група. Нема да има иредентистички алузии во нивните учебници. Тие ги менуваат имињата на спомениците, инфстраструктурата и јавниот простор“, рече Ципрас.

Видео пораката вклучува и инсерти од потпишувањето на договорот помеѓу Грција и Македонија. Договорот предвидува преименување на нашата земја во Република Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

Регион

Обвинение против Британец и грчки војник за шпионажа во Грција

Објавено пред

Грчките власти поведоа обвинение за шпионажа против британски државјанин кој работи во хуманитарна организација за давање помош на бегалците и против грчки војник, кои беа уапсени во неделата во воено подрачје на границата со Турција.

Полицијата првично побара двајцата мажи на возраст од 25 и 29 години да се соочат со полесни обвинувања за влез во ограничено воено подрачје без дозвола, потсетува АП.

Меѓутоа, обвинителот во североисточниот град Орестијада ги обвини денеска за шпионажа бидејќи кај уапсените биле пронајдени фотографии на воени објекти во пограничното подрачје кај реката Марица.

Војникот служел во пограничната област и не бил на должност за време на апсењето.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Помпео и Чавушоглу разговараа за повлекувањето на САД од Сирија

Објавено пред

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, и турскиот министер за надворешни работи, Мевљут Чавушоглу, разговараа телефонски за повлекувањето на американските војници од Сирија и за билатералните прашања, јави „Ројтерс“ повикувајќи се на неименуван извор од турското Министерство за надворешни работи.

Минатиот месец американскиот претседател, Доналд Трамп, најави дека САД ќе ги повлечат трупите од Сирија.

„Ројтерс“ наведува дека Турција и САД, кои се членки на НАТО, се во контакт за планот за повлекувањето.

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, претходно, денеска, му кажал на Трамп дека Турција е подготвена веднаш да ја преземе контролата над северниот сириски град Манбиџ.

Судбината на сирискиот град кој е под контрола на сириските курдски борци, кои ја имаат поддршката од САД, а кои Турција ги смета за терористи, беше извор на тензиите помеѓу Анкара и Вашингтон.

Турција инсистира на повлекување на сириската курдска милиција, која го ослободи Манбиџ од Исламската држава во 2016 година.

Ердоган, исто така, го нарече провокација минатонеделниот напад на Манбиџ во кој загинаа четворица Американци, потенцирајќи дека нападот имал за цел да влијае врз одлуката на САД да се повлечат од Сирија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија38 минути

Трајковски: Дисциплинската постапка против мене е атака врз правата на пациентите

Царинскиот службеник Александар Трајковски, кој зеде боледување за да замине во Будимпешта, каде што беше фотографиран заедно со експремиерот Никола Груевски,...

Македонија1 час

Пронајдена шок-бомба во вреќа со отпад во Скопје

Шок-бомба во исфрлена вреќа со отпад пронашле екипите на ЈП „Комунална хигиена“ на улицата Македонска преродба во скопската општина Ѓорче Петров....

Македонија3 часа

„Фајненшл тајмс“: Преспанскиот договор е достигнување за прослава на Балканот

Договорот за решавањето на 27-годишниот спор помеѓу Грција и Македонија, што неделава влезе во процедура за ратификација во грчкиот парламент,...

Македонија4 часа

Калајџиев и Цаца Николовска избрани да вршат надзор врз прислушувањето

Комисијата за избори и именувања одлучи да се објави оглас за избор на тројца членови за граѓанскиот совет за надзор...

Македонија5 часа

Уништена големата авионска бомба што беше пронајдена во центарот на Скопје

Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека успешно е уништена авионската бомба од Втората светска војна, која пред неколку дена...

Македонија5 часа

(Видео) Мицкоски: Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањето

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку видеообраќање побара од Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањето. Тој оцени дека состојбата...

Македонија6 часа

Наумовски: Парите за повисока плата се планирани во случај да се промени законот

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, тврди дека засега нема да зема повисока плата и ќе чека законски измени...

Македонија6 часа

МВР за 50 илјади евра ќе се консултира за набавка на услуги за изработка на биометриски документи

Со проценета вредност, без ДДВ, од 3.000.000 денари, или приближно 50 илјади евра, МВР објави тендер за консултантски услуги за изготвување проектна...

Македонија8 часа

(Видео)„О2 иницијатива“: Оставки, доста ни е од пиар-мерки против загадувањето

„Ова што го прави власта не е борба против загадувањето. Ова се пиар-мерки за намалување на бесот кај граѓаните и...

Македонија8 часа

Директорот на Шутка: Постои можност Ченто да го внел мобилниот телефон преку чуварите

Директорот на КПД „Скопје“ во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, не ја исклучува можноста вработените во затворот да се замешани во...

Економија9 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Цените на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се зголемуваат за 2,5, односно 3,5 денари, соопшти Регулаторната комисија за...

Бегството на Груевски9 часа

(Видео) Груевски повторно „уловен“, овој пат на шопинг во Будимпешта

Експремиерот Никола Груевски вчеравечер бил на шопинг во трговски центар во Будимпешта. Како што објавуваат унгарските портали, во времето кога...

Бегството на Груевски10 часа

(Видео) Телохранителите на Груевски сослушани за неговото бегство, роднините нема да се сослушуваат

Роднините на Груевски нема да бидат повикани да дадат исказ пред Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за неговото...

Вести10 часа

(Видео) Трамп, Макрон и Меј го откажаа учеството на економскиот форум во Давос

Подготовките за Светскиот економски форум во Давос, кој ќе почне на 22 јануари и ќе трае до петок, 25 јануари,...

Гордана Јанкулоска, судење, Титаник Гордана Јанкулоска, судење, Титаник
Македонија10 часа

Апелациските судии в понеделник ќе одлучуваат за затворската казна на Јанкулоска

В понеделник, на 28 јануари, во 9:30 минути, во Апелацискиот суд во Скопје треба да се одржи рочиштето за пресудата...

Свет11 час

(Видео) Израел објави видео од ракетните напади врз Сирија

Израелската војска објави видео на кое се забележани воздушните напади врз Сирија. Цел на нападите биле иранските сили. During our...

Македонија12 часа

Груевски ја повлече тужбата за клевета за Заев со која првично бараше половина милион евра

Утре нема да се одржи судско рочиште за тужбата за клевета и навреда од бегалецот Никола Груевски против премиерот Зоран...

Регион13 часа

Повредени новинари на протестите во Атина: Нападот беше испланиран

Грчката државна телевизија ЕРТ соопшти дека непознати лица за време на вчерашните протеsти во Атина ја нападнале нејзината екипа, а...

Свет13 часа

(Видео) Супер волшебна месечина: Ретко целосно затемнување на небото во северната хемисфера

Илјадници луѓе на северната хемисфера се бореа со ниските температури за да го видат целосното затемнување на Месечината, феномен познат...

Свет13 часа

Поради снежна бура во САД откажани 5 000 летови

Поради снежната бура и последиците од естремно ниските температури што ги зафатија сојузните држави во централните и северноисточните делови на...

Досие