Контакт

Европа

Ќе направиме така како што сакаат луѓето, вели Јункер во врска со сметањето на времето

Објавено пред

Првиот човек на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во германскиот печат се осврна кон резултатите од анкетата на која Европејците се изјаснија дека се против зимското сметање на времето. Во интервјуто тој рече дека е убеден оти Европската Унија ќе се префрли на летно сметање на времето во текот на целата година.

„Така ќе биде“, уверено порачал Јункер и додал дека предлогот ќе го достави до Комисијата по што на потег ќе бидат земјите членки на ЕУ и Европскиот парламент.

Јункер рече дека нема смисла да се прашуваат луѓето што сакаат и што мислат по одредено прашање, а потоа да се игнорира нивната позиција.

Неделава беа објавени прелиминарните резултати од интернет-анкетата на Европската комисија, на која Европејците се изјаснуваа за тоа дали сакаат да го укинат поместувањето на стрелките на часовникот напролет и наесен.

На анкетата учествуваа рекордни 4,6 милиони луѓе, а над 80 проценти од нив гласаа за укинување на менувањето на времето.

Повеќе од 80 проценти од Европејците што гласале на анкетата се изјасниле во текот на целата година часовниците да работат по теркот на летното сметање на времето, односно два часа понапред во однос на Гринич.

Портпаролот на Комисијата, по објавувањето на првичните резултати, рече дека на неговите колеги ќе им треба време да ги анализираат резултатите и подоцна да излезат со конечен став во јавноста, што веќе го направи Жан-Клод Јункер, претседателот на Европската комисија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Катедралата Нотр Дам забрзано се прекрива поради опасност од дожд 

Објавено пред

Архитектите кои веќе работат на реновирањето на париската катедралата Нотр Дам имаат нов проблем бидејќи најавениот дожд може дополнително да ја оштети, па црквата забрзано ја прекриваат, објави Би-би-си.

Итно поставување на помошни церади е еден од најголемите приоритети.

Имено, сводот на катедралата, кој делумно се урна за време на пожарот што го погоди Нотр Дам минатиот понеделник, веќе е натопен со вода.

Покрај тоа, постојат три големи дупки во сводот.

Едната од нив беше создадена кога се урна камбанаријата.

Архитекти се плашат дека силниот дожд може да предизвика понатамошно уривање на црквата.

Веќе се планира да се распне специјален функционален „чадор” на покривот на црквата, така што реконструкцијата ќе се одвива без големи проблеми.

Но, овој чадор сè уште не е подготвен, а заканата од врнежи е премногу сериозна за да се чека на нејзиното распнување.

Дождот се предвидува да падне во Париз в четврток.

Прикажи повеќе...

Европа

Компании за преработка на храна во Данска добија писма со опасна содржина

Објавено пред

Данските полицајци испитуваат многубројни писма кои содржат неидентификувана прашина и закани, а кои се испратени од Белгија до неколку прехранбени компании во Данска.

Уфе Стормли од данската национална полиција изјави дека писмата содржат опасна супстанција, објави АП.

Сепак, тој одби да открие детали бидејќи истрагата е во тек.

Данските медиуми објавија дека во писмата е баран откуп од 30.000 евра или во спротивно ќе бидат заразени производите на тие компании.

„Даниш краун“, кој се смета себеси за најголема европска компанија за преработка на месо, потврди дека добил такви писма.

Во соопштението се наведува дека слични писма биле испратени на адреси на неколку компании за преработка на храна во Европа.

Компанијата „Даниш краун“, сепак, изјави дека ниту вработените ниту потрошувачите не се во опасност.

Прикажи повеќе...

Европа

Го исмејувал Путин на интернет, па добил казна во согласност со новиот закон

Објавено пред

Руското судство ја донесе првата пресуда според новиот закон со кој се казнува навреда, односно еклатантно непочитување на власта и државните симболи.

Јуриј Картижев во две објави на руската социјална мрежа VKontakte го нарекол рускиот претседател Владимир Путин неверојатен ш***к.

Како што јавува „Москва тајмс“, судот во градот Чудовo во регионот Новгород, околу 570 километри од Москва, во вторникот го прогласил Картижев за виновен за ова „злосторство“ и го осудил со глоба од 30 илјади рубли или 470 долари.

„Содржината на објавите го навредува човечкото достоинство и општествениот морал и изразува јасно непочитување кон општеството, државните и владините органи на Руската Федерација“, стои во пресудата.

Картижев спорните објави наводно ги напишал на 31 март, два дена по стапувањето во сила на контроверзниот закон.

Критичарите тврдат дека законот, според кој за првиот прекршок се предвидува глоба, а за повторување до 15 дена затвор, ја задушува слободата на говор. Картижев самиот ја објави веста за својата пресуда на својот јутјуб-канал. Во видеото што го објави може да чуе како судијата, кого тајно го снимил, ја чита пресудата.

Многу руски корисници на „Твитер“ реагираа веднаш по објавувањето на пресудата изразувајќи иронична благодарност кон Путин.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија40 минути

Финансиската полиција денес добила пријава за контрола на работењето во ИВЗ

Управата за финансиска полиција денес добила пријава со барање за финансиска контрола во Исламската верска заедница(ИВЗ). Од Управата демантираат дека...

Македонија46 минути

Бузаку: Објектот на ИВЗ е под окупација

Самопрогласенот поглавар на Исламската верска заедница, Скендер Бузаку, кој е назначен на оваа функција со решение од судот, во изјава...

Македонија1 час

ИВЗ: Невозможно е Реџепи да се сретне со Бузаку

Портпаролот на Исламската верска заедница, Агрон Војника, запрашан дали ќе се бара компромисно решение меѓу Сулејман Реџепи и Скендер Бузаку по...

Македонија3 часа

Комисијата за односи со верските заедници демантира вмешаност во превирањата во ИВЗ

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи демантира каква било вмешаност во настаните во Исламската верска заедница. Од...

Свет3 часа

(Видео) Ким Џонг-ун со блиндиран воз пристигна во Русија

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун со блиндиран воз пристигна во Русија, каде што утре во Владивосток ќе се сретне со рускиот...

Македонија17 часа

(Видео) ИВЗ: Судот не одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар на МПЦ

Судот не е тој што одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар...

Свет22 часа

(Видео) Камерите снимија терорист кој влегува во црквата непосредно пред масакрот

Медиумите на Шри Ланка објавија снимка од надзорните камери снимена непосредно пред еден од нападите. Како што известува „Гардијан“, се...

Македонија23 часа

Северна Македонија или Македонија? Караџовски и Адеми расправаa како да ја пишува државата на извештајот

Членовите на Судскиот совет го изгласаа годишниот извештај за работата за 2018 година, но претходно претседателот Зоран Караџовски и членот...

Топ24 часа

Мицкоски: Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти

По најавите на премиерот Зоран Заев дека власта ја примила пораката од граѓаните и дека ќе следуваат кадровски промени, лидерот...

Топ24 часа

Поднесено обвинение против родителите чии деца загинаа во пожар во Велес

Против мајката и таткото, чии деца во јуни минатата година загинаа во пожар во куќа во Велес, е поднесено обвинение...

Македонија1 ден

(Видео) Таткото на Саздовски: Родителите да кажат каде е третиот осомничен, кој е во бегство

Ни една мајка не треба да го закопа својот син, казната е толкава колку што е предвидено во законот. Не...

Македонија1 ден

(Видео) По 19 години затвор за убијците на Никола Саздовски

Кривичниот суд во Скопје им одреди по 19 години затвор на Бесим Беља и Скендер Демири, кои на 29 јуни...

Свет1 ден

Евакуирана Сиднејската опера поради истекување гас

Стотици луѓе се евакуирани денес од Сиднејската опера и околината поради истекување гас, а раководството на куќата објави дека настапите...

Регион1 ден

Убиецот на бугарската телевизиска новинарка осуден на 30 години затвор

Бугарскиот суд го осуди Северин Красимиров на 30 години затвор за силување и убиство на телевизиската новинарка Викторија Маринова. Телото...

Свет1 ден

(Видео) Базен на врвот на висококатница се излеа за време на земјотресот во Манила

Филипините вчера ги погоди силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтер поради што се тресеа многу згради, а...

Свет1 ден

Најмалку 11 жртви и 24 исчезнати во земјотресот во Филипини

Најмалку 11 лица загинаа, 24 исчезнати, а повеќе од 80 се повредени во земјотрес со јачина од 6,1 степен, кој...

Топ2 дена

(Видео) Дац му подари метла на Заев, премиерот возврати – чистка ќе има

Актерот Драган Спасов Дац на вечерашната трибина на СДСМ во Карпош му подари метла на премиерот Зоран Заев, порачувајќи му...

Европа2 дена

Курц ја осуди песната во која мигранти се споредуваат со стаорци

Aвстрискиот канцелар, Себастијан Курц, побара од помалиот партнер во владејачката коалиција, десничарската Партија на слободата на Австрија, да се дистанцира...

Избори 20192 дена

(Видео) Поништено гласањето на избирачко место во Ѓорче Петров, имало вишок гласачки ливчиња во кутијата

Три гласачки ливчиња повеќе во кутијата од бројот на гласачи нотира Државната изборна комисија во едно избирачко место во општина...

Свет2 дена

Кои се жртвите во Шри Ланка: Деца, познати готвачи, келнери, политичари…

Во терористичките напади во Шри Ланка загинаа најмалку 290 луѓе, а повеќе од 500 се повредени. Меѓу нив, повеќето луѓе...

Досие