Свет
Џаред Кушнер номиниран за Нобеловата награда за мир

Џаред Кушнер, советник и зет на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, и неговиот заменик Ави Берковиќ се номинирани за Нобеловата награда за мир за учеството во преговорите за нормализирање на односите меѓу Израел и арапските земји.
Контроверзните разговори, чии детали беа објавени во средината на август и средината на декември, беа поздравени од некои политичари блиски до тогашниот претседател, а некои дури ги нарекоа историски чекор во блискоисточната дипломатија.
Од друга страна, Палестинците, но и мнозинството од арапскиот свет, ги отфрлија овие преговори нарекувајќи ги катастрофални и предавнички за Палестинците. Многу од нив на овие преговори одговорија со протести во окупираните делови на Палестина, но и во некои земји од арапскиот свет.
Американскиот адвокат Алан Дершовиц, близок соработник на Трамп, кој го номинира дуото, на својот профил на „Твитер“ објави дека тој како професор по право на „Харвард“ има право да номинира луѓе за наградата.
Should I nominate Trump for the Nobel Peace Prize because of his involvement in the Abraham Accords? I can nominate because I’m a professor emeritus at Harvard. What do you think I should do? Call 24/7 216-710-0050. Pls subscribe to the Dershow.https://t.co/CwXmGpriyP
— Alan Dershowitz (@AlanDersh) November 25, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Макрон нема да го стави Париз под карантин за викенд

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе го поштеди регионот на Париз од карантин за време на викенд, со цел што е можно повеќе да ја задржи отворена француската економија, иако бројот на смртни случаи не опаѓа, пренесува „Ројтерс“.
Два извори блиски до Макрон велат дека премиерот Жан Кастекс денес може да воведе заклучување во северната област Па-де-Кале, како што тоа веќе го стори во француската ривиера, но не и во главниот град и околината, додава „Ројтерс“.
„Ако можеме да го избегнеме карантинот за време на викенд во Париз, ќе го сториме тоа. Секој викенд што го добиваме е важен”, им рече Макрон на министрите.
Регион
Во Хрватска 667 новозаразени со коронавирус, 9 починати

Националниот штаб за цивилна заштита ги објави денешните податоци за новозаразени лица во Хрватска.
Во последните 24 часа евидентирани се 667 нови случаи на вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи во Хрватска денес е 3.558. Меѓу нив, 740 пациенти се во болница, од кои 69 се на апарати за дишење. Починале 9 лица.
Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, до денес се забележани вкупно 244.872 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 5,564 починале, 235.750 закрепнале, од кои 422 во последните 24 часа. Во моментов има 14.456 лица во самоизолација.
До денес се тестирани вкупно 1.368.448 лица, од кои 6.965 во последните 24 часа.
Регион
Нов земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погоди Грција

Нов послаб земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала денес го потресе подрачјето на Еласона во грчката област Тесалија, јавува АНА.
Агенцијата наведува дека нов земјотрес е регистриран денес во 11,36 часот, со епицентар на 13 километри југозападно од Еласона и 245 километри северозападно од Атина.
Земјотресот е дел од оној со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала што вчера ја погоди централна Грција, при што беа повредени 11 лица и беа оштетени стотици згради.
Неколку помали земјотреси беа почувствувани синоќа, а најсилниот беше со јачина од 5,2 степени.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер